Се е подготвено за традиционалната Струшка Литија - Канал 5

Се е подготвено за традиционалната Струшка Литија

Се е подготвено за традиционалната Струшка Литија (Еордија), што утре, 7 мај ќе се одржи во Струга во чест на Свети Георгиј Победоносец.

Се е подготвено за традиционалната Струшка Литија

Моштите на светецот на раскошно украсен епитаф, придружувани со неговата чудотворна икона, како и Крнинската и иконата на Богородица, локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, со традиционалните торжества ќе поминат низ струшките улици.

Новина годинава, како што соопшти организацискиот одбор, во непосредна близина на храмот „Свети Георгиј Победоносец“, од каде што ќе тргне поворката со светиите, ќе има наменски штандови, од каде посетителите ќе можат да купат храна, пијалоци и сувенири.

И оваа година, според сестра Ефимија од женскиот манастир во Рајчица, на Литијата ќе и претходи церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата ќе дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време. Дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката ќе држи палмова гранка како симбол на мирот, ќе има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

- На чело на Еордијата ќе биде член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица - Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња - моштите на светецот во раскошно украсен епитаф, појасни сестра Ефимија за МИА.

Моштите, додаде, и овој пат ќе бидат носени од четворица видни граѓани, а ќе бидат придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите ќе оди сејменската гарда, чии членови ќе бидат, исто така, облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

Традиционално, моштите на светецот ќе пристигнат од нашиот манастир во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево. Овие големи светињи ќе бидат поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга. Во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, после што ќе следи Еордијата, која ќе започне веднаш по богослужбата во 17 часот. Литијата ќе тргне од храмот на светителот, ќе поминува низ централните градски улици, од другата страна на кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, истакна сестра Ефимија.

Верниците и сите добронамерници, како што посочи отец Васко Голабоски, кој е дел од организацискиот одбор на Струшката Еордија, ќе се движат после гардата, а оние што не можат да се вклучат поради многубројниот народ, ќе останат на двете страни од улиците и заедно со дечињата облечени во народна носија ќе ги поздравуваат моштите со зборовите „Христос воскресна! Навистина воскресна!".

По завршувањето на свечената Литија, во дворот на храмот „Свети Георгиј Победоносец" во Струга, со своја културно-уметничка програма ќе настапи кичевското играорно друштво „Бисер“, како и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои за Струшката Еордија подготвиле специјална програма.

За време на Еордијата, Струшката полиција ќе спроведе посебен сообраќаен режим, а за поголема безбедност градоначалникот Рамис Мерко оствари координативен состанок со со претставници од црквата „Свети Георгиј“ и Полициската станица во Струга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД: Ова е клучниот услов за завршување на конфликтот

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Иран мора значително да ги намали своите капацитети за збогатување нуклеарен материјал за да постигне договор со Вашингтон и да ја заврши седуммесечната војна.

САД: Ова е клучниот услов за завршување на конфликтот

„Нема да прифатиме зборови наместо дела“, рече Венс во интервју за Ројтерс, додавајќи дека Техеран ќе треба да преземе конкретни чекори во врска со својата нуклеарна програма, наместо само да нуди уверувања за идни намалувања на активноста.

„Ако не сакате нуклеарно оружје, тогаш зошто ви е потребно гориво збогатено до 60 проценти?“, праша Венс.

Венс истакна дека САД преговараат со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и министерот за надворешни работи Абас Аракчи, но дека Вашингтон не е сигурен во обемот на нивните овластувања во рамките на иранската структура на власт по смртта на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади на почетокот на војната.

„Не е сосема јасно како нивната земја носи одлуки“, рече Венс.

Во последните недели, Иран и САД разменија предлози во врска со завршувањето на војната и повторното отворање на Ормускиот теснец.

Венс изјави дека САД остануваат отворени за договор, додека американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли најновата понуда на Техеран и предупреди дека воените операции би можеле да се интензивираат по изборите на средината на мандатот.

Венс исто така рече дека сè уште нема одлучено дали ќе се кандидира за претседател на САД во 2028 година. „Навистина не сум размислувал многу за тоа“, рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: 250 дечиња од Шуто Оризари добиваат свое место во новата детска градинка „8 Април“

Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат  своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот

Мицкоски: 250 дечиња од Шуто Оризари добиваат свое место во новата детска градинка „8 Април“

„Добар ден и од мене.

Навистина сум пресреќен што овој објект ја добива својата суштина, ја добива својата вистинска намена. А тоа е да биде дом за дечињата кои што тука ќе можат да ги поминуваат своето детство, еве така да кажеме, најубавите денови во својот живот.

Ние како Влада, како што веќе слушнавте и од страна на претставниците на меѓународната заедница, почитуваните амбасадори, во најскоро време ќе дадеме согласност за вработување на кадар и на тој начин сето она кое што е инвестирано и направено ќе биде ставено во функција.

И она што мене посебно ме прави среќен е што повеќе нема да имаме листа на чекање овде во Општина Шуто Оризари, односно капацитетите ќе бидат целосно исполнети. Ќе можат родителите дечињата да ги остават тука, ќе имаме кадар кој што ќе се грижи за нивното детство и за периодот од денот кога тие ќе престојуваат токму во оваа градинка.

Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на амбасадорот на Норвешка, на Швајцарија, на сето тоа кое што го направија за оваа градинка и за да можеме ние денеска еве овдека да стоиме и да практично објавиме дека капацитетот е подготвен да ги прими нашите најмлади, најмили, тоа се дечињата.

Исто така да се заблагодарам на Општина Шуто Оризари, на градоначалникот, на Советот, на советниците, на колегите од Владата кои што посветено работат за да можат овие проекти да станат реалност.

Како што кажа и министерот, нашата цел е до крајот на мандатот да немаме воопшто листа на чекање низ сите општини во државата. Ако бројката беше 4.500 на почетокот од мандатот на оваа Влада, целта е на крајот на мандатот од оваа Влада да имаме нула дечиња кои што ќе бидат на листа на чекање. Мислам дека и порано тоа ќе го реализираме, но се зависи од динамиката на изградба на објектите.

Така што уште еднаш еве нека е честито, нека е со среќа и што повеќе дечиња да можат да ја користат оваа градинка. И уште еднаш благодарност до сите кои што учествуваа во реконструкцијата и обновата на овој објект, истакна во своето обраќање премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Растат тензиите на границата меѓу Белорусија и Латвија, дали може да дојде до ескалација?

Вооружени лица кои придружувале 20 мигранти и се обидувале да им помогнат илегално да преминат од Белорусија во Латвија, им се заканувале на латвиските војници.

Растат тензиите на границата меѓу Белорусија и Латвија, дали може да дојде до ескалација?

По заканите, втора група накратко влезе во земјата, изјави латвискиот министер за внатрешни работи Јанис Домбрава на 6 октомври.

„Лицата што ги придружуваа илегалните мигранти – а кои се наоѓаа на белоруската страна – беа вооружени, упатуваа закани кон [латвиските] војници и активно ја охрабруваа и насочуваа групата мигранти кон Латвија“, истакна тој во објава на платформата „X“.

Кратко потоа, група маскирани лица илегално влезе во Латвија, украде опрема и се врати во Белорусија.

„Неколку часа по оваа конфронтација, маскирани лица влегоа на латвиска територија, оштетија дистрибутивен ормар и украдеа камери пред на местото на настанот да пристигне гранична патрола, по што се вратија на белоруска територија“, рече Домбрава.

Латвискиот министер ги предупреди белоруските власти дека ваквите гранични инциденти би можеле да доведат до „сериозни последици“ за Минск.

Слични инциденти се случувале и претходно, а ЕУ воведе санкции кон земјата во 2021 година поради инструментализација на мигрантите.

Активностите на хибридно војување против Европа од страна на Москва и Белорусија се интензивираа во последните месеци додека Русија ја продолжува војната против Украина. Литванските власти соопштија дека силите на НАТО собориле дрон што навлегол во литванскиот воздушен простор од правец на Белорусија во текот на ноќта на 15 септември.

Дронот влегол во литванскиот воздушен простор од соседна Белорусија и прелетал над градот Лентварис, во близина на главниот град Вилњус, пред да биде соборен во близина на големиот град Каунас, изјави за јавниот сервис „LRT“ Вилмантас Виткаускас, шеф на Националниот центар за управување со кризи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер