Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание
2Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание
ТехнологијаСе гаси кинеската верзија на популарната игра „Фортнајт“Се гаси кинеска верзија на популарната видео игра Fortnite.Играта престана да прифаќа регистрации на нови играчи и веќе не е достапна за преземање од понеделник, објавено е на официјалната веб-страница на Fortnite, пренесува CNN. Серверите ќе се исклучат на 15 ноември, што значи дека по тој датум играчите повеќе нема да можат да ја играат популарната игра. Fortnite е лансирана во јули 2018 година во Кина, развиен од Epic Games во соработка со Tencent. Tencent, кинески гигант за интернет и игри, купил околу 40 отсто од акциите на Fortnite пред речиси една деценија. Fortnite е светски позната игра во која до 100 играчи се борат меѓу себе во дадено време. Може да има само еден победник. Fortnite стана културен феномен со текот на годините, па така, меѓу другите, само минатата година биле домаќини на големи музички ѕвезди како Marshmello и Travis Scott. Исто така, во играта биле емитувани три филма на познатиот режисер Кристофер Нолан - Inception, Batman: The Beginning и Prestige. До мај 2020 година, Fortnite снимиле повеќе од 350 милиони регистрирани играчи, објавија тие на официјалниот Твитер. Во соопштението оваа недела за исклучување на играта, Fortnite се нарекува „бета тест“ на самата игра. Не било кажано зошто се гаси, но упатена е благодарност до играчите кои досега ја играле и „учествуваа во нејзи9ното тестирање“. Tencent одбил да му каже на CNN повеќе детали за тоа зошто кинеската верзија се исклучува. Од Epic Games исто така одбиле да коментираат за исклучувањето. „Fortnite никогаш не беше целосно прифатен од кинеската влада и затоа не можеше официјално да ги монетизира своите услуги“, твитнал Даниел Ахмад, висок аналитичар во Niko Partners кој го следи пазарот на видео игри во Кина и Азија. Fortnite работи како бесплатна игра, што значи дека играчите можат да ја преземат бесплатно, но вистинските пари почнуваат да се трошат подоцна. Се купуваат костими и разни додатоци за ликовите. Ахмад додава дека жанрот бој ројал е „строго регулиран во Кина“. Кинеските власти во последно време мака мачат со видео игрите. Во август, на малолетниците им било забрането да играат во работни денови и се ограничени на само три часа за време на викендите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаПадот на Вучиќ се уште ја бранува политичката сцена во МакедонијаНе стивнуваат партиските реакции во земјава по падот на Александар Вучиќ во Србија. Повикувајќи се на информации од свиркачи СДСМ обвинува дека во изминатиот период им се сугерирало на институциите во Македонија да работат преку Алта Банка, за што бараат одговори од премиерот Мицкоски и гувернерот на Народната Банка Славески. Тврдат дека од централата во Белград до Скопје од српските избори до денес биле префрлени над 50 милиони евра, трансфери кои велат дека се дел од криминална мрежа со амин од власта, како попатна станица до Москва. „Можевме и вчера да го видиме на една дебата, односно не е дебата, туку гостување на телевизија, гледам еден уплашен политичар којшто зборува за сè, но не зборува за она што сите го прашуваат. Преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка. “-Андреј Жерновски – член на ИК на СДСМ. Премиерот Мицкоски уверува дека критериумите за влез на банки во државата се строги и мора да се испочитувани. Во гостување на Само интервју ги отфрли обвинувањата од СДСМ за соработка со Вучиќ и рече дека не очекува српското сценарио да се отслика и кај нас. „ Не знам дали е се во ред, но за да дојде во Македонија банка има таков клиринг процес во рамки на Народната банка што апсолутно не може било каков фенинг капитал да влезе овдека без да помине низ тој регулатор. / Бидејќи ова со студентите некако брзо промптно реагиравте на нивните барања, вчера ги примивте.. Дали се плашите можеби да не има некое такво движење и кај нас да се појави? – Зарем ви личам на исплашен човек? Апсолутно, таман работа, прво, јас сум универзитетски професор кој секој ден е на линија со студентите. Второ, како човек никогаш нема да дозволам да се создаде движење коешто ќе биде толку радикално против моите политики, затоа што политиките што ги водам се народни и продржавни, промакедонски. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада (Само интервју 29.10). За тврдењата на СДСМ гувернерот Славески изјави дека самиот факт дека средства се префрлаат од една во друга земја не значи дека станува збор за сомнителна активност. Го повтори ставот на Народна банка дека неповерени тврдења за други банкарски системи не требало да се коментираат. Тагови: Андреј Жерновски Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијаниеЧетириесет и четиригодишниот скопјанец Игор Дашковски Стојановски обвинет за палењето на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје ја призна вината на денешното прво судско рочиште. Посочи и дека никој не го поттикнал, ниту му наредил да ги запали возилата. Кои му биле мотивите, не кажа. „Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив“, рече Дашковски пред судијката Фанка Јанчулева Михаиловска која го води предметот. Обвинет е за кривично дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“ според кое му се заканува казна затвор од најмалку една година затвор. Настанот се случи на 15 јуни годинава. Според обвинението, Стојановски со автобус пристигнал во централното градско подрачје, по што од бензинска станица наполнил пластично шише со бензин, а потоа ја преминал улицата и се приближил до двете паркирани дипломатски возила. Обвинителката Катерина Коларевиќ вели дека тој бил пресметлив во моментот на извршување на делото. -Осудителна ќе е секако пресудата, во однос на казната ќе одлучи судот. Има факти кои се изнесуваат во вештачењето кое е изготвено од Д-р Марцикиќ во поглед на психичката состојба на обвинетиот. Па откако ќе ги сослушаме и тие факти ќе биде изведен како доказ вештиот наод и мислење во поглед на пресметливоста на обвинетиот, тој секако е пресметлив како личност и во состојба на пресметливост го сторил кривичното дело. Ќе ја сослушаме и одлуката на судот во поглед на казната,- изјави – Катерина Коларевиќ – Обвинител во ОЈО ГОКК. Следното рочиште е закажано за 11 ноември... Обвинителството посочува дека бугарскиот амбасадор бил повикан да се произнесе за настанатата материјална штета, а во постапката биле испитани и претставници на амбасадата кои се под меѓународна заштита. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МакедонијаПоследен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница Решавање на локалните проблеми или гласање по етничка линија - што ќе биде пресудно во изборот на жителите на Брвеница на нов градоначалник во недела? Во вториот изборен круг довербата ќе ја бараат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски и кандидатот на ДУИ и коалицијата, Аркин Јахиј, кои освоија најмногу гласови во првиот круг. Според изборните комбинаторики се очекува неизвесна трка меѓу двајцата кандидати кои во кампањата деновиве се заблагодарија за поддршката и изразија оптимизам за победа во недела. -Благодарност до сите граѓани што ми ја дадоа довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот круг. Очекувам и победа, да славиме сите заедно, изјави Радичевски. - Во недела, да застанеме заедно за нашата Брвеница, со достоинство, храброст и верба еден во друг. Заедно наспроти сите разлики. Ве повикувам да си подадеме рака за помирување, изјави Јахији. На гласачките места во Брвеница во првиот круг од предвремените избори гласаа 7.565 избирачи, а излезеноста беше 46,56 отсто. Изборните математики покажуваат дека ќе следува тесна битка во Брвеница, а гласовите на Вреди можат да го решат победникот. Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ на првото гласање освои 2.945 гласови наспроти Аркин Јахији од ДУИ со 2.152. Според калкулациите, решавачко ќе биде каде ќе отидат гласовите на отпаднатите кандидати Јакуп Хусени од Вреди со 1.528 гласа, Јовица Радевски од СДСМ со 706 гласа, и независните кандидати Душан Богдановски со 55 гласа и Арифе Идризи со 21 глас. Дилемата е дали поддржувачите од Вреди ќе гласаат етнички, како што повикаа Али Ахмети и Арбен Таравари или според сопствени убедувања како што ги повикаа Мицкоски и Гаши. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06