Се менуваат учебниците по историја за шесто одделение по препораки на историската комисија - Канал 5

Се менуваат учебниците по историја за шесто одделение по препораки на историската комисија

Договорените препораки на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, ќе направат огромна штета на македонските ученици, сметаат дел од историчарите.

Се менуваат учебниците по историја за шесто одделение по препораки на историската комисија

Во петте препораки за македонските учебници по историја за шесто одделение кои ја обработуваат антиката, се бара поголема застапеност на проблематиката поврзана со Тракија и Тракијците но и дека сугестиите за континуитет меѓу античка Македонија и современата македонска држава содржат историски анахронизам, односно се застарени. Професорката Наташа Котлар забележува и дека не биле земени предвид забелешките на стручната јавност.

-Забележуваме низ текстовите дека многу малку е посветено на македонската историја, и во античкиот и во средновековниот период, а се нудат содржини коишто се карактеристични за друга национална историја, во конкретниот историски момент тоа е бугарската држава. Погрешно воспитани генерации тоа значи загубени генерации. Треба да се воочи врската она што претставува карактеристично за македонската историја во однос на античката историја и средновековната. Ако ги погледнеме сегашните учебници ќе забележиме дека ние ќе учиме некоја регионална историја, или општа историја а најмалку македонската национална историја. – Наташа Котлар – Професор по историја

Освен промените во учебниците по историја за шесто оддление, во јавност има и забелешки околу наставната програма по македонски јазик, односно дека во делот на потеклото на македонскиот јазик, нема да се учи за делото на Св. Кирил и Методиј но и Св. Климент и Наум Охридски. Канал 5 побара став од Министерството за образование околу евентуални промени во програмата за македонски јазик и дали биле изоставени овие историски личности, но одговор досега нема. Професорката Котлар инсистира на голема внимателност и да се спречат вакви тенденции.

-Кирил и Методиј создаваат нешто што е карактеристично за македонската историја и македонското поднебје, а не она што е од бугарското поднебје. Тие имаат големо значење и за создавањето на глаголицата но и за создавање посебна карактеристичност во доменот на средновековието за македонскиот народ. Така што, мислам дека треба многу да се внимава и треба да се оспорат ваквите тенденции да има содржини коишто не се соодветни за македонската историја а се соодветни за некоја друга регионална историја. – Наташа Котлар – Професор по историја

Препораките за учебниците по историја беа објавени пред една година и според протоколот треба да се дел од учебниците за учебната 2024/25 година. Но од надлежното министерство нема информација ниту дали ги добиле вака утврдените препораки од МНР за промена на учебните содржини.

Во мегувреме на универзитетот во Свети Николе веќе има катедра на бугарскиот универзитет Свети Кирил и Методиј од Велико Трново

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата во нов судир за „АЛТА банка“ пред утрешната надзорна расправа

Прво премиерот Мицкоски, па гувернерот Славески, вицегувернерите, минстерката Димитриеска-Кочоска, претставници на државни органи и граѓански организации се меѓу триесетината сведоци кои се повикани на надзорната расправа во Собранието .

Власта и опозицијата во нов судир за „АЛТА банка“ пред утрешната надзорна расправа

Прво премиерот Мицкоски, па гувернерот Славески, вицегувернерите, минстерката Димитриеска-Кочоска, претставници на државни органи и граѓански организации се меѓу триесетината сведоци кои се повикани на надзорната расправа во Собранието за случувањата со Алта банка. Комисијата е закажана за утре во 10 часот, на тема: причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.

Лидерот на СДСМ Филипче, очекува јавноста да ги добие одговорите на сите прашања што се отворија овој период и да се утврдат одговорните за банката. Во врска со најавата од премиерот Мицкоски дека веќе има заинтересиран купувач, пак, Филипче прашува во кое својство премиерот е вклучен во процесот, и кој би купил банка со сомнителен капитал.

- Тој нашол купци за Алта банка. Во кое својство? Што е премиерот Мицкоски? Дилер, посредник, пронаоѓач на потенцијални купувачи на банки кај нас? Потребно е да има најмалку две банки за да се организира аукција. Најдени ли се тие банки или целокупната законска обврска на Народна банка ја презел Христијан Мицкоски? Знае ли тој кои банки се тие. Избрани ли се банките коишто ќе учествуваат на аукцијата? Ако се избрани, зошто не ги знаеме? Ако не се избрани, како тој и во кое својство ги бара и ги најавува, изјави Филипче.

Ваквиот став на Филипче, според според владејачката партија, е очигледна нервоза кај опозицијата затоа што ќе се најде решение за Алта банка, додека во време на СДСМ, како што велат, банките пропаѓале и се затворале.

-Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле реализирани трансакции во вредност од 110 милиони евра, сомнителни пари од Венецуела која тогаш беше под санкции. Дополнително, трансакциите поминувале или стигале до земјите како Русија, Белорусија и Србија. Каде се Филипче и Заев, таму има руски, белоруски и српски влијанија. Затоа кај СДС работи Фројд, мислат дека сите имаат задни намери како што имаа тие, изјави Бране Петрушевски.

Покрај политичката, власта и опозицијата очекуваат и правна одговорност. Од СДСМ повикуваат јавното обвинителство да го прекине молкот за Алта банка и да ја испита одговорноста за нејзиниот влез во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ, пак, бараат одговорност од опозицијата за намерно ширење паника и хистерија во јавноста.

На ваквите повици, од обвинителството одговорија дека постапуваат според докази, а не по барање од политчките партии. Савески кажа дека го следат случајот и доколку има сомнежи за кривично дело, ќе отворат истрага.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Белата куќа ја номинираше Кристи Меккормик -  поранешната републиканска потпретседателка на Комисијата за помош при изборите на САД за нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. 

Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Меккормик не е кариерен дипломат, туку доаѓа од областа на правосудството - до мандатот во Комисијата за избори, работела како виш адвокат за судски постапки поврзани со прекршување на федералните закони за гласање во американското Министерството за правда а била стационирана и во Багдад како американски експерт за избори, надгледувајќи ги националните избори во Ирак.

Меккормик неодамна се најде во фокусот на американските медиуми, откако се појавија наводи оти тврдела дека демократите активно промовираат гласање од страна на „нелегални граѓани“ за да победат на изборите. Меккормик даде оставка од својата функција во јули годинава.

-Значи, работиме на додавање на документарен доказ за државјанство во тој формулар. Има многу отпор од демократската страна. Значи, не знам како ќе го направиме тоа во нашата комисија бидејќи ние сме двопартиска комисија, двајца демократи и двајца републиканци, и ни требаат три наспроти нула гласови за да помине било што,- -Кристи Меккормик, предлог за нов амбасадор на САД во Македонија.

Номинацијата на Кристи Меккормик ќе биде проследена до Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, каде е потребно мнозинство гласови за да биде избрана.

Целокупниот процес вообичаено трае од шест месеци а во некои случаи и повеќе од една година, што значи дека новиот амбасадор на САД би можел да пристине во земјава најрано во втората половина од следната година.

Во моментов, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава е Никол Варнс – дипломат од кариера во Службата за надворешни работи на САД, откако амбасадорката Анџела Агелер замина од својата функција на почетокот на годинава како дел од пошироките дипломатски промени на американската администрација по враќањето на Доналад Трамп во Белата куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба

Градежните активности на Био Пазарот се одвиваат со забрзано темпо, а проектот влегува во својата завршна фаза.

Јанчев: Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба

„Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба!

Градежните активности на Био Пазарот се одвиваат со забрзано темпо, а проектот влегува во својата завршна фаза.

Со реализацијата на овој капитален проект, Кавадарци добива современ, уреден и сертифициран простор наменет за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси, каде што директно ќе ги пласираат своите производи, без посредници, по фер цени и со поголема доверба кај потрошувачите. Инвестираме во здравјето на граѓаните, поддршката на домашните производители и развојот на одржлива локална економија.

[✔] Инвестиција на Општина Кавадарци: 26.500.000 денари + ДДВ.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер