МакедонијаСДСМ: Зошто ВМРО има проблем со малцинствата, кога половина од нивната влада се Бугари?ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски продолжуваат со лажната драма дека внесувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет.А вистината е следна: Половина од нивната влада, пратеници, министри, директори на јавни претпријатија и нивните семејства веќе имаат бугарски пасоши. Меѓу нив се и членови од семејството на Мицкоски, како и семејството на нивниот главен медиумски човек, уредник на Орбанова медијумска мрежа – Драган Павловиќ Латас. ВМРО - криминална група сами предложија закон за двојно државјанство, но со услов – да не важи за овој состав на Собранието и Владата. Кога СДСМ предложи Закон за двојно државјанство да важи веднаш за сите, вклучително и за актуелната влада и пратениците, ВМРО-ОКГ го повлече сопствениот предлог. Затоа што не сакаат нивните функционери да бидат исти како обичните граѓани. Тие веќе имаат ЕУ пасоши. Тие не чекаат 8-10 часа на граница. Тие летаат со државен авион (купен со пари на граѓаните) на море, додека на граѓаните им велат останете дома, не ви треба море. Прашањето е едноставно: Зошто ВМРО толку се бори против внесување на малцинствата во Уставот, кога самите нивни луѓе веќе ги имаат сите права што ги дава ЕУ? Одговорот е повеќе од јасен: Затоа што не им е важно ниту македонскиот идентитет, ниту малцинствата. Важно им е само да го блокираат патот за Европската Унија, за да продолжат со криминалот и корупцијата. Нема повеќе лаги. Организираната криминална група ВМРО ја блокира иднината на Македонија. Малцинствата не се закана. Криминалот и корупцијата се закана. Реформи. Правда. Европа. Тоа е единствениот пат, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter