СДСМ: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства, дрога од 5 тони - оставка Тошковски! - Канал 5

СДСМ: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства, дрога од 5 тони - оставка Тошковски!

Последниот случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје е уште еден сериозен аларм дека системот кој треба да штити и да ги превенира ваквите појави, целосно потфрла.

СДСМ: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства, дрога од 5 тони - оставка Тошковски!

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ

Нема систем. Има само жртви. И за тоа мора да има политичка и секаква друга одговорност.

За сите пропусти, за промашената превенција, несоодветното постапување на МВР јасна е одговорност на министерот Панче Тошковски.

Во последните две години со ВМРО на власт, живееме во држава во која насилството е секојдневие, во училиштата, во домовите, на улиците.

Дури и безбедноста на децата е загрозена. Само од почетокот на годинава имаше три грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници во Скопје, Гостивар, Неготино.

Превенција никаква. А наместо одговорност, неказнивост.

Семејно насилство на секој чекор - со случаи кои завршуваат трагично, и покрај претходни пријави.

Згаснаа животи на мајка и малолетно дете - МВР на чело со Панче Тошковски не ги заштити. И покрај 12 пријави за две години за семејно, физичко и психичко насилство врз младата Ивана - МВР било слепо и глуво.

Насилник во Велес ја уби младата Росица и нејзиниот татко - уште едно во низата потврдувања дека МВР и Тошковски потфрлија.

Сериски убиец во Кумановско Старо Нагоричане уби пет жени, додека две години биле игнорирани пријавите на жителите - МВР и Тошковски повторно потфрлија.

Ни се случи најголемата трагедија, во Кочани згаснаа 63 жртви. Тошковски ги штитеше неговите началници.

Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола. Пет тони еј!

До ден-денес нема одговор од МВР како поминале, и кој ќе одговара во врвот на власта.

Царина, полиција, службеници, началници? Кој ќе одговара?

Полицијата е ставена во функција на заштита на власта, наместо на граѓаните.

Ниту една прес-конференција на министерот Тошковски нема да ја врати довербата на граѓаните.

Одговорност мора да има, а таа е директно кај министерот Тошковски, време е да ја преземе и да си даде оставка. Покажа дека нема капацитет да ги заштити граѓаните и да ја гарантира безбедноста.

Граѓаните заслужуваат да живеат во безбедна држава, заслужуваат институции кои функционираат за нив - а не криминален систем.

YouTube video

Скопје, 29.04.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа Мурму

Од денеска (20.07.2026) до 23.07.2026 во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателката на Република Индија, г-ѓа Друпади Мурму.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Претседателката на Република Индија, г-ѓа Мурму

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници,соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тимоти Шаламе и Кајли Џенер се бакнуваат на трибините на финалето на СП

Тимоти Шаламе и Кајли Џенер го привлекоа вниманието на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија.

Тимоти Шаламе и Кајли Џенер се бакнуваат на трибините на финалето на СП

Двојката го гледаше натпреварот од трибините, а фотографите го забележаа моментот кога разменија бакнеж.

Шаламе носеше сина маица со долги ракави од Адидас за таа пригода, додека Џенер носеше црна облека и очила за сонце. За време на средбата, тие седеа еден до друг и не ја криеја својата нежност.

Својата врска ја покажуваат сè почесто во јавноста

Актерот и ријалити ѕвездата ја држеа својата врска подалеку од јавноста долго време, но во последно време сè почесто се појавуваат заедно на големи настани. Фотографиите од нивниот бакнеж од финалето брзо се проширија на социјалните мрежи.

Финалето на Светското првенство привлече многу познати гости, а Шаламе и Џенер беа меѓу паровите кои предизвикаа најголемо внимание на трибините.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница од најпрестижната фолклорна манифестација во Хрватска

Македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во областа на заштитата, презентацијата и промоцијата на нематеријалното културно наследство.

Македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница од најпрестижната фолклорна манифестација во Хрватска

На свечена церемонија во Хрватскиот државен архив, по повод 60-годишнината на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб – најугледната хрватска манифестација посветена на зачувувањето, презентацијата и промоцијата на традициската култура и нематеријалното културно наследство – македонскиот КИЦ во Загреб доби благодарница за креативен придонес и успешна взаемна соработка во продлабочувањето на соработката меѓу Македонија и Хрватска во областа на заштитата, презентацијата и промоцијата на нематеријалното културно наследство. Благодарницата за македонскиот КИЦ ја врачи уметничкиот директор на Меѓународната смотра на фолклорот, Твртко Зебец, а во име на директорката на македонскиот КИЦ ја прими Зорица Велиновска, претставничка на Македонците во Советот за национални малцинства на Република Хрватска.

„Ова е исклучително значајно признание за македонскиот КИЦ во Загреб и потврда за неговата клучна улога на полето на културната дипломатија и јакнењето на културната соработка меѓу Македонија и Хрватска, особено во областа на зачувувањето и промоцијата на нематеријалното културно наследство. Да се добие благодарница по повод 60-годишниот јубилеј на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб, манифестација чиј претседавач на Советот е министерката за култура и медиуми на Република Хрватска, Нина Обуљен Коржинек, претставува голема чест и привилегија, а истовремено и уште поголема обврска и одговорност да продолжиме со квалитетна презентација и промоција на богатата вековна македонската култура и уметност. Нашата визија е преку културната дипломатија да придонесуваме кон продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска и да отвораме нови можности за соработка афирмација и промоција на културните вредности на двете држави “, вели Мими Ѓоргоска Илиевска, директорка на македонскиот КИЦ во Загреб.

По повод јубилејот 60 години Меѓународна смотра на фолклорот, во македонскиот КИЦ во Загреб на почетокот на овој месец беше отворена изложбата „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот во Загреб“, на авторките Ивона Опетческа Татарчевска и Бојана Пољаковиќ Поповиќ. Изложбата преку фотографии од архивата на МСФ го документира шестдецениското учество на македонските фолклорни групи на оваа значајна меѓународна манифестација.

Оваа година во рамките на официјалната програма на Смотрата на сцените во паркот Зрињевац и на главниот плоштад „Бан Јелачиќ“ во Загреб со својот автентичен вевчански фолклор се претстави КУД „Дримкол„ од Вевчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер