Се гордее со својот изглед: Гола сум, а ова што го гледате не е фотошоп (фото) - Канал 5

Се гордее со својот изглед: Гола сум, а ова што го гледате не е фотошоп (фото)

Младата американска актерка Бела Торн се фотографираше за мексиканското издание на магазинот „GQ”.

Се гордее со својот изглед: Гола сум, а ова што го гледате не е фотошоп (фото)
Деветнаесет годишната Бела гордо позираше во различни пози, а освен насловната страница на која блеска во заводлив црн фустан, актерката направи и неколку разголени фотографии.


Ok this really throws my color grid off but it's worth it😍😍😍 thank you @gqmexico so honored 😍

A post shared by BELLA (@bellathorne) on


Таа која предизвика најмногу реакции е фотографијата на која Торн седи на столче целосно гола, додека со раката ги прекрива градите и заведува со погледот.


I specifically asked for no re touching on this photo, and lemme tell you I have insecurities, about pretty much everything. That's natural & that's human. You might look at this photo and think oh shush bella, but just know everytime someone looks in the mirror they simply don't see what everyone else sees. Know that it's completely normal to feel insecure and it's accepted. honestly I wish everyone talked more about their insecurities so more people in the world could know they aren't alone. That it's ok. As a public persona you know naturally that everytime you shoot with a magazine there is always small retouching. Cuz yeah if they show my acne scars or a wrinkle in my forehead or my teeth aren't perfectly white, people will look at the photo and say no she's not perfect and usually most people don't want the public trashing and I get it, But fuck it I'm here to tell you that's right I'm not FUCKING PERFECT. IM A HUMAN BEING AND IM REAL. So hip hop your asses over the fence and GET OVER IT. @gqmexico

A post shared by BELLA (@bellathorne) on


Својот сексапил го покажа и на црно-бела фотографија, а на овој сет Бела носеше само долна облека и халтери.

И додека нејзините фанови се воодушевени од овие фотографии, актерката напомнува дека имала специјална молба за креативниот тим кој стои зад овој магазин.



„Барав да не ги обработуваат фотографиите во фотошоп. Но нормално е човек да се чувствува несигурно“.

Исто така можеме да забележиме дека актерката има модрини и акни, кои не се остранети со фотошоп, поради што доби многу пофалби.


#bellathorne #instagram #model

A post shared by Sunil Hatwal (@sun_hwr) on

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис

Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис.

Средба на министерот Муцунски со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис

Денеска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис, на маргините на министерскиот состанок на земјите од иницијативата „Пријатели на Западен Балкан“, што се одржа во Атина.

Министерот Муцунски се заблагодари за поканата за учество на состанокот, чиј домаќин беше министерот Герапетритис, како и за континуираните заложби на Грција за целосна интеграција на Западен Балкан во Европската Унија, што беше потврдено и во рамките на денешните дискусии.

Потенцирајќи ја посветеноста на Владата на целосно спроведување на европската реформска агенда и подготовка на земјата за ЕУ-интегрирање, согласно со Копенхагенските критериуми, министерот Муцунски изрази очекување грчката поддршка да продолжи и во следниот период, како придонес кон европската интеграција и развојот на целиот регион.

Двајцата министри го поздравија позитивниот развој на билатералните односи и изразија подготвеност за натамошно зајакнување на соработката преку засилен политички дијалог, приоритет на инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, како и внесување нова динамика во економската соработка, културата и туризмот.

Соговорниците разговараа и за изнаоѓање практично решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните возачи при влезот и престојот во Шенген-зоната.

На средбата беше потврдена и важноста од почитувањето на меѓународното јавно право, како и определбата билатералните односи и натаму да се развиваат врз основа на меѓусебно разбирање, добрососедство и сојузништво во НАТО, соопштуваат од МНРи НТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачности температура до 12 степени

Времето утре ќе биде сончево и постудено со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. 

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачности температура до 12 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

5 Попова Шапка, 6 Лазарополе, 9 Крушево, Маврови Анови, 11 Крива Паланка, 12 Тетово, 13 Охрид, 14 Претор, Прилеп, 15 Берово, 16 Скопје-Зајчев Рид 17 Скопје-Петровец, Битола, Велес, Виница, 18 Штип, Демир Капија, 19 Струмица, 20 Кавадарци, 22 Гевгелија.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа до 16 часот во (l/m2)

18 Лазарополе, 11 Пожаране, 10 Охрид, 9 Попова Шапка, 7 Крушево, 6 Крива Паланка, 4 Тетово, Претор, 2 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, 1 Велес, Штип, Виница, Демир Капија, Берово, Тополчани, Ѓуриште.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Претпладне времето беше променливо со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Дуваше слаб до умерен, а наместа повремено засилен до силен ветер од западен и југозападен правец (во делови од Пелагонија со брзина од 65 до 85, во источните деелови од 55 до 65, а во североисточните од 60 km/h).

Попладнево времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север врнежите од дожд на некои од повисоките места во западните делови ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. До крајот на денот врнежливо ќе биде во западните делови, и во текот на ноќта таму ќе се задржи пооблачно. Во останатите делови ќе има постепено намалување на облачноста, и во текот на ноќта ќе преовладува ведро време. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено и силен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе продолжи и во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во среда утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на денот следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во четврток, особено во западните (над 30 l/m²), а во петок во јужните и во источните делови (над 20 l/m²). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изложба на астрофотографии: Небесно платно

Изложбата „Небесното Платно“ низ објективот на Скопско Астрономско Друштво претставува групна изложба на извонредни астрофотографски дела, претежно снимени под македонското небо. 

Изложба на астрофотографии: Небесно платно

Централната цел на изложбата е да ја нагласи компетентноста на домашните астрофотографи, членови на Скопското астрономско друштво (САД) и нивната способност да ја истакнат својата уметничка и креативна страна преку врвни технички вештини.

Астрофотографијата, која е централен елемент на оваа изложба, не е само техничка вештина, туку е длабока форма на уметнички израз. Таа ја премостува човечката визија со бесконечноста на универзумот. Преку привлечна визуелна естетика, овие дела служат како моќна алатка за популаризација на науката, охрабрувајќи ја публиката, особено младите, да го истражуваат универзумот и природните закони. Фотографиите ги трансформираат невидливите феномени на универзумот, како што се маглините, галаксиите, лунарните пејзажи и небесните појави во уметнички дела со силна визуелна естетика. Изложбата функционира како моќна едукативна алатка која го користи визуелното искуство за да ја доближи астрономијата до широката публика, инспирирајќи љубопитност и истражување. Авторите, ја демонстрираат својата експертиза со што создаваат услови за филозофско размислување за нашето место во Вселената. Изложените дела се директен доказ за високо ниво на техничка изработка и секоја фотографија е резултат на посветеност, на уметноста добиена од податоци снимени под автентичното македонско небо.

Изложбата ќе се отвори на 25.11.2026. во Музеј на град Скопје во 19:30ч.

Куратор на изложбата е мр.Станимир Неделковски.

Изложбата и Каталогот се реализирани од Музеј на град Скопје, а финансирани од Град Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер