Се е подготвено за јубилејниот 40-ти „Македонски Бисер“ - Канал 5

Се е подготвено за јубилејниот 40-ти „Македонски Бисер“

Во Агенцијата за млади и спорт денеска на прес-конференција беше најавен јубилејниот 40-ти меѓународен турнир во борење „Македонскиот бисер“. Во своето повеќедецениско опстојување на турнирот се појавиле голем број олимписки, европски и светски шампиони, а така ќе биде и претстојниот викенд.

Се е подготвено за јубилејниот 40-ти „Македонски Бисер“
Организаторите на една од најстарите спортски манифестации во нашата држава очекуваат борачи од 14 земји, меѓу нив и носители на медали од големи светски натпреварувања.

- Борењето е дефинитивно најтрофејниот олимписки спорт во нашата земја и претходните резултати на нашите борачи ми даваат за право да констатирам дека ќе се врати во полн сјај и ќе го зацврсти приматот на спорт, по кој Република Македонија е препознатлива во светот. Годинава, славиме неколку Јубилеи. 40 години од “Македонскиот бисер”, 55 години од Македонското борење, но и 20 години од најголемиот успех на БК „Бучим – Јака“ со освојувањето на првото место на Светскиот интерконтинентален куп во борење, одржан 1996 година во Радовиш. Овие успеси се само еден бисер во круната на нашиот најтрофеен олимписки спорт, изјави Спасески .

Во изминатите 5 децении, Македонското борење доживеа вистинска ренесанса и во вистинска смисла на зборот стана нашиот најголем спортски промотор и амбасадор. Не само по добрите резултати и успеси на меѓународната спортска сцена, но и со организирањето на врвните спортски спектакли во Република Македонија. Секако во прв план тука е “Македонскиот бисер”, додаде директорот на АМС.

Токму затоа, информира Спасески, овој традиционален боречки турнир, секоја година добива поддршка од Агенцијата за млади и спорт, а за годинава за организација на бисерот од буџетот на АМС се издвоени 600.000 денари.

По повод јубилејот – 55 години Македонско борење, утревечер се организира пригодна манифестација утревечер на која ќе биде промовирана и монографија за најголемите успеси на овој спорт во петдецениското постоење.

Претседателот на Федерацијата на боречки вештини во Македонија, Ванчо Чифлиганец се заблагодари за поддршката што Агенцијата за млади и спорт во континуитет ја дава како преку финансиски средства, така и преку логистичка помош. Тој очекува силен турнир со оглед на најавените борачи.

- Според пријавените натпреварувачи „Македонскиот Бисер“ ќе биде едно мини Европско првенство. Преку овој турнир веќе 40 години се афирмира нашата држава на меѓународната сцена. Очекувам да одговориме на предизвиците и пред домашната и пред европската и светската јавност, истакна Чифлиганец.

Борбите на турнирот ќе се одвиваат в сабота на 4 јуни, почнувајќи од 10 часот во спортската сала на СЦ „Борис Трајковски“.

До сега се пријавени околу 40 борачи од Македонија, Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Русија, Јапонија, Романија, Велика Британија, Унгарија, Словачка, Белорусија и Шведска. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.

Продолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степени

Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 3. август 2028 година

Дневен хороскоп за понеделник, 3. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 3. август 2028 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет.

Кариера

Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво.

Кариера

Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо.

Здравје и совет

Забавувајте се.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација.

Кариера

Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив.

Здравје и совет

Мала кашлица.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста.

Кариера

Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат.

Здравје и совет

Конечно имате позитивен став.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа.

Кариера

При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени .

Здравје и совет

Немојте да бидете алчни .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни.

Кариера

Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно.

Здравје и совет

Посетете стоматолог.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина.

Кариера

Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден.

Здравје и совет

Разведрете ги другите со хумор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро.

Кариера

Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите.

Здравје и совет

Зголемена енергија.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални.

Кариера

Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир.

Кариера

Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате.

Здравје и совет

Поработете на методите за релаксација.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро.

Кариера

Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите.

Здравје и совет

Најдете пет минути за пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите.

Кариера

Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни.

Здравје и совет

Во секој случај, следува подобрување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес .

Вечерва во 21 часот и 54 минути  почувствуван земјотрес во Скопје и околината

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентрално подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5.

Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер