СДСМ: Животниот стандард паѓа, платите во Македонија се 35% од европскиот просек а цените над 60% - Канал 5

СДСМ: Животниот стандард паѓа, платите во Македонија се 35% од европскиот просек а цените над 60%

Владата на Христијан Мицкоски ги запре политиките на СДСМ за постојано покачување на платите и го доведе животниот стандард на граѓаните до точка на преживување.

СДСМ: Животниот стандард паѓа, платите во Македонија се 35% од европскиот просек а цените над 60%

Додека платите стагнираат, цените вртоглаво растат, животниот стандард на граѓаните опаѓа постојано.

Просечната плата во Македонија денеска изнесува само околу 35% од европската просечна плата, односно една третина.

Од друга страна оак, цените во Македонија се високи, и достигнуваат на 60% од европскиот просек на цени.

Тоа значи дека граѓаните во маркет, на пазар, во продавница, плаќаат речиси европски цени, а мора да живеат со трипати пониски плати.

Синдикалната потрошувачка кошничка во август достигна 65.507 денари. Двајца вработени со минимална плата во едно семејство немаат доволно пари да ги покријат основните месечни трошоци.

Минималната плата во Македонија е меѓу најниските во Европа и во регионот.

Во БиХ минималната плата е 511 евра, во Србија 500 евра, во Црна Гора од 600 до 800 евра.

Во Македонија, со власта на Мицкоски, минималната плата се држи на дното, иако требаше одамна да достигне 500 евра. Наместо тоа, работниците добиваат само трошки, леб и сол.

Погрешните економски политики на оваа влада ги заковаа платите и животниот стандард на дното во Европа.

Не може да има 6 милијади евра буџет, да нема пари за граѓаните и за работниците а да има за папаја, манго и луксузирања за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа мора итно да се промени. Единствената вистинска политика денес мора да биде:

Итно покачување на платите во сите сектори,

Зголемување на минималната плата на 500 евра веднаш

Мерки за намалување на високите цени, како укинување на ДДВ за храна што го предложи СДСМ.

Тоа се единствени и реални политики за достоинствен живот на работниците и граѓаните.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка

YouTube video

Скопје, 22.08.2025

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!

Со децении, „Златната топка“ (Ballon d'Or) е многу повеќе од обична награда за најдобриот фудбалер во светот. 

Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!

Зад овој престижен трофеј се водат жестоки кампањи, се врши лобирање, се контактираат новинари и се убедуваат гласачите, а понекогаш работите – според сведоштвото на човек кој со децении бил во самото средиште на случувањата – одат и многу подалеку.

Паскал Фере, поранешниот главен уредник на „Франс фудбал“ (France Football) и човекот кој со години беше задолжен за „Златната топка“, отвори врата што долго време беше затворена.

Во книгата „Скриеното лице на Златната топка“, како и во интервјуата по повод нејзиното објавување, тој откри низа неверојатни детали од задкулисните случувања поврзани со најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.

Фере раскажа за средба со агент на еден фудбалер номиниран за награда.

Според неговите зборови, агентот најпрво му ги претставил квалитетите на својот клиент, а потоа директно го прашал дали може да ја „продаде“ неговата кандидатура на членовите на жирито.

Фере одбил. Во еден момент станал од масата за да се јави на телефон.

Кога се вратил – агентот го немало, но на масата останал плик. Фере не го отворил пликот. Го зел и веднаш го однел на рецепцијата во хотелот. И денес, како што вели, не знае што имало внатре. Уште побизарно е тоа што подоцна повторно се сретнал со истиот агент, но никогаш не му го спомнал пликот.

Фудбалерот што го застапувал тој агент никогаш не ја освоил „Златната топка“.

Името на Флорентино Перез е речиси неизбежно кога се зборува за Реал Мадрид и „Златната топка“.

Реал со години имаше свои кандидати, од Кристијано Роналдо и Лука Модриќ до Карим Бензема и Винисиус Жуниор.

Ситуацијата особено ескалираше во 2024 година, кога мадридскиот клуб одлучи да ја бојкотира церемонијата откако Винисиус заврши зад Родри.

Делегацијата на Реал Мадрид тогаш не отпатува за Париз.

Сепак, Фере тврди дека Перез лично никогаш не се обидел да влијае врз него.

„Тој ја сака таа награда, но никогаш не ми испратил порака ниту, пак, индиректно навестил нешто“, раскажува Фере за своето искуство со претседателот на Реал. Тоа, сепак, не значи дека немало сериозно лобирање околу „Златната топка“.

Фере зборуваше и за годините на големо ривалство меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Според него, луѓето од опкружувањето на Роналдо, а особено оние од Реал Мадрид, одлично знаеја како да се борат за наградата – се разбира, во рамките на дозволеното. Токму тој период покажа колку важна стана „Златната топка“, не само за играчите, туку и за клубовите, агентите и целосните фудбалски империи.

Една од најемотивните приказни се однесува на Лука Модриќ.

Токму Фере бил тој што го известил хрватскиот маестро дека ја освоил „Златната топка“ во 2018 година.

Модриќ на почетокот не се јавуваше на телефон. Кога конечно разговараа, настана тишина, а потоа почнаа солзите. „Зошто јас?“, праша Модриќ – според сеќавањето на Фере – целосно совладан од емоции.

Тој вети дека нема никому да ја соопшти веста пред церемонијата – дури ни на сопругата. Бензема беше воздржан, Фере беше збунет Ниту повикот до Карим Бензема во 2022 година не се одвиваше како што се очекуваше.

Фере беше изненаден од неговата воздржана реакција, особено затоа што знаеше колку е значајно освојувањето на „Златната топка“.

Дури подоцна Бензема му објасни дека во тој момент бил опкружен со луѓе и морал да внимава да не ја открие тајната. Така, некогашниот чувар на најголемата фудбалска тајна ја откри и другата страна на приказната – онаа во која победникот веќе знае дека станал дел од историјата, но сè уште не смее да каже ни збор.

Фере е свесен дека неговите приказни ќе предизвикаат бура. Но, истовремено предупредува дека околу „Златната топка“ кружат огромен број гласини и неточни информации.

Затоа, неговата книга не се занимава само со местење, лобирање и притисоци, туку и со тоа како славата, парите, егото и престижот го промениле односот на фудбалскиот свет кон оваа награда. И можеби токму тоа е најинтересното.

Бидејќи зад гламурозната вечер, скапите костуми и блескавиот трофеј се крие свет во кој се туркаат кандидатури, агенти лобираат, клубови се лутат, а понекогаш – на масата се појавува мистериозен плик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Изградба на дом за стари лица во Кавадарци

Потпишан е договорот меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кавадарци за изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица, објави на фејсбук, градоначалникот Митко Јанчев.

Јанчев: Изградба на дом за стари лица во Кавадарци

Изградба на дом за стари лица во Кавадарци [✔️]

Потпишан е договорот меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Кавадарци за изградба на Јавна општинска установа за вонсемејна социјална заштита на стари лица, со што е направен значаен чекор кон реализација на овој важен проект.

Новата установа ќе располага со капацитет за 57 лица и ќе се простира на вкупна површина од 3.365,1 м². Вкупната вредност на договорот изнесува 154.927.746 денари, од кои 149.489.782,12 денари се обезбедени од Министерството, додека 5.437.963,88 денари се учество на Општина Кавадарци преку средства од општинскиот буџет.

До крајот на месецот се очекува да започнат градежните активности, со што проектот влегува во фаза на реализација.

Со изградбата на оваа современа установа, Кавадарци ќе добие значаен капацитет за згрижување и социјална заштита на старите лица, создавајќи подобри услови за грижа, сигурност и достоинствен живот.

Ова е инвестиција во луѓето, во социјалната сигурност и во подобра иднина за Кавадарци и неговите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии - арамијата троши како да има бунар без дно

Арамијата ја троши народната каса како да е бунар без дно. 

СДСМ: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии - арамијата троши како да има бунар без дно

Троши ама не за граѓаните, не поголеми плати и пензии - туку за криминални партиски тендери.

И сега пари нема за до крајот на годината!

Состојбата со централниот Буџетот е катастрофална.

Буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра.

Целиот планиран дефицит е веќе потрошен, нема пари за плати и пензии и тековни трошоци до крајот на годината.

Затоа нов ребаланс. Втор само два месеци после последниот ребаланс.

Ребалансот не е заради некакви мерки за горивата, тоа е уште една лага, ребалансот е поради катастрофалната состојба со буџетот и потфрлањата во приходите.

Наместо да скрати од непродуктивните трошења, да го запре луксузот и партиските тендери – повторно нови задолжувања.

Како што најавивме.

Едното веќе го почнаа, 250 милиони евра за буџетски потреби до крајот на годината. Следува и задолжување од огромни 1,3 милијарди евра.

Не за развој, не за инвестиции што ќе донесат нови работни места - туку за да се покријат дупките во касата.

Наместо да обезбеди стабилни приходи и одговорно трошење, трупа долг врз долг за да ги сервисира основните обврски.

За две години Мицкоски создаде нови 4 милијарди евра долг или колку половина од задолжувањата за 35 години.

Со долговите кон ЈПДП и другите јавни претпријатија долгот веќе надминува 63% од БДП. Каматите што државата ги плаќа годишно се зголемија од 120 на околу 350 милиони евра.

Овие милијарди долгови не се за повисоки плати, пензии, инвестиции и подобар стандард.

Тоа се пари што денес ги троши Мицкоски, а утре ќе ги враќаат граѓаните, затоа што кредитот не е приход, туку долг.

Ова е резултатот од катастрофалните економските политики на Мицкоски - раскрчмување на народната каса. Буџет што се полни со кредити, додека граѓаните едвај врзвуваат крај со крај.

Бајките на Мицкоски за „трета економија во Европа“ паднаа во вода. Со Мицкоски државата се движи кон економски и социјален амбис.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер