СДСМ: За само 100 дена од мандатот на Ковачевски: поголеми плати, пензии, инвестиции...

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се очајни што нивните градоначлници ништо не работат, што блокадите не им успеваат и што Владата предводена од Ковачевски има видлив резултат за само 100 дена.

За само 100 дена од мандатот на Ковачевски, иако е време на најголема светска економска иенергетска криза:

1. Највисок раст на минималната на 18.000 денари;

2. Историски најголемо зголемување на пензиите;

3. Историски најголемо покачување на платите во образованието од 15%;

4. Раст на просечната плата која достигна 30.000 денари

5. 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите;

6. Субвенионирање на цената на струјата, имаме најниска цена во регионот;

7. 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните;

8. Дополнителна финансиска помош од по 1.000 денари месечно за пенизонерите;

9. Финансиска помош од 1.000 денари за ранливи граѓани;

10. Интервентен фонд за земјоделците и Национален план за храна

11. Намалени цени на 230 лекови

12. Енергетска транзиција, нова фотоволтаична електрана Осломеј

13. Нов 400 киловолтен далекувод вреден 17,2 милиони евра

14. Почеток на гасниот терминал Александрополи

15. Успешно справување со кризата, нема недостаток на ништо, нема застој во исплати;

И додека Владата предводена од СДСМ и Ковачевски сето ова го реализираа за помалку од четири месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ:

1. Блокади

2. Одбара на криминал

3. Неспособни градоначлници

СДСМ

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер