СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски! - Канал 5

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Секој што го прекршил законот мора да одговара.

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување.

После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор.

СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност.

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати.

На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски.

Но и бројните скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви оддговори.

161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди Груп“, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.

Сите тендери водат до најтесниот круг околу Мицкоски а повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството.

Повеќе од 20 денови нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за сликите со Симе, за Адамовиќ...

Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата но ќе добијат театар, како денеска.

Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.

Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните.

Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад највува некое апсење.

Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус.

Нема одговор за 5 тони дрога, веднаш 100 тони запленета марихана од Струмица.

“Лесни македонски перници“, на овој начин 5 тони дрога била пренесена преку границата. Значи замешани се и од царината и од полиција, и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски.

Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара?

Затоа им е потребен Артан Груби.

Цела е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ.

Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ.

А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ.

Власта го презема судството и обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО сега е вистинско време Груби да се предаде.

Кој се смее кога го апсат?

Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби?

Ова нема да помине.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка

YouTube video

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија Груби да се врати

-По денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување, посочи портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција.

СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година, а сега само се потврди пред очите на македонската јавност. Целта е политички дефокус и заштита на власта. На овој начин ВМРО, со поддршка од ДУИ, сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на Владата на Мицкоски. Но да ги прикрие и бројните скандали со криминални тендери, за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори, а сите криминали водат до најтесниот круг околу Мицкоски.

„Нема одговор за 5 тони дрога. Значи, замешани се и од Царината, и од полицијата, и од други институции под контрола на владејачката структура и на Мицкоски. Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара? Затоа им е потребен Артан Груби. Целта е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ. Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ. А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ. Кој се смее кога го апсат? Како нема ниту една камера од 65 илјади за 5 тони дрога а има камери за Груби? Власта ги презема судството и Обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО, сега е вистинско време Груби да се предаде“, посочи Кузеска на денешната прес-конференција.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

По прозивките од СДСМ, Јавното обвинителство соопшти дека предметите ги оформува исклучиво врз основа на прибавени докази и закони, а не под влијание или барања на политички субјекти.

ОЈО за прозивките од СДСМ: Предмети отвораме врз основа на докази, не на барања од политички партии

Од ОЈО Скопје посочуваат дека институцијата постапува согласно своите законски надлежности во сите случаи каде што постојат индиции или докази за сторено кривично дело.

Оваа реакција од Обвинителството доаѓа како одговор на прашањето дали ќе биде отворена истрага за случајот со „АЛТА банка“, по барањата и обвинувањата кои беа јавно изнесени од страна на опозицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Најдобро платениот светски фудбалер, легендарниот Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд.

Кристијано Роналдо станува продуцент и влегува во Холивуд

Тој ги здружи сили со режисерот на хит филмот „Кингсман“.

41 годишниот Кристијано Роналдо ја проширува својата деловна империја и влегува во филмската индустрија.

Познатиот фудбалер ги здружи силите со режисерот Метју Вон (55), познат по филмовите од серијалот „Кингсман“ (Kingsman), со кого ја основаше филмската и телевизиска продукциска куќа „UR Marv“, пишува heute.at.

Првиот заеднички проект е акциона комедија „Stuntnuts“, во која се појавуваат и познати холивудски имиња, како што се Крис Хемсворт, Сем Роквел и Мет Дејмон.

Според германскиот „Билд“, филмот треба да им биде претставен на претставници од филмската индустрија на „Американскиот филмски пазар“ (American Film Market).

Дејството следи двајца талентирани каскадери кои прифаќаат ангажман во голема холивудска продукција, со цел да заработат доволно пари за да ја спасат својата локална теретана.

Специфичноста на филмот е во тоа што главните улоги ги играат професионални каскадери, а не класични филмски актери.

Меѓу нив се Боби Холанд Хантон (42), кој со години беше каскадер-двојник на Крис Хемсворт, и Грег Таунли (30), кој го заменуваше Том Холанд во филмовите за „Спајдермен“.

Во филмот настапуваат и Пол Лоу, кој работел на филмовите за „Хари Потер“ и на серијата „Игра на тронови“, како и Харука Ошима, позната по својата работа на филмовите „Не е време за умирање“ и „Матрикс“.

За време на подготовките за филмот се случи сериозна несреќа. Грег Таунли падна од водокула неколку месеци пред почетокот на снимањето, при што се здоби со фрактури на 'рбетот на три места. Поради неговата повреда, продукцијата беше одложена неколку месеци.

Несреќата подоцна беше вклучена во сценариото за да се истакнат опасностите со кои се соочуваат професионалните каскадери во својата работа.

За Роналдо, ова претставува нов деловен потфат надвор од фудбалот, а според медиумските извештаи, веќе се подготвуваат и други филмски и телевизиски проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Ново значително намалување на цените на горивата.

Од полноќ значително намалување на цените на горивата

Бензините Еуросупер БС-95 и БС-98 поевтинуваат за седум денари по литар, а дизелот за 5,5 денари...

Од полноќ, новата цена на 95-ката ќе изнесува 86 денари, а на 98-ката, 88 денари за литар. Дизелот ќе се продава по 94,5 денари за литар.

Од регулаторна кажаа дека намалувањето на цените е резултат на падот на берзанските цени на нафтените деривати, понискиот курс на доларот, но и владините мерки за намалување на акцизите за бензините и дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер