3Синдикалната кошничка за месец јуни изнесува 68 654 денари, најголема е ставката за трошоците за храна
МакедонијаСе намалува бројот на градежни инженери во МакедонијаСе намалува бројот на градежни инженери во Македонија. Мал е и интересот за градежни студии апелираат од здружението на инжинерите во Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48
МакедонијаЖителите на Дебреше како во средниот век- се снаоѓаат за вода за основните потребиДебреше како во 18ти век, повеќе деценискиот проблем со недостатокот на на вода достигна критична точка.Дебреше како во 18ти век, повеќе деценискиот проблем со недостатокот на на вода достигна критична точка - се жалат жителите на гостиварското село кои вчера револтот го искажаа и на протест пред општината во Гостивар, каде симболично оставија празни кофи со вода. Во еден момент состојбата ескалираше, кога присутните на протестот се обидоа да влезат во општинската зграда, а во турканицата со полицијата и тропањето на вратата беа искршени и стакла. Изминативе три месеци водата е реткост, обично доаѓа неколку часа по полноќ, а сувите чешми се секојдневие, вели жител на Дебреше за Канал 5 - па ниту можат да се разладат на горештините, ниту соодветно да одржуваат хигиена, да се исперат или да измијат садови. Револтот велат расте и под итно бараат решение кое ќе ги врати во 21 век. „Огромни проблеми, околу три месеци вода нема, ќе дојде навечер касно, во два наутро, час – два ќе има, потоа повторно нема. Последните три дена воопшто не е дојдена. Чекаме навечер, не спиеме, чекаме да дојде, а воопшто не иде, чекај, не спиеш, топли вода како пред 50 години да се избањаш, да се измиеш, седиме на горештините, не можеме да пуштиме вода да се изладиме, катастрофа сме, нема друг збор. Водата што е потребна за најосновното, не го можеме да го имаме тоа, немаме такви услови. И реков на директорката од ЈП Водовод - 21 век луѓе на Марс се качуваат, ние 21 век вода да немаме, срамота е.“ Во првите две недели од јули, проблемот ќе биде трајно решен – уверува градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани. Тој за Канал 5 вели дека проектот е веќе изготвен и дека им е презентиран на граѓаните „Проектот е веќе направен за една нова водоводна линија за целиот град, затоа што не е само Дебреше, бидејќи има и градски насебли, повисоки, каде што има недостаток на вода, со која водоводна линија ќе се реши проблемот и на Дебреше, но и на сите овие други делови каде што има недостаток на вода, особено во летниот период. Вчера се случи што се случи, демократско право е, јас верувам дека некаде околу втора недела од јули, не само Дебреше, туку и другите делови кои имаат проблем во тек на летниот период, нема да го имаат.“ Новата линија за водоснабдување ќе доаѓа директно од С. Вруток, а очекувањата на општината се дека ќе ја подобри моменталната состојба за 50 проценти. Лимани воедно апелира на рационално користење на водата, особено во овој период кога градот традиционално се полни со иселениците кои доаѓаат во посети. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Се солидаризираме со жителите на Дебреште, Таравари треба да понесе одговорностОна што се случува со водата за пиење во Дебреште е скандалозно. Тоа ја покажува хаотичната состојба во која е оставена Општина Гостивар. Ова е последица на долгогодишно лошо управување, на општина оставена во неред, со долгови, наталожени проблеми и сериозен недостаток на одговорност. Арбен Таравари со години го раководеше Гостивар и ја остави општината во тешка состојба. Ја задолжи, ја остави со инфраструктурни проблеми затоа што не му беа важни граѓаните, туку сопствената политичка кариера. Затоа се поставува прашањето: зошто Арбен Таравари не излезе да понесе одговорност за состојбата што самиот ја остави зад себе? Зошто го остава актуелниот градоначалник сам да се справува со проблемите, кога има само четири месеци мандат? ВЛЕН се солидаризира со жителите на Дебреште и целосно ги разбира нивната загриженост, револт и животна потреба. Затоа очекува од локалните институции и јавните претпријатија да ги преземат сите неопходни мерки за што побрзо нормализирање на водоснабдувањето. За граѓаните не се важни оправдувањата, туку резултатите. Решавањето на овој проблем мора да биде апсолутен приоритет. За разлика од оние што ја оставија општината во долгови и проблеми, Владата предводена од ВЛЕН го поддржа Гостивар со над 50 проекти, докажувајќи дека на овој град му се потребни решенија, а не бегање од одговорност. И пред повторно да бара гласови, Арбен Таравари им должи одговор на граѓаните на Гостивар: зошто ја остави општината во ваква состојба?, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеНа шестгодишно дете му е направена тешка операција на ‘рбетот на Клиниката во СкопјеТешка операција на деформитет на ‘рбетниот столб и деформитети и градниот кош кај шестгодишно дете е направена на клиниката за Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентниот центар.Операцијата е направена од страна професорот од Турција Уфук Ајдинли и тимот на доктори предоводени од доктор Мераџаноски, директор на ТОАРИЛУЦ. Професорот од Туриција вели дека во неговата четри децении богата хируршка професија ова е трет случај на ваква интервенција. Тој објаснува дека со докторите од Македонија има одлична соработка тие се веќе самостојни тој интервенира за тешки и ретки ортопедски операции. Детето е во добра состојба. „Детето сепак ќе биде во инвалидска количка, но ќе може да ги користи рацете и може да заработи пари за живот. Нема разлика во она што јас го работам, можеби имам поглемо искуство и можеби има некои случаи што не ги виделе досега мојот живот во хирургијата со ‘рбетн столб е 35 до 40 години и сум видел илјадници тешки случаи“, вели проф.-др Уфук Ајдинли ортопед Турција. Одлична е сорабтокат со доктор Ајдинли и е многу значајна за нас учиме и треба да учиме, но среќа е што сите млади ортопеди и трауматолози ги гледаат и овде на нашата клиника овие операции, а за пациентите нема долги патувања и во исто време имаме голема заштеда за фондот, вели првиот човек на ТОАРИЛУЦ Мерџаноски. За него е важно тој и тимот доктори стратешки работат ја намалуваат листата на чекање со пациенти со сколиза и во догледно време веруваат дека ќе се отвори и посебен центар. Докторите со апел до родителите редовно од мала возраст да внимаваат дали рамениот појас е симетричен. Последиците од сколиоза се намалуваат само ако навреме почне со лекување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДо 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00
До 1 јули списокот со кадровските промени во Владата ќе биде испратен до Собранието, денеска разговори со ЗНАМ15:07
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48