Се истражува најпознатиот средновековен град во Македонија - Канал 5

Се истражува најпознатиот средновековен град во Македонија

Се истражува најпознатиот средновековен град во Македонија, на археолошкиот локалитет Кале-Стрезов Град, кај демиркапиското село Челевец, каде археолозите открија кула и црква. Локацијата е дел од Демиркаписката Клисура, над автопатот Скопје - Атина.

Се истражува најпознатиот средновековен град во Македонија
Носител на проектот е Институт за старословенска култура од Прилеп, а раководител м-р Орданче Петров. Покрај него, на терен се и негови колеги од Институтот, меѓу кои и м-р Александар Василевски, археологот Цветанка Тодоровска Митрева од Демиркапискиот музеј и други дипломирани археолози и студенти по археологија, како и нивна колешка магистрант од Босна и Херцеговина. Тимот истражува 15 дена.

- Средновековниот град бил голем по површина и имал помали населби од разбиен тип. Работиме на просторот на локалитетот Кале Челевец, познат како Стрезов Град. Се работи на два пункта, кула и црква, откриени при ова истражување. Овој простор досега не е истражуван, можеби поради тешко пристапниот терен. На повеќе наврати во минатиот век истражувани се неколку некрополи кои најверојатно се дел од градот. На просторот на Кале-Стрезов Град, село Челевец ова се први сондажни истражувања за кои се надевам дека во иднина ќе прераснат во повеќегодишни систематски истражувања. Прв пат се истражува дел од тврдината и населбинскиот простор кои припаѓале на средновековниот град Просек, кажа денеска Петров.

Тој објасни дека откриената кула е дел од јужната одбранбена линија на тврдината Просек.

- Откриената одбранбена кула е дел од фортификацискиот систем на тврдината и со својата челна позиција го брани единствениот лесно достапен пристап кој се наоѓал од источната страна. Според податоците што ги имаме, бранителите на тврдината биле вооружени со вообичаеното оружје за тоа време. Но, Никита Хонијат, современик на настаните, за време на обидот на византискиот император Алексеј Трети Ангел да го заземе Просек, управуван од самостојниот владетел Добромир Хрс, забележал употреба на каменофрлачки постројки користени од двете завојувани страни. Постројките биле поставени по околните ридишта, раскажа Петров.

На вториот пункт на кој деновиве се работи, откриена е црква и некропола.

- Најверојатно станува збор за рановизантиска црква, која подоцна била обновена, но со редуцирани димензии. Би можело да се претпостави дека црквата од помладата фаза е црквата Света Богородица која во 1348 година со нејзиниот метох во Просек, била подарена на манастирот Хиландер. Во корелација со црквата откриени се и неколку погребувања. Пронајдениот материјал е во фаза на проверка. Истражувањата за кои се надевам дека ќе следат во наредните години ќе ги потврдат или негираат нашите првични претпоставки, рече Петров.

Проектот е финансиран од Министерството за култура, преку програмата за финансирање на проекти од национален интерес за 2015 година. Носител на активностите е ЈНУ Институт за старословенска култура од Прилеп, во соработка со Археолошкиот музеј на Македонија од Скопје и музејска збирка при Дом на култура „Мирка Гинова" Демир Капија, а со поддршка на општина Демир Капија и подружницата на „Македонски шуми” од Демир Капија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Денеска пред  Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.

Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител

Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен.

Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.

Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан.

Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки.

Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа.

Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата.

На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности

Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено

Јавното обвинителство ги следи состојбите и доколку детектира кривично правен настан во случајот со АЛТА банка ќе постапи согласно законските надлежности, одговори државниот обвинител Ненад Савески на надзорната расправа во Собранието на прашањата од пратеникот на СДСМ Миле Талески поврзани со сомнежи за евентуални незаконски дејствија.

На надзорната расправа за АЛТА банка, се објавуваа документи и записници- имало ли влез на сомнителен капитал во домашната банка и од кога и со чии одлуки?

Премиерот Мицкоски рече дека уште во 2023, владата на СДСМ и ДУИ дава насоки да се влезе во деловни односи со Давор Мацура.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче одговори дека ова е брутална лага. Пратеничката од СДСМ и претседателка на комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, по исцрпувањето на листата на повикани сведоци за првиот ден, доцна синоќа ја прекина расправата и најави дека продолжението и агендата дополнително ќе се утврдат на координација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер