СДСМ: ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал, СДСМ ќе објави целосни документи! - Канал 5

СДСМ: ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал, СДСМ ќе објави целосни документи!

Фатени во историски корупциски скандал, со очајната реакција полна со лаги и празни обвинувања, ЗНАМ и Максим Димитриевски само го потврдија скандалот кој денеска го објави СДСМ.

СДСМ: ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал, СДСМ ќе објави целосни документи!

Наместо да пишуваат фермани, требаше само едноставно да одговорат на јасно поставените прашања на кои сите сакаат одговор: Како тоа со купи-продај земјиште преку ноќ се печалат 350.000 евра?

Како тоа ДУИ беше лоша партија против која Максим жестоко се бореше, но сега е партијата со која го договорил гласањето на ДУП-от? Што им ветил и каква услуга им должи сега? Му порачуваме да излезе и сам да каже затоа што ние ја знаеме вистината и ќе одиме до крај.

Ниедно празно обвинување на ЗНАМ кон СДСМ не може да го оправда очигледниот конфликт на интереси и корупција во оваа продажба. Максим Димитриевски и ЗНАМ се партија која, освен личните интереси и бизниси, очигледно немаат друга улога во општеството. Не е ни чудо што тонат целосно и се сведоа на привезок на Мицкоски и ДПМНЕ.

Димитриевски со овој скандал си ги сруши единствените две ветувања дадени пред граѓаните, а тоа е дека ќе се бори за правда и ќе се бори против ДУИ. Димитриевски успеа политички да се самоуништи во желба да прибави корист за себе и тоа од фантастични 350.000 евра!

Граѓаните на Куманово и целата јавност треба да знаат дека лажниот патриот Димитриевски, лажниот борец за правда кој ќе го праќаше ДУИ во опозиција, не е ништо друго туку криминална инсталација на ДПМНЕ која има епизодна улога во политиката. Ваквите политичари како Димитриевски, кои си ги погазуваат изборните ветувања за неполна година, ќе бидат жестоко казнети.

СДСМ нема да молчи, за овој скандал имаме целосни информации и ќе ги објавиме до крај!, се наведува во партиската реакција.

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија

Муцунски денеска беше домаќин на неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во прва официјална посета на Македонија.

Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во официјална посета на Македонија

Од Европската Унија очекуваме предвидливост и бараме билатералните прашања да останат настрана од процесот на пристапување кон Унијата, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, по пораките од претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта, дека договореното од 2022 година треба да се испорача.

На средбата со Претсеталката Сиљановска, Кошта кажал дека предлогот уставни измени со одложено дејство е неприфатлив за бугарската страна, но Муцунски вели дека полноправно членство во ЕУ останува стратешката цел за Македонија, а додека не се одблокира патот, ќе се продолжи со Реформската агенда.

-Нашата позиција во однос на тоа прашање е кристално јасна, и тука не треба ниту граѓаните да имаат дилема, ниту вие како медиуми. Секогаш ќе има дијалог и секогаш ќе работиме, но ќе повторам нешто што постојано го кажувам - не решение по секоја цена и решенија коишто дополнително ќе биде ризик и камен на сопнување како ова решение од 2022 година што сега на дело се докажува дека е решение кое создава дополнителни проблеми меѓу државите, наместо да биде чекор напред. Бараме решение коешто ќе ни обезбеди предвидливост напред кон членството, почит за нашето достоинство и идентитет, очекување дека и земјите членки на ЕУ ќе ги почитуваат оние принципи поврзани со малцински права, коишто очекуваат ние да ги почитуваме. - Тимчо Муцунски- министер за надворешни работи

Муцунски денеска беше домаќин на неговата австриска колешка Беате Мајнл-Рајсингер, која е во прва официјална посета на Македонија. Таа нагласи дека Австрија ја поддржува европската перспектива на Македонија и дека сите отспаки кои земјава ги направила не остануваат незабележани.

Претседателот на Европскиот совет Кошта вчера за време на посетата на Скопје порача дека процесот на евроинтергација на земјава се одвива многу долго и оти сега е време да се испорачаат резултати. На новинарско прашање дали има план Б за тоа да се надминат барањата од страна на Бугарија, Кошта истакна дека не треба да се потценува планот А и дека треба да се фокусираме на негова испорака.

YouTube video

Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК

Ракометниот клуб Алкалоид го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Грција каде ќе го игра првиот финален меч во Европскиот Куп на ЕХФ против АЕК од Атина.

Алкалоид го одржа последниот тренинг пред дуелот со АЕК

На тренингот бил присутен и Генералниот директор/Претседател на УО на АЛКАЛОИД АД Скопје, Живко Мукаетов, кој го поздравил тимот, а на играчите им посакал среќа и успех и им порачал дека верува во нивните квалитети за позитивен резултат, пред реваншот за трофеј во Скопје.

Играчите и стручниот штаб му се заблагодарија за поддршката и ветија максимална борба, за нов европски клупски успех, соопштија од клубот.

Првиот финален натпревар меѓу АЕК Атина и РК Алкалоид се игра на 18 мај (недела) од 18:00 часот.

Ќе има ли прелети на пратеници од опозиција во власт?

И без Таравари Вреди има 13 – 14 пратеници, а Владата има стабилно мнозинство рече вицепремиерот Изет Меџити, кој најави дека парламентарното мнозинство ќе добие нови пратеници. 

Ќе има ли прелети на пратеници од опозиција во власт?

Одговрајаќи на новинарско прашање рече дека во моемнтов во тек се преговори, а веќе идната недела очекуваат да биде јасно кои членови од опозициските партии ќе им се приклучат,по што ќе предложат нов министер за здравство.

Во меѓувреме новата пратничка група на Вреди која беше формирана вчера во моментов брои 9 пратеници, а за нов координатор е назначен Беким Ќоку..

„Поединци групи, значи кој се надовр од Влен мислам во рамки на Европскиот фронт се опозиција кој што можеби ќе преминат од другата страна. Мислам дека гротто од членстовто на алијанса за албанците ќе остане во рамките на ВЛЕН. Во моментов владата има стабилно мнозинство, и без Таравари и имаме 13 – 14 пратеници. Ќе бидат поддршка за владата дел од мнозинството некој Вреди но сите тие се од Европскиот фронт. “-Изет Меџити – ВРЕДИ

Дека Владата е стабилна убеден е и министерот Орхан Муртезани. Тој во синоќешното гостување во „Само Интервју“ рече дека според моменталните трендови извесно е дека Вреди ќе победи на локјалните избори, а Таравари уште од самиот старT, како што оцени не бил сигурен што сака.

„Јасно е како бел ден дека тој не се тргна од Владата заради евроинтегративниот процес бидејќи имаше можност да дава придонес. Но тој се одлучи наместо тој придонес да оди во прегратките на Али Ахмети. Бидејќи на маса од наша страна имаше бел лист да ги запише општините кој сака да ги добие, колку проценти сака да добие и од листите и од општините и тој наместо тоа одлучи да оди сам на избори.после тоа да отвара врата и соработка и со ДУИ. “ - Орхан Муртезани – министер за евопски прашања

Посебна пратеничка група најавуваат и од крилото на Таравари во Алијанса. Оттаму уверуваат дека таа ќе брои 5 пратеници, а барањето според најавите до Собранието ќе го испратат идната недела, откако претходно ќе се повлечат од коалцијата Вреди.

Се поизвесно е дека вицепремеирот за добро владеење Арбен Фетаи ќе остане во Владата како дел од Вреди, откако тој не беше присутен на партискиот состанок на Алијанса во Тетово, а и денеска Меџити повтори дека Фетаи добро си ја работел работата и придонесувал кон промените и очекува тоа така и да остане.

YouTube video

притисни ентер