Се најавува тет-а-тет средба на Ахмети со лидерите на опозициските партии на Албанците

До крајот на оваа недела Биљал Касами ќе се обиде да одржи средба со лидерите на сите албански партии во земјава, потврдуваат за Канал 5 од Движењето Беса.

Покана ќе испратат до Али Ахмети, Арбен Таравари, Африм Гаши и Мендух Тачи, со цел да изградат заеднички став за промена на формулацијата во уставот каде што албанскиот јазик стои како јазик што го зборуваат 20% од населението. Изјавата на лидерот на ДУИ Ахмети дека ”20те отсто” не ја загрозуваат положбата на Албанците, ја сметаат за скандалозна, а официјално само потврдуваат дека ќе се борат за ваква уставна промена.

Ахмети викендов кажа дека албанскиот јазик ќе биде прецизиран во македонскиот Устав во вистинско време и со тоа нема да се загозат Македонците, без да прецизира дали тој ќе се обиде да ги разубеди другите албански партии да не ги условуваат уставните измени со ова прашање. Од неговата партија засега нема одговор, дали Ахмети ќе прифати средба иницирана од Касами.

-Нема никаков проблем, сме разговарале и со ВМРО и со СДСМ. Во вистински момент, кога ќе имаме 80 пратеници за 2/3 мнозинство, бидејќи тоа е промена на Уставот, овој проблем може да се поправи. Ве уверувам дека 20 отсто не влијае на албанската супстанца во оваа земја и не сум загрижен дека тоа нема да се случи утре. – Али Ахмети – претседател на ДУИ

Во меѓувреме, за планот на Касами позитивно се одзваа единствено од Алијанса за Албанците, од каде повторија дека и тие би биле домаќини на таков состанок. Велат дека в.д. претседателот Таравари е подготвен ден поскоро да седне на маса со другите лидери за да разговараат за оваа тема, која ја поставија како услов при уставните измени за вметнување на Бугарите, и потенцираат дека за нив актуелната формулација за Албанците е навредлива. Од Алтернатива за Канал 5 велат дека координативни средби од ваков тип се свикуваат кога има несогласувања, а во овој случај сите албански партии се обединети и не гледаат никаква потреба од средба.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер