ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
2ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст
АвтомобилизамСе израдувал што ќе стане татко, па дрифтал на улица- полицијата немала милост (ВИДЕО)Полицијата немаше милост за возачот кој реши да дивее по јавен пат.А се започна како безопасна прослава по повод откривањето на полот на бебето. Имено, еден иден родител изгубил контрола и решил да слави на начин кој го прекршува законот и ја загрозува безбедноста на другите луѓе. Иако не пукал во воздух, што можеби е покарактеристично за нашето поднебје, криминалецот, според полицијата, направил многу опасна работа. Тој одлучил да го искористи својот автомобил, Холден Комодор, за да ги запали гумите на улица и да изведе некои акробации. A man sentenced to prison and disqualified from driving for 4 years, for committing a life endangering offence with his car, he has now had his car turned into an opportunity for @QldFES firefighters to hone their life-saving skills. 🔗 https://t.co/BfCuky4Wm6 pic.twitter.com/gmiosgQwVy — Queensland Police (@QldPolice) November 30, 2022 Тешко е да се најде врска меѓу прославата на пристигнувањето на новороденчето и синиот чад кој се издигна во радиус од речиси 100 метри, но полицијата воопшто не се двоумела. Автомобилот на возачот му бил трајно одземен и уништен при противпожарна вежба. „Ако го уништувате патот, ние ќе ви го уништиме автомобилот - толку е едноставно“, објави Марк Рајан, министер за полиција и воспитно-поправни служби и министер за противпожарна служба и служби за итни случаи. И тоа не е сѐ, бидејќи возачот е обвинет за кривично дело опасно по живот и е зад решетки. Нему му е изречена и забрана за возење во траење од четири години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава Концертен декемвриски серијал „ЗИМСКА СИМФОНИЈА“ на Sarah Mace & The Girlzz со Божиќниот оркестар!Крајот на годината е сè пократок, а групните пораки веќе се исполнети со планови за пречек на новата година и можеби малку поинаков декември.Sarah Mace & The Girlzz (вокалниот квартет Ана Петановска, Калина Велковска, Теа Богатинова и Сара Мејс) заедно со Божиќниот оркестар, под палката на Иван Еминовиќ, претставуваат нова ЗИМСКА СИМФОНИЈА за македонската јавност. Годинава, по петти пат, препознатливиот зимски проект, во последниот месец од годината, добива поинаква зимска димензија, со интерактивна сценска приказна и волшебен музички перформанс за сите генерации. Празничниот концертен музички серијал, исполнет со светски и домашни новогодишни хитови, со сигурност ќе го стопли секое срце во публиката. Организаторот „Евентум“, засега го најавува концертот во Скопје, а наскоро ќе сподели повеќе детали за останатите декемвриски концерти низ Македонија. По успешните турнеи во изминатите години, овој состав за првпат најавува концертно доживување во Македонската опера и балет на 20 декември 2026. Билетите за концертот во Скопје се веќе во продажба на E-ticket.mk преку следниов линк - https://e-ticket.mk/events/zimska-simfonija-2026-skopje Годинешниот концертен проект е поддржан од главниот партнер, Пелистерка, кои ја започнаа општествено одговорната кампања за стоп на фемицидот во Македонија. Воедно, Сара Мејс, во екот на актуелните општествени виулици од вести, во претстојните денови најавува одмрзнување на ново музичко изненадување со снежна порака. За што станува збор, останува да дознаеме.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер ПленковиќСредбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави.За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Африм Гаши, во придружба на претседателката на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, и членовите на Групата, Димитар Ковачевски, Каљтрина Беќири и Сали Мурати, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, г. Андреј Пленковиќ. Средбата беше оценета како потврда на блиските и пријателски односи меѓу двете држави, при што беше истакнато дека Република Хрватска претставува значаен партнер со кој се споделуваат заеднички европски вредности и заложби за европската иднина на регионот. Претседателот Гаши информираше дека Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Република Хрватска за стратешка соработка беше разгледан и усвоен од Комисијата за надворешна политика на 10 ноември, а веќе е предвиден на дневниот ред на пленарната седница закажана за 1 декември, кога се очекува негово донесување. Во тој контекст, беше оценето дека Договорот претставува основа за унапредување на билатералните односи и продлабочување на партнерството меѓу двете држави, преку воспоставување конкретни форми на соработка во областите на транспортот, енергетиката, економијата, дигитализацијата, здравството, образованието и безбедноста. Исто така, беше истакнато дека Договорот отвора можности за размена на искуства и знаења, при што особено значење беше дадено на користењето на хрватското искуство во областа на европската интеграција и институционалните реформи, како и на можностите за унапредување на економската соработка. Претседателот Гаши изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Република Хрватска за европската перспектива на Република Северна Македонија. Притоа, беше посочено дека хрватското искуство во спроведувањето на реформите и во процесот на пристапување кон Европската Унија претставува значаен извор на знаење и искуства, од особена важност за натамошниот напредок на државата во европската интеграција. Соговорниците ги поздравија и активностите на двете на амбасади насочени кон унапредување на билатералната соработка и тоа на амбасадата на Република Македонија во Загреб предводена од амабасадорот Драган Ѓурчевски како и на амбасадата на Република Хрватска во Скопје на чело со амбасадорката Нивес Тигањ. Двајцата амбасадори беа во постојана придружба во текот на официјалната посета. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотХакерски напад врз ЦИА и Американската разузнавачка служба, се сомнева на кинеско потеклоЦИА и канцеларијата на Директорот на националното разузнавање на САД биле цел на хакерски напад во кој биле засегнати некласифицирани информации,пренесува Си Ен Ен. Нападот погодил систем што агенциите го користат за анализа на разузнавачки информации од отворени извори.Првичните индикации упатуваат дека нападот можеби потекнува од Кина, но не е утврдено дали е вмешана кинеската влада. Американските власти потврдија дека класифицираните информации и критичните системи не биле засегнати.Засега не е познато кога се случил нападот, ниту дали безбедносниот проблем е целосно решен. Инцидентот не е поврзан со неодамнешниот хакерски напад врз националната база на податоци на ФБИ. Ова се случува во период на низа сајбер-инциденти и технички прекини во американските институции.Минатата недела повеќе денови била во прекин и високо доверливата комуникациска мрежа на националната агенција за безбедност .Тагови: хакери ЦИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook