Се намалува бројот на заболени од грип - Канал 5

Се намалува бројот на заболени од грип

 Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. 

Се намалува бројот на заболени од грип

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во однос на возрасната дистрибуција, 496 лица се на возраст од 15-64 години, 178 се деца од 5-14 години, 74 се над 65 години и 72 се деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца има кај децата на возраст од 5-14 години.

Најмногу заболените се пријавени во Кавадарци – 180 и во Струмица – 134, а во останатите градови бројот на пријавени е помал од 100.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години од Скопје и Велес кои биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми Септември. Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (бубрежни, кардиолошки, дијабет) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza А – несубтипизиран.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 12.741. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1%.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица асоцирани со грип, 5 од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, шест од возрасната група на лица 15-64 години и пет од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, 10 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени остатоци од товарниот авион „Боинг

Пакистанските спасувачи ги пронајдоа остатоците од товарен авион „Боинг“ за време на подводна операција за пребарување во водите на Арапското Море, 12 часа откако авионот исчезна од радарот покрај брегот на Карачи.

Пронајдени остатоци од товарниот авион „Боинг

Во тек се напори за пронаоѓање на петте членови на екипажот кои биле во авионот, соопштија пакистанските власти, пренесува Ројтерс.

Остатоци од товарниот авион „Боинг 737“ на „К2 Ервејс“ беа пронајдени 53 наутички милји (98 километри) јужно од пристаништето Ормара, соопшти пакистанската Управа за цивилно воздухопловство.

„K2 Airways“, операторот на авионот, соопшти дека екипажот се состоел од двајца пилоти, двајца инженери и еден помошен работник. Надлежните сè уште немаат издадено официјално соопштение за нивната состојба, иако пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази „искрено сочувство“ до нивните семејства.

Сервисот за следење летови „Flightradar24“ наведе дека авионот најверојатно се урнал во морето југозападно од Карачи, по серија нагли промени во висината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мундијалското финале како Супербол- Мадона, Шакира, Колдплеј,Џастин Бибер.... на финалето во Њујорк

Пејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и К-поп групата БТС, објавија организаторите на натпреварот.

Мундијалското финале како Супербол- Мадона, Шакира, Колдплеј,Џастин Бибер.... на финалето во Њујорк

Финалниот натпревар на Светското првенство во Њујорк ќе се одигра на 19 јули. За првпат, за време на полувремето од финалето на Светското првенство ќе се одржи музички настап („half-time show“); тој ќе трае 11 минути, а водител и креатор на програмата е Крис Мартин од групата „Колдплеј“ (Coldplay).

Се наведува дека се очекува Бурна Бој да настапи заедно со Шакира и дека тие двајца заедно ќе ја изведат една од химните на овогодишното Светско првенство – песната „Dai Dai“.

Својот настап го потврди и канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер .

„Светското првенство го поврзува светот на начин на кој ништо друго не може. Благодарен сум што сум дел од овој настан, а уште повеќе сум задоволен што помага да се прошири пристапот до образование за децата ширум светот“, коментираше Бибер во врска со неговото учество.

Покрај споменатите, на шоуто на полувреме ќе настапат нигерискиот пејач Бурна Бој, венецуелскиот диригент Густаво Дудамел, бендот Колдплеј и хор од основно училиште во Њујорк, според фондот за Глобално граѓанско образование.

Глобално граѓанско образование, во партнерство со ФИФА, е одговорно за шоуто на полувреме, а собраните средства ќе бидат донирани за образование на децата ширум светот.

Настанот ќе го води Крис Мартин од Колдплеј, а ќе настапат и познати ликови од *Шоуто на Мапетите* и *Улицата Сезам*. Финалето ќе се одржи на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њујорк.

Шоуто на полувремето ќе потсетува на годишниот Супербоул - шампионатот во американски фудбал на НФЛ - а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе изјави дека претставата ќе биде „навистина најголемата сцена досега, со неколку милијарди гледачи“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура

Со преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион.

ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура

Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови.

Прво се изградија и се пуштија во употреба експресните патишта Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка, кои се многу значајни сообраќајни патни артерии за овие населени места.

Со многу засилено темпо се изведуваат градежните работи на веќе започнатите автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола и на терен е видлив многу голем напредок.

Се решија наследени проблеми на автопатот Кичево-Охрид, како што се и свлечиштата на косините со таканаречените галерии, и интензивно се работи за што поскоро негово целосно завшување.

Се потпиша договор за финансирање, избрани се консултантот и изведувачот и следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце со кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Црна Гора и Албанија.

И во ваквиот градежен бум невиден во поновата историја на Македонија не се заборавени ниту истокот, ниту југоисточниот дел од државата. Започнаа подготовките и за експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш, проекти кои долги години се најавуваа а ниедна власт до сега не ги изгради.

Градежништвото, како нискоградбата така и високо градбата, претставува двигател на економијата и главен драјвер на економскиот развој. Изградбата на модерни и современи патиштата значи побрз развој на економијата, туризмот, побрз и побезбеден проток на патници и стоки.

Додека некои само се сликаа со маици со бројки од Коридорите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со забрзано темпо гради патишта, автопатишта, експресни во сите делови од државата и ја модернизира патната инфраструктура.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер