АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЗдравјеСе испитуваат над 150 , но кога ќе има ефикасен лек против коронавирусот?Повеќе од 183.000 луѓе досега починале од „Ковид-19“, а сè уште нема ефикасен лек, пренесува Би-Би-Си.Колку сме далеку од пронаоѓање на лек за спас? Во моментов, низ светот се тестираат над 150 различни лекови. Повеќето од овие лекови биле и порано познати, но сега го се испитува ефектот што го имаат врз новиот коронавирус. Светската здравствена организација (СЗО) го започна т.н. Експеримент на солидарност (Solidarity Trial) за пронаоѓање на најефикасниот лек. Велика Британија објави дека дури 5.000 пациенти биле подложени на третман под овој процес за опоравување. Многу студии, исто така, се фокусираат на испитување на ефектот на плазмата од крвта на пациентите кои се излекувале врз болните пациенти. Истражувањата генерално одат во три насоки: - Антивирусни лекови кои спречуваат да се шири коронавирусот во телото - Лекови кои го смируваат имунолошкиот систем - пациентите се разболуваат сериозно кога нивниот имунолошки систем претерува во реакцијата и предизвикува оштетување на организмот - Антитела од крвта на оние кои се заразиле со вирус или кои се создадени во лабораторија, кои можат да го нападнат вирусот и да помогнат во закрепнувањето Д-р Брус Ајлард од СЗО вели дека редемивир е единствениот лек што покажува одредена ефикасност. Овој лек бил дизајниран за лекување на ебола, но на крајот некои други опции се покажале поефикасни. Оттогаш, овој лек успешно се користи за лекување на некои други опасни вируси како Мерс, што предизвикува надеж дека би можело да биде корисен и против коронавирусот што го предизвикува Ковид-19. Резултатите од Универзитетот во Чикаго исто така сугерираат дека лекот може да биде ефикасен. Тоа е еден од четирите лекови за кои СЗО и производителот на лекови, Гилад, го организираа Solidarity Trial. Многу е кажано за ова, но има малку докази дека два лека што се користат за лекување на ХИВ - лопинавир и ритонавир - исто така можат да го излекуваат коронавирусот. Постојат некои докази дека овие лекови се ефикасни во лабораториски услови, но експериментите врз луѓето биле доста разочарувачки. Комбинацијата на лековите не го забрзала закрепнувањето, не ја намалила смртноста или ја намалила количината на вирус кај пациентите со тешки симптоми Ковид-19. Меѓутоа, со оглед на тоа што лекот бил тестиран само кај многу сериозно болни пациенти (скоро една четвртина починале), се чини дека во нивниот случај било доцна за лекот да успее да направи некаква промена. Лековите против маларија исто така се тестираат под испитувањата на Solidarity Trial. Хлорокинот и неговиот дериват хидроксихлорокин може да имаат антивирусно дејство и да го смират одговорот на имунолошкиот систем. Лекот стана познат пред се откако го спомна Доналд Трамп, но сè уште има малку докази за неговата ефикасност. Хидроксихлорокин исто така се користи за лекување на ревматоиден артритис токму затоа што го контролира имунолошкиот одговор. Лабораториските тестови покажаа дека може да го блокира коронавирусот, а некои анегдотски приказни укажуваат на тоа дека им помага на пациентите. Сепак, СЗО смета дека сè уште нема дефинитивни докази за неговата ефикасност. Ако имунолошкиот систем премногу реагира на вирусот, може да се појават воспалителни процеси низ целото тело. Ова е добро затоа што го стимулира организмот да се брани од вирусот, но лошо е ако имунолошкиот систем претера со реакциите што може да предизвика оштетување на организмот или дури и смрт. Solidarity Trial го испитува и лекот интерферон бета, кој што се користи за лекување на мултиплекс склероза и намалување на воспаленијата. Интерфероните се група на хемикалии што ги ослободува телото кога е нападнато од вирус. Во Велика Британија, како дел од Solidarity Trial, се тестира и дексаметазон, еден вид стероид што се користи за намалување на воспалението. Луѓето кои преживеале инфекција од коронавирус треба да имаат антитела во крвта што можат да го нападнат вирусот. Идејата е да се земе крвна плазма (дел од крв што содржи антитела) и да се даде на пациенти како терапија. Во Соединетите држави, веќе 500 пациенти се лекуваат со плазма, а во Solidarity Trial се вклучени и други земји. Сè уште е рано да се дознае кога ќе пристигне лек за новиот коронавирус. Сепак, за неколку месеци треба да почне да пристигнуваат резултатите од експериментите кои се во тек. Ова е долго време пред да биде достапна ефикасна и безбедна вакцина. Овие лекови ќе бидат достапни пред вакцината, бидејќи тие веќе постојат и лекарите знаат дека се безбедни за употреба. Што се однесува до вакцините, тие допрва треба да се произведат. Некои лаборатории исто така тестираат некои нови лекови, но сè уште не е познато кога ќе започне тестирање врз луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook