Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
1Активен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварско
КултураСе изготвува проект за реконструкција на Народен театар ШтипШтипскиот Народен Театар годинава ќе има шест претстави во нивна продукција, што, според актерите, е минимумот којшто еден театар треба да го има.Се изготвува проект за реконструкција на зградата на Народниот Театар Штип. Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков за МИА вели дека во моментов стручни лица работат на овој проект, кој предвидува нова ефикасна фасада, сала за публиката, нови простории за актерите, администрација, како и два апартмани за претстој на режисери или актери од други градови, кои ќе работат на проекти. -Треба да се работи на подобрување на условите во самиот Театар. Јас како директор веќе работам на еден поголем проект, којшто наскоро ќе биде презентиран, следната година ова време треба да имаме нова театарска зграда. Ова е амбициозен проект, којшто мислам дека ќе успееме да го реализираме заеднички. Тука ќе има вклучено многу луѓе и мислам дека ќе имаме еден Театар којшто ќе прилега на градот, вели Трајков. Посочува дека на средбата со министерката за култура во текот на минатата недела добил ветување дека ќе се озбебедат финансиски средства за реализација на проектот. Штипскиот Народен Театар годинава ќе има шест претстави во нивна продукција, што, според актерите, е минимумот којшто еден театар треба да го има. Во вакви услови нивната реализација, секако, е голем предизвик, но велат дека истите не треба да бидат пречка за развивањето на театарската култура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивен е пожарот во с.Грешница во Македонски Брод, под контрола се пожарите во депонијата Делчево и во гостиварскоДо 7 часот и 30 минути денеска на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, два се под контрола, а 20 пожари се изгаснати.Информира утрово Центарот за управување со кризи. Активен е пожарот во местото Стојанова населба во село Грешница во општината Македонски Брод, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево и пожарот во гостиварското село Паталишта, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветДвајца мртви, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач, во пукотница во училиште во ТајландВо пукотница во училиште во Тајланд двајца се убиени, вклучувајќи го и вооружениот напаѓач,, соопштија официјални лица.Еден наставник е убиен, а најмалку четири други лица се повредени од ученик кој отворил оган во училиштето пред да се самоубие, соопштија властите. Полицијата ги потврди жртвите и рече дека осомничениот вооружен напаѓач извршил самоубиство. Меѓу повредените има еден наставник и четворица ученици, рече тој.инцидентот се случил северно од бангкок. Во февруари во слично вакво пукање еден наставник почина, а еден ученик беше повреден во јужен тајланд, откако вооружен човек отвори оган во училиште .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНов најскап трансфер во историјата на Реал Мадрид, Јан Диоманде станува „Крал“Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот.Преодниот рок влегува во својата завршна фаза, а на фудбалскиот пазар секојдневно се склучуваат интересни зделки. Реал Мадрид го потврди трансферот на Јан Диоманде од РБ Лајпциг, со што е финализиран договор што би можел да стане најскапиот во историјата на клубот. Реал Мадрид и РБ Лајпциг постигнаа договор за трансферот на Јан Диоманде. Клубот во официјално соопштение потврди дека 19-годишното крило потпишало договор со важност до јуни 2033 година. Фабрицио Романо претходно објави фотографија од Диоманде како патува за Мадрид со своите агенти, а вкупната вредност на трансферот, вклучувајќи ги и бонусите, се проценува на 140 милиони евра. Доколку се потврдат овие бројки, Диоманде ќе стане најскапиот играч во историјата на Реал, надминувајќи ги Џуд Белингем (127 милиони евра) и Еден Азар (120,8 милиони евра). Минатата сезона, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска забележа 36 настапи, 13 гола и 10 асистенции за Лајпциг, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 90 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter