Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина - Канал 5

Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина

За околу три евра поевтино ќе биде патувањето со автомобил меѓу Солун и Атина со намалувањето на цените на пет патарини во централна Грција, што вчера го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Се намалуваат цените на пет патарини на автопатот Солун – Атина

Намалувањето на цените за 17 отсто за лесните возила и пет проценти за тешките, што ќе трае 15 месеци, ќе стапи во сила на 1 октомври, а ќе важи до крајот на 2025 година, е резултат на искористување на 15,8 милиони евра, што произлегле од рефинансирањето на договорот за концесија на конкретниот дел на автопатот.

Поконкретно за автомобилите, по промената на цените, за петте патарини до крајот на годинава, граѓаните ќе плаќаат 13,7 евра, наспроти 16,5 колку што е сега, а во 2025 година, цените ќе бидат за три евра пониски, односно од 17,4 на 14,4 евра.

Петте патарини се во централниот дел на Грција, во близина на градовите Катерини, Лариса, Волос и Ламија.

Грчкиот премиер објасни дека со намалувањето на каматните стапки од рефинансирањето на договорот за концесија на делот од автопатот, државата е со придобивка од нешто помалку од 16 милиони евра, по што решиле, конкретните средства, наместо да бидат вклучени во државниот буџет како вонреден приход, „да ги вратат на локалното население“.

- Сметаме дека е фер да можеме да ги вратиме парите во локалната заедница, но не само тоа, ова значи дека секој што ќе патува од Атина во Солун преку автопатот ќе ја има оваа придобивка. Нагласувам дека ова е од 1 октомври до 31 декември 2025 година, што во суштина го покрива периодот кога сметаме дека сè уште ќе има притисоци во однос на инфлацијата, дури и да се намалува, рече Мицотакис. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Се потврди сè што СДСМ предупредуваше во изминатите месеци – пари во буџетот нема, касата е празна, а Владата повторно посегнува по нови долгови.

СДСМ: Задолжување како никогаш досега - Мицкоски ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Владата на Мицкоски усвои ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

Задолжување како никогаш досега. Со ова, за само две години, власта ја задолжува државата со околу 4 милијарди евра нов долг.

Тоа е огромно задолжување кое ќе го плаќаат граѓаните, нивните деца и идните генерации.

Со ова, 2026 година ќе заврши со околу 12 милијарди евра долг, односно над 65% од БДП.

Наместо кај граѓаните парите завршуваат во криминални тендери.

Минималните трошоци за едно четиричлено семејство за две години пораснаа за околу 9.000 денари, а минималната плата само за околу 3.500 денари.

Работниците со минимална плата реално живеат полошо а Мицкоски одбива минималната плата да се зголеми на 600 евра.

Буџетот денес е околу 7 милијарди евра.

Од повеќе пари народот не добива ништо.

Нема пари за повисоки плати, нема пари за повисоки пензии, дури и парите од вториот столб сакаат да им ги украдат на пензионерите.

Нема мерки за помош на граѓаните. Нема мерки кои ќе го запрат растот на цените.

Ништо нема за народот, само нови долгови.

Во последниот ребаланс на Буџетот не е предвидено ова ново задолжување од 1,3 милијарди евра.

Кочоска како извршител на Мицкоски треба да знае дека за незаконско постапување спротивно на Законот за Буџет следува и кривична одговорност и затворска казна.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Крапош: Подобрување на условите во предучилишните установи

 Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание.

Општина Крапош: Подобрување на условите во предучилишните установи

Претставници на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита од Општина Карпош, присуствуваа на средба посветена на актуелниот Јавен повик до македонските општини и општините во градот Скопје, за добивање грант за проширување на капацитетите на установите за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. На работниот состанок присуствуваше министерот за социјална политика , демографија и млади Ѓоко Велковски, претставници од министерството, ЗЕЛС, градоначалници и претставници од општините, а беше разговарано за реновирање/адаптација и опремување на неискористени училишни/општински простории и нивно пренаменување во групи во други просторни услови.

На состанокот беше ставен акцент на две главни теми и тоа јавниот повик со фокус на руралните средини и втората тема се однесуваше на отворање на младински канцеларии во рамки на општините. Покрај различните теми за кои се дискутираше, стана збор и за недостатокот од соодветен персонал во градинките и давање на согласности за вработување заради соодветна кадровска екипираност на тимовите.

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со локалната самоуправа, ќе продолжи да работи за унапредување на предучилишното воспитание и создавање подобри услови за децата и нивните семејства.

ОПШТИНА КАРПОШ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аргентинската фудбалска асоцијација организира специјален викенд за Меси

Аргентинската фудбалска асоцијација со посебна чест кон нивниот лидер Лионел Меси.

Аргентинската фудбалска асоцијација организира специјален викенд за Меси

Асоцијацијата со сценарио за сите натпревари што ќе се играат овој викенд во Аргентина.

Сите натпревари ќе бидат прекинати во десеттата минута и сите актери на теренот и публиката ќе можат со овации да изразат благодарност за придонесот на Меси во националниот тим. Асоцијацијата веќе испратила писмо до сите клубови со кое тие добиле инструкции за најавениот потег, а паузата која ќе трае една минута и треба да биде одбележана и на натпреварите во футсал и фудбал на плажа. Предвидената минута за правење пауза е поврзана со бројот на дресот кој го носеше Меси, а тој се повлече од националниот тим како рекордер според бројот на настапи и бројот на постигнати голови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер