СДСМ: Згаснаа 62 млади животи, а власта ги штити вистинските виновници за Кочани - Канал 5

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи, а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Во Кочани изгореа 62 млади животи. Изгореа во дискотека која работела незаконски, под носот на институциите. Изгореа во објект кој требало одамна да биде затворен.

СДСМ: Згаснаа 62 млади животи, а власта ги штити вистинските виновници за Кочани

Изгореа зад заклучени врати, по наредба на актуелните службеници во МВР. И денес, додека родителите плачат, а државата треба да донесе правда, директните виновници се штитат од истрага.

Три месеци по трагедијата, нема вина, нема одговорност за оние кои ако делувале вечерта, трагедијата ќе била спречена. Вистинските виновници сè уште се на слобода.

Началници, инспектори, министри – сите тие кои требало да спречат се штитат во истрагата. Истрагата се затвора без ниеден обвинет актуелен функционер.

Наредбата со која била затворена вратата на дискотеката, клучната причина за високата бројка на жртви, до ден денес е мистерија. Никој не признава. Никој не потпишал.

Никој не знае ништо. И сите зборуваат за сè освен за суштината. Кој е одговорен за тоа што децата не можеа да излезат живи?

Оперативниот план на полицијата, наместо да се отвори пред јавноста, е прогласен за тајна. Зошто се крие вистината за одговорноста на полицијата?

Додека трагедијата уште боли, се штитат директните виновници

– Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, човекот кој ја дал наредбата, добива политичка заштита од својот поранешен адвокат сега министер, и од самиот Мицкоски.

– Драган Петрушев Казак, службеникот што ја спровел наредбата, иако знаел дека е спротивна на процедурите.

– Кристина Јованова, која дозволила фирма со блокирана сметка да работи на црно, да организира забави за деца.

– Томо Донев, кој не мрднал прст, ни кога било јасно дека се користи пиротехника без дозвола.

Фирмата ММММ ДООЕЛ, без дозвола за пиротехника, без овластени лица, работела без проблем. Не само што никој не ја спречил – се отвора сомнеж дека имала политичка заштита. Дали затоа што била блиска до ВМРО-ДПМНЕ? Затоа што организирала митинзи за партијата? Не добиваме одговор ниту на ова прашање.

Почитувани граѓани, ова е системско злосторство.

Кога државата не ги штити децата, туку ги штити оние што ги загрозиле, тоа веќе не е држава. Тоа е режим. Сите гледаме дека одговорност се бара кај келнери, кај диџеи, кај обезбедување. Кај последните во синџирот, но обвинителството е слепо за оние над нив. Се бараат виновници од 2012 година на ваму, но не и оние кои вечерта можеле да го спречат пожарот. Никој не сака да погледне во вистинските виновници и тоа е трагедија за целиот овој процес.

Но народот гледа. Родителите паметат. И СДСМ нема да молчи. Ова не е политичка пресметка – ова е должност. Ќе ја раскажеме вистината за Кочани, секој ден, секој детал, сè додека не паднат маските и не се појават сите имиња – и од полициските командни штабови, и од владиниот врв.

Ова е масовно убиство со државен потпис и за тоа ќе има одговорност.

Бараме правда за Кочани.

YouTube video

Прес-конференција на пратеникот од СДСМ Миле Талески

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон со нова кукла

Барби ѝ оддаде почит на покојната Витни Хјустон со своја кукла. 

Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон со нова кукла

Таа им се придружува на голем број ѕвезди, вклучувајќи ги Дејвид Боуви и Дајана Рос, кои добија своја кукла како дел од колекцијата „Barbie Signature“. Куклата изгледа исто како Хјустон во музичкото видео за „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves Me)“ - облечена во розов, тесен фустан, шарени обетки и бели и сини потпетици, заедно со нејзините препознатливи шишки од 80-тите и долга виткана коса.

Барби ѝ оддава почит на Витни Хјустон

По повод речиси 40-годишнината од објавувањето на песната, како и нејзиниот роденден, куклата ја слави пејачката и нејзиното наследство во музиката, забавата и културата. „Музиката на Витни Хјустон е саундтрак за безброј моменти за обожавателите ширум светот“, рече Натан Бејнард, потпретседател и раководител на брендот Барби во Мател.

„Барби е горда што ѝ оддава почит на нејзиното извонредно наследство со најновото дополнување на колекцијата.“ „Оваа кукла го слави нејзиниот препознатлив стил, радост и дух. Се надеваме дека ќе им обезбеди на обожавателите значаен начин да го прослават уметникот чиј глас и влијание продолжуваат да резонираат низ целиот свет.“

Многу познати личности имаат свои кукли Барби

Куклата беше претставена на петтата годишна гала-вечер Витни Хјустон „Legacy of Love“, која е во корист на фондацијата на покојната пејачка за помагање на младите луѓе. Таа им се придружува на голем број музичари како што се Мајли Сајрус, Кајли Миног, Стиви Никс и Глорија Естефан кои исто така добија своја кукла во колекцијата. Други ѕвезди се Тина Тарнер, Елвис Присли, Елтон Џон и Хуан Габриел.

Хјустон стана еден од најпродаваните изведувачи во историјата на поп-музиката откако потпиша договор како тинејџерка. Таа стоеше зад хитови како „How Will I Know“, „Saving All My Love For You“ и нејзината изведба на „I Will Always Love You“, која се искачи на врвот на топ листите. Таа почина во 2012 година на 48-годишна возраст.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Малиот „Smart“ прикажан пред премиерата: Досегот ќе ве изненади

„Smart“ се враќа на малите автомобили, но електричниот „#2“ сега има многу поголем досег на возење.

Малиот „Smart“ прикажан пред премиерата: Досегот ќе ве изненади

Новиот градски автомобил „#2“ на „Smart“ требаше да биде претставен во октомври на Саемот за автомобили во Париз, но кинеските регулаторни документи веќе го открија неговиот изглед и технички податоци.

Моделот „#2“ го претставува враќањето на „Smart“ во сегментот на мали градски автомобили и е развиен во соработка со „Mercedes-Benz“ и „Geely“. Ќе се продава исклучиво како електричен автомобил.

Дизајнот на производствената верзија е многу сличен на концептот претставен во април. Разликите главно се однесуваат на поедноставна решетка и браници, различни светла, класични рачки на вратите и помали тркала со конвенционални гуми.

Купувачите ќе можат да изберат двобојни комбинации на каросерија, различни дизајни на тркала и дополнителни аеродинамични елементи.

Поголем, но сепак исклучително компактен

„Smart #2“ е долг 2,75 метри, што е околу шест сантиметри подолго од претходниот „EQ ForTwo“. Меѓуоскиното растојание останува речиси непроменето, додека кругот на вртење е 6,95 метри.

Автомобилот ја користи новата механичка платформа на „Geely“, „Electric Compact Architecture“, и електричен мотор од 82 КС поставен на задниот дел. Максималната брзина е електронски ограничена на 140 км/ч.

Досег 300-400 километри

Енергијата се обезбедува од „LFP“ батерија произведена од „CATL“, додека „Geely“ е одговорен за нејзиното склопување. „Smart“ наведува „WLTP“ досег од 300 километри, додека според кинескиот „CLTC“ стандард е можно да се поминат дури 400 километри.

Ова е значително повеќе од она што го нудеше претходниот „EQ ForTwo“.

Новиот модел ја поддржува и функцијата „V2L“, како и брзо„ DC“ полнење, при што батеријата се полни од 10 до 80 проценти за помалку од 20 минути.

Внатрешноста на сериската верзија сè уште не е прикажана, но се очекува дигитална инструмент табла, централен дисплеј и модерни детали познати од концептот.

„Smart #2“ ќе се произведува во Кина, а по официјалната премиера во Париз во октомври, треба да стигне до бројни светски пазари, вклучително и Европа. Цената ќе биде објавена подоцна.

Извор:Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема повеќе ограничувања за бесплатниот „ChatGPT“

„OpenAI“ објави дека бесплатниот „ChatGPT“ ќе добие неограничен број текстуални разговори, како и некои нови функции.

Нема повеќе ограничувања за бесплатниот „ChatGPT“

Американската компанија за вештачка интелигенција „OpenAI“ објави дека сите корисници на бесплатната верзија на алатката „ChatGPT“ ќе добијат неограничен број текстуални разговори, со што се отстранува претходното ограничување за разговор.

Бесплатните корисници и корисниците на пакетот „Go“ во иднина ќе го користат новиот модел „GPT-5.6 Luna“, кој станува стандарден модел наместо претходниот „GPT-5.5“.

Покрај тоа, корисниците ќе имаат пристап и до нова опција за подлабоко размислување (Think) што му овозможува на моделот да користи повеќе компјутерски ресурси при решавање на посложени прашања, објавува „Tech Crunch“.

„OpenAI“ нагласува дека ограничувањата сè уште ќе постојат за функциите што бараат повеќе ресурси, како што се работа со датотеки, гласовна комуникација, обработка на слики и генерирање нови слики.

Промените доаѓаат и кај корисниците со претплата „Plus“ и „Pro“ кои ќе го добијат подобрениот модел „GPT-5.6 Sol“, наменет за брзи задачи како што се одговарање на прашања, пребарување на интернет, планирање, пишување и донесување одлуки.

Новиот модел, според „OpenAI“, обезбедува поконцизни и посигурни одговори.

Дополнително, корисниците на „Plus“ и „Pro“ добиваат можност да го прилагодат нивото на размислување (Thinking Slider), што им овозможува да одредат колку време и компјутерски ресурси моделот ќе посвети на одговорот, во зависност од сложеноста на задачата.

Новиот модел е достапен за корисниците на „Plus“ и „Pro“ веднаш, додека оние кои не се претплатници постепено ќе добијат пристап до неограничени текстуални разговори во текот на оваа и следната недела.

Извор: Б92

Фото:ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер