ЗдравјеСе намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19Минатата недела регистрирани сe 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5% во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движел од 13,1% до 24,2%, просечно 18,6%.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 21 до 27 февруари тестирани се вкупно 19.217 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,9% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.975; 53,3%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 394,1/100.000, Скопје – 311,4/100.000 и Гевгелија – 285,3/100.000. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60г (n=951, 25,7%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=194; 5,2%). Во однос на претходната недела, се бележи намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, а најмногу од 43,6% во возрасната група од 10-19 години и 43,5% кај лицата на возраст од 50-59 години. Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени" се стекнале 6.094 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 543 реинфекции,од кои една е втора реинфекција, со намалување за 37,2% во однос на претходната недела. Пријавени се 68 смртни случаи во 19 градови, за 45,6% помалку во однос на претходната недела. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 337 лица (23,3% помалку во споредба со претходна недела), од нив 255 се на кислородна поддршка (14,1% помалку во споредба со претходна недела), а девет на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (18,2% помалку во споредба со претходна недела). Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849.727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
КултураПечат од камен, стар 35 века и ранохристијанска амајлија се пронајдени во Турција (ФОТО)Археолозите кои го ископуваат туркменскиот локалитет Карахојук во централна Турција открија два ретки артефакти со разлика од речиси два милениума. Едниот е камен печат стар 3.500 години, на кој се врежани хиероглифи на лувискиот јазик, и доцноримска христијанска амајлија што содржи исклучително тенок златен лист за кој се верува дека содржи пасус од Библијата. Откритијата даваат впечатливи докази за долгата историја на населбата, и додека лувискиот печат укажува на организиран административен центар што постоел во доцното бронзено време, амајлијата нуди многу поличен увид во христијанските верувања, кои се користеле за заштита на дете кое живеело на истото место во текот на четвртиот или петтиот век од н.е., објавува „Турки Тудеј“. Христијанската амајлија е откриена во мал бакарен сад, а археолозите пронајдоа златен лист на неа кој бил дебел само околу 0,1 милиметар. Иако натписот сè уште не е целосно дешифриран, тимот за ископување верува дека текстот веројатно е земен од Библијата и дека амајлијата му припаѓала на мало дете, кое требало да го заштити од болест, несреќа или натприродни сили. Предметите беа откриени за време на третата сезона на ископувања на локалитетот во населбата Џумхуриет во Коња. Ископувањето започна по шест години површински истражувања и се спроведува со дозвола од турското Министерство за култура и туризам, а во него учествуваат претставници на турските универзитети и Универзитетот во Чикаго во Соединетите Американски Држави.Тагови: печат камен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКон Крушево тргна 48. Илинденски коњички маршОд црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници.Од црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче попладнево тргнуваат 40-тина коњаници кои на 2 Август треба да пристигнат во Крушево на одбележувањето на големиот празник Илинден... Таму е Елизабета Дамјановска Спасеноска, Бети тргнаа ли коњаниците и кои се нивните пораки пред маршот кон Крушево? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
БалканТуристи фатиле Полјак, кој снимал голи деца на плажа во Хрватска- уапсен е Полицијата во Стон уапси 61-годишен полски државјанин под сомнение дека фотографирал голи деца на плажата Прапратно. Мажот, кој веќе е осуден за истото кривично дело, е уапсен откако капач го дојавил, пишува Полициската управа Дубровник-Неретва, објави Индекс. Тој бил фатен од капачи Инцидентот се случил на 23 јули на плажата Прапратно. Се сомнева дека 61-годишниот Полјак фотографирал голи деца додека си играле на плажа и во морето. Неговото однесување било забележано од граѓаните, кои го задржале додека не пристигнала полицијата. Повратник во притвор По апсењето, полицијата го претресла шаторот во кампот каде што престојувал Полјакот и автомобилот што го користел. Пронајдени се мобилен уред и три USB мемориски стикови, кои се конфискувани и ќе бидат претресени според судска наредба. Истражувањето потврди дека мажот е повратник, кој отслужил затворска казна во 2007 година за истото кривично дело сторено на Раб. Во сабота, на 25 јули, осомничениот беше изведен пред истражен судија, кој му изрече мерка притвор. Апел до родителите Полицијата истакнува дека ваквите случаи ја покажуваат важноста на соработката со граѓаните, чии пријави овозможуваат навремена реакција. Тие исто така апелираа до родителите да ги следат своите деца на плажа, да ги облечат во костими за капење и, доколку видат сомнително лице кое снима деца, веднаш да ја известат полицијата на бројот 192.Тагови: деца Полјак Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter