Се екипира Комисијата за спорт на СДСМ со истакнати спортисти

Огромна чест и задоволство ми е да Ви ја претставам новоформираната Комисија за спорт на СДСМ.

Во тек е екипирањето на Комисијата на спорт на СДСМ која се обврза интензивно, домаќински и транспарентно да работи исклучиво во корист на спортот и спортските работници.

Денес, со нас се дел од членовите на Комисијата на спорт на СДСМ и истакнати спортисти кои граѓаните и јавноста ги паметат по успеси на домашната и меѓународна сцена:

• Андријана Будимир

• Владо Недановски

• Игорче Митревски

• Дрита Ислами

Цели 11 години спортот и спортските работници беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за неполни 2 и пол години политиките на СДСМ го враќаат спортот на прав пат.

За споредба во 2016 година за спортот биле одделени само 60 милиони денари, додека за 2019 година, обезбедени се 244 милиони денари.

Тоа е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ која уништуваше, и СДСМ која гради и инвестира во спортот.

Владата предводена од СДСМ посветува сериозно внимание како никогаш претходно и го поддржува спортот во секој аспект.

Без калкулации и недвосмислено се го поддржуваме развојот на спортот, физичкото образование и зголемување на бројот на младите и граѓаните кои спортуваат и активно спроведуваме политики во таа насока.

Се обврзуваме преку партнерства со локалните тимови, федерации, организации и другите институции, преку спортот сите заеднички ќе работиме на надминување на насилствата, расизмот и нетрпеливоста.

Дека мерките на СДСМ се на прав пат доказ се можностите кои ги носат евроинтеграциите кои ги обезбеди Владата предводена од СДСМ.

Со станувањето дел од ЕУ, ни се отвора можност за користење на Европскиот социјален фонд и Европскиот фонд за регионален развој, преку кои се поттикнува изработка на иницијативи и акции кои промовираат социјална инклузија преку спортот.

Наша цел е да ги зголемуваме средствата за спорт и да ги гарантираме и браниме неговата самостојност и развој .

Како никогаш досега, покрај постоечките финансиски средства, Владата за оваа година вбризгува дополнителни 4 милиони евра за развој на македонскиот спорт преку модифициран и приспособен ваучерски систем со што вкупната финансиска поддршка ќе изнесува 10 милиони евра за 2020 година.

Правиме анализи и ги согледуваме најдобрите модели за да овозможиме спортистите и наши најголеми амбасадори по завршувањето на кариерата да бидат третирани онака како што доликува.

Се обврзавме да работиме домаќински и транспарентно да го вратиме спортот на прав пат.

Прес-конференција на Наумче Мојсовски, претседател на Комисија за спорт на СДСМ

Најстудено утрово во Лазарополе

 Најниска температура утрово е измерена во Лазарополе од 3 степени Целзиусови.

Следат Берово и Попова Шапка со 5 степени, 6 во Претор, 7 во Крива Паланка и Охрид, 8 Тетово, Маврови Анови, Битола, Демир Капија, 9 Скопје-Петровец, Прилеп, Гевгелија, Велес, 10 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Куманово, Крушево, Дојран, Кавадарци и 11 степени во Виница.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 27 степени.

Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА

 Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама е прогласен за најдобар дебитант на годината во НБА, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.

Дваесетгодишниот Французин во гласањето освои 495 поени. Второто место му припадна на кошаркарот на Оклахома, Чет Холмгрен со 295 поени, додека трет е членот на Шарлот, Брендон Милер со 86 поени.

Вембањама беше избран од Сан Антонио како прв пик на драфтот на НБА во 2023 година.

Во сезоната 2023/24, кошаркарот учествуваше на 71 натпревар од регуларниот дел од сезоната, со просек од 21,4 поени, 10,6 скока и 3,9 асистенции по натпревар.

Сан Антонио заврши на 14. место во Западната конференција и не успеа да се квалификува за плејофот.

Во 2023 година Грција ја посетиле над еден милион туристи од Македонија

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Минатата година Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, бројка што е нешто помалку од двојно поголема споредбено со 2022 година, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во истражувањето „Кој каде оди? Колку долго останува? Колку троши?“, ИНСЕТЕ ги анализира официјалните податоци на Банката на Грција за туризмот и туристите во земјата во 2023 година, а поконкретно се фокусира на секој од 13-те грчки региони.

Македонија и овој пат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители од нашата земја.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за Македонија, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.

Во однос на посетите од нашата земја, во 2023 имало 1.132.000 посети, а пред две години 771.000, додека пак мнозинството посети се во северниот дел на Грција.

Во однос на перифериите, што е и предмет на анализата, најпосетена е областа Атика, поширокиот регион на Атина, потоа се островите во јужниот дел на Егејското море, а на третата позиција е централниот дел од северна Грција – регионот во кој спаѓаат Солун и Халкидики, каде што посетителите од Македонија се меѓу првите три земји.

-На трето место е регионот централна Македонија со 6.566.000 посети, а мнозинството посети се од Бугарија (1.821.000). Потоа следат посети Македонија (1.079.000) и од Германија (917.000), пишува во анализата.

Сепак, иако Македонија е меѓу првите три земји по бројот на посети во конкретниот регион, сепак не е во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

притисни ентер