Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
1Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
МакедонијаСДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува?Шест недели по труењето на цел еден град, со над 5.000 луѓе кои завршија по болници и се уште нема документ за водата во Гостивар.Зошто граѓаните не можат да видат резултати, анализи, извештај? Ако нема што да се крие зошто не се објавува? Министерот за здравство Сашко Клековски најави дека на 20 август ќе биде објавен епидемиолошки извештај. Каде е целосниот извештај? Зошто се објавуваат само парчиња од документацијата, а не целата анализа? Во текот на кризата граѓаните добиваа различни и противречни информации. Прво водата беше прогласена небезбедна за пиење. Потоа беше прогласена дека може да се корсти само за техничка употреба. Тошковски спроведуваше хиперхлорирање. Потоа кажаа дека има бактерии во водата. Тотален хаос. Па Мицкоски и Клековски заминаа на екскурзија. Пред да им заврши екскурзијата функционери пиеја вода пред камери со срамни здравици и рекоа дека може да се пие водата. Но, не се објавија целосните резултати од анализите на водата. Каде е целосниот извештај за водата во Гостивар? Кој донел одлука водата повторно да биде пуштена за пиење и врз основа на кои резултати? Кој со име, презиме и потпис гарантира дека водата е безбедна? Дали на овој начин некој сака да побегне од одговорноста? Мицкоски и Клековски имаат обврска кон граѓаните на Гостивар да ја објават целата вистина. Целиот извештај, сите анализи и сите потписи. Скопје, 27.08.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во МоскваАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСе појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на ФенербахчеХаотични сцени се одвивале по реванш-натпреварот од плејофот за Лигата на шампионите меѓу Лион и Фенербахче. Последниот судиски свиреж поттикна жесток судир меѓу играчите, а сега се појавија и нови снимки кои фрлаат дополнително светло врз самиот почеток на тепачката. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога ситуацијата со Матео Гендузи прерасна во физичка пресметка. Според снимката и извештаите на разни медиуми, тренерот на голманите на Лион, Антонио Фереира, истрчал кон играчот на Фенербахче и се обидел да го удри со нога, изведувајќи потег во стилот на карате. Ова предизвика реакција кај персоналот на Фенербахче, а конфликтот брзо ескалираше во масовна тепачка. Видеото поттикна бројни реакции на социјалните мрежи, особено затоа што сега појасно може да се види моментот што му претходеше на ескалирањето на ситуацијата. Сепак, целата приказна имаше свој вовед. За време на натпреварот, Гендузи беше во центарот на вниманието во напнатата атмосфера, првенствено поради неговиот претходен ангажман во Олимпик Марсеј, голем ривал на Лион. 🚨🚨 The aftermath of the Lyon vs Fenerbahçe match. 😳👊 pic.twitter.com/maRawLYIOu — EuroFoot (@eurofootcom) August 26, 2026 Французинот беше гласно исвиркан од публиката за време на загревањето, на што тој одговори покажувајќи им среден прст на навивачите. По натпреварот, тој дополнително ги провоцираше домашните играчи со гестикулации и извици „Allez l'OM“ (Напред Олимпик Марсеј). Неговото однесување дополнително ги разбесни домашните играчи и стручниот штаб, а ситуацијата целосно излезе од контрола по последниот судиски свиреж.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаММА и МРТ: Да се истражи работата на спортските канали Арена во МакедонијаОд ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола.Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум. Од ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола, а македонскиот регулатор АВМУ „на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик“. „Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор РЕМ каналите Арена M1, M2 и M3 премиум не постојат што значи не се домицилни, српски канали. Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик! ММА и МРТ бараат органите на истрагата како и референтните институциите да утврдат дали со ваквото постапување е заобиколена законската обврска за дозвола, дали е причинета штета на буџетот со неплаќање на лиценца и дали постои одговорност кај сопствениците, одговорните лица на ТВ сервисите како и кај службениците на АВМУ. Бараме да се провери и евентуалното неовластено користење на премиум спортски ТВ-права позната како ТВ пиратерија. За жал долгогодишното незаконско реемитување на одредени канали од регионот како што се Хрватска, Албанија, Босна и Србија бараме кончено да влезе во радарот на македонскиот регулатор“, велат од ММА и МРТ. Оттаму додаваат дека нема да дозволат истиот модел на евентуалното изигрување на законот да биде применет и за најавениот Јуроњуз Македонија, односно АВМУ да го третира како странски сервис на начин сличен на Арена премиум каналите, „како што најавуваат нивните сопственици и структури од Белград“. „Беззаконието кое денес се толерира како исклучок, утре може да стане правило. ММА и МРТ ќе поднесат соодветни поднесоци до Јавното обвинителство и МВР за да се испита постапувањето и евентуалната одговорност на надлежните лица во АВМУ“, велат од ММА и МРТ.Тагови: ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook