МакедонијаСДСМ: Враќање во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков, медиумски мрак и хајкиМакедонија се враќа во времето на Никола Груевски и медиумскиот мрак, хајки против опозицијата и јавни линчови.СДСМ целосно го разоблички медиумскиот октопод Алфа-Алта и позадината за постојаната црна кампања. Претседателот на СДСМ, раководството, членовите се под постојани напади од сите страни на кујните на ВМРО, медиумскиот октопод Алфа-Алта и центрите на моќ на кои не им одговара борбата на СДСМ против криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. Јавно достапни податоци, како што се извештаите на Freedom House, Reporters Without Borders (RSF), Европската унија (ЕУ), ОБСЕ и други, потврдуваат дека состојбата со медиумските слободи се влоши по доаѓањето на ВМРО на власт. Најсилен показател е падот на рангирањето на Северна Македонија на глобалните индекси за слобода на медиумите. Северна Македонија бележи пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на „Репортери без граници“. За разлика од минатата година, кога беше на 36. место, оваа година е на 42. позиција, со предупредување дека „владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите“. РБГ истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за „зголемен број случаи на цензура и автоцензура меѓу новинарите“. Последниот извештај на „Freedom House“ за 2025 година, насловен „Слободата во светот 2025“, покажува дека Македонија е делумно слободна земја. Се констатира дека измените на Законот за аудиовизуелни медиуми, кои овозможуваат државни реклами во приватни медиуми, доведуваат до политичко влијание. „Shadow report“ од јуни 2025 година открива дека преку 10 милиони евра се потрошени на политичка пропаганда. Исто така, фабрикувањето лажни вести, вклучително и „deepfakes“ против опозицијата, е документирано во „Balkan Insight“ од септември 2025 година. Во октомври 2024 година, новинари од „Balkan Insight“ биле заплашувани додека се обидувале да известуваат за протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Институтот за медиуми (МИМ) во Годишниот извештај за 2025 година констатира дека се евидентирани 150 инциденти на притисок врз новинари. Во голем дел се поврзани со владејачката коалиција. Извештајот на ОБСЕ за медиумите во Западен Балкан (декември 2025) наведува дека Северна Македонија е означена како „најголем ризик“. Тоа е реалната слика за слободата на медиумите. Тоа е факт. Црните кампањи, јавниот линч и координираните напади кон СДСМ нема да ги премолчиме. Ние ги разобличуваме сите форми на пропаганда и злоупотреба на медиумите, ќе реагираме и понатаму и ќе се бориме за слободата и демократијата. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook