Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип - Канал 5

Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип

Екипи на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИС)-Скопје ја мерат статитката на мостовите на реките Брегалница и Отиња во Штип. 

Се мери статиката на мостовите на Брегалница и Отиња во Штип

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека се прават детални испитувања на конструкциите на мостовите, со цел да се утврди нивната стабилност и носивост.

-На територијата на Штип имаме мостови кои се изградени пред педесет години и е потребно соодветно испитување. Имаме веќе склучено јавна набавка со ИЗИС за испитување на статиката на овие мостови и врз основа на овие испитувања ќе бидат преземени сите основни чекори кои како локална самоуправа имаме одговорност да ги преземеме. Мерењата треба да завршат на крајот на месецов - вели Јорданов.

Тој посочува дека Општината побарала од ИЗИС детални испитувања особено на мостовите на река Брегалница.

-Водостојот на река Брегалница, се менува и сето тоа влијае на статиката на овие мостови. Јас верувам дека по анализите и истражувањата ќе бидат преземени сите мерки. Тоа не значи дека треба да владее паника меѓу населението. Ова го правиме превентивно како една одговорна локална власт, пред се мислам за мостовите на река Брегалница каде има поголема носивост. Доколку се констатира одредени проблеми или опасност, ќе бидат преземени соодветни мерки, односно измена на сообраќаен режим во однос на статиката на мостовите - рече Јорданов.

Тој додава дека по завршување на анализите од страна на ИЗИС, Општината ќе изврши и интервенции на мостовите на реките Брегалница и Отиња, а предвидено е на нив да се постави и ново осветлување, за кое Јорданов вели дека ќе ја зголеми безбедноста за граѓаните и ќе им даде поатрактивен изглед на мостовите. Инаку планинара е изградба на два нови мостови на реката Брегалница, во близина на бањата Кежовица и меѓу населбите Баби и Балканска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Министерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс.

Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар.

Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи.

Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД.

Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата.

Политичка криза во Никарагва

Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата.

Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.

Трамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“

Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск.

„Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници.

Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.

Серафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемите

Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер