СДСМ: Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата? - Канал 5

СДСМ: Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата?

Трагедијата во Кочани во која загубивме 59 млади животи и ја потресе целата држава повикува на неселективна, темелна и сеопфатна истрага која ќе го утврди целиот синџир на одговорност. 

СДСМ: Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата?

Секој за кој што ќе се утврди дека има одговорност – без разлика дали се работи за поранешен или актуелен функционер – мора да одговара пред лицето на правдата.

Сепак, со загриженост гледаме на досегашниот тек на истрагата. Сите анализи упатуваат на впечаток дека досегашниот тек на истргата е селективна и насочена исклучиво кон поранешни функционери и службеници.

Досега, ниту еден актуелен функционер не е опфатен, иако трагедијата се случи токму во време кога тие биле на одговорни позиции.

Селективна правда не е правда. Зошто ниту еден актуелен функционер не е опфатен со истрагата за Кочани?

Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на ДПИ се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Но, логично се наметнува прашањето: зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски, не е дел од истрагата? Зарем не е должен да одговори за надлежностите на ДПИ и работата на инспекциските служби пред и во моментот на трагедијата?

Дополнително, зошто не се испитуваат одговорните лица кои биле на позиции од МВР, односно командирите, инспекторите и раководството на ОВР Кочани и СВР Штип, кои по закон биле обврзани да го обезбедат настанот?

Како е можно да се игнорираат оние кои вечерта биле на дежурство, на позиција и со законска обврска да дејствуваат – но не го сториле тоа?

Нема одговори на прашањата дали е точно дека сите седум приведени вработени во МВР не биле на функции во ноќта на трагедијата?

Овие прашања се легитимни и надлежните институции – Јавното обвинителство и МВР не смеат да молчат.

Вистинска правда не може да има без целосна и неселективна истрага.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мексиканска водителка предизвика возбуда со облеката на Светското првенство (ВИДЕО)

Популарната водителка на временска прогноза и ѕвезда на социјалните медиуми, Јанет Гарсија, повторно ги привлече насловните страници, овој пат со објава за Светското првенство.

Мексиканска водителка предизвика возбуда со облеката на Светското првенство (ВИДЕО)

Гарсија, која се здоби со слава како водителка на временска прогноза за мексиканската телевизија „Телевиса Монтереј“, а подоцна и за „Унивижн“, изгради онлајн империја со повеќе од 13,2 милиони следбеници на Инстаграм.

Објавата што стана вирална

Додека возбудата околу Светското првенство во фудбал во 2026 година растеше, Гарсија се придружи на прославата со видео на Инстаграм. Во видеото, таа жонглира со фудбалска топка носејќи провокативен фустан инспириран од турнирот. Објавата стана вирална на социјалните медиуми и доби поплава од позитивни реакции. Нејзината објава дојде во совршено време додека фудбалските навивачи во Мексико го слават успешниот почеток на нивната национална репрезентација на турнирот. Помеѓу настаните на теренот и виралното видео на Јанет Гарсија, на навивачите не им недостасуваше возбуда.

Навивачите ги преплавија коментарите

Многу од нејзините следбеници го исполнија делот за коментари со пофалби. „Толку си убава, Јанет“, напиша еден обожавател. „Прекрасна фудбалска божица“, коментираше друг, додека трет додаде: „О, Боже, толку си убава“.

Иако објавата на Гарсија предизвика онлајн дебата, фокусот во Мексико остана на победата на тимот на првиот натпревар од турнирот. Мексико го започна своето патување до Светското првенство во фудбал во 2026 година со победа од 2-0 над Јужна Африка на стадионот „Естадио Ацтека“, каде што публиката создаде гласна и незаборавна атмосфера.

„Сон што стана реалност“

Дефанзивецот Израел Рејес зборуваше за искуството по победата. „Беше искуство како ниедно друго“, рече Рејес. „Не мислам дека некогаш сум почувствувал вакво нешто. Тоа беше кулминација на нешто за кое се надевав и на кое работев со години во мојата кариера. Сè помина точно како што очекував и замислував - за мене, ова е сон што стана реалност“. Мексико сега се подготвува за својот следен предизвик во групната фаза против Јужна Кореја. Натпреварот е закажан за четврток во 21 часот по источно време, а навивачите продолжуваат да ја покажуваат својата поддршка за земјата домаќин во раните фази од турнирот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Овој часовник се претвора во робот (ФОТО)

Швајцарската компанија „MB&F“ претстави необичен луксузен производ кој комбинира врвна хорологија и роботика.

Овој часовник се претвора во робот (ФОТО)

Новиот модел „HM12 The Guardian“ се состои од комплексен механички часовник и хуманоидна фигура што служи како еден вид чувар и држач за часовникот кога не се носи на зглобот.

Часовникот всушност се наоѓа во главата на робот, што ѝ дава на целата структура уникатен изглед инспириран од научнофантастични филмови и серии од седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век.

Основачот на компанијата Макс Бизер и дизајнерот Максимилијан Мертенс нагласија дека култните дела од научната фантастика биле главен извор на инспирација за време на развојот на овој модел.

Резултатот е комбинација од луксуз, уметност и машинско инженерство што ретко се гледа дури и во светот на скапите часовници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрих, политичар од крајната десница, го отфрли 30-годишниот договор со Палестинската самоуправа, објавувајќи дека „го поништил Хебронскиот договор“.

Нова експлозија на Блискиот Исток – Израел прави драматичен потег

Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска самоуправа на Хеброн, „туку целосно ќе се вратат во надлежност на Државата Израел“.

Тој го нарече потегот „историска корекција“ и рече дека тоа е продолжување на „револуцијата“ на легализација на израелските населби и „продлабочување на израелскиот суверенитет“ на Западниот Брег.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас предупреди за сериозноста на одлуката, објави палестинската новинска агенција „WAFA“.

Абас ја повика меѓународната заедница итно да интервенира и да изврши притисок врз израелските власти да го поништат она што го нарече многу опасна одлука, велејќи дека тоа ги поткопува напорите за постигнување мирно решение за израелско-палестинскиот конфликт преку решение за две држави.

Израелската организација „Мир сега“ исто така ја критикуваше одлуката како „опасен и неодговорен потег на неуспешен политичар“.

Владата, според нив, „не успеала на сите фронтови“ во регионалната војна, а сега „пироманот Смотрих се обидува да го запали окупираниот Западен Брег“.

Спогодбата од Хеброн беше постигната во 1997 година за време на претходната влада предводена од Бенјамин Нетанјаху, тогашниот премиер на Израел.

Спогодбата предвидуваше поделба на градот, при што Израел ја задржа контролата врз една петтина од Хеброн за да заштити неколку стотици претежно радикални еврејски доселеници. Градот моментално е дом на околу 200.000 Палестинци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер