СДСМ: Во криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се затворија 10.000 фирми

Криминалното владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски останува запаметено по грабежот од граѓаните, економскиот пустош, компаниите беа предмет на казни, насилни преземања, кога имаше „пиштење-вриштење" и „со хилти се влегуваше" во приватни компании.

За тие 11 режимски години кога извршителот Христијан Мицкоски му беше советник на неговиот шеф Никола Груевски, се затворија над 10.000 компании, се наведува во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ. .

Денес, ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски само го продолжуваат патот кој им го трасираше Никола Груевски . На нивното лицемерие и лажна загриженост им нема крај.

Токму ВМРО-ДПМНЕ е партијата – кочничар која беше против носењето на новите законски решенија за повисока минимална плата, раст на платите и пензиите, а како последно и е кочењето на растот на платите во високото образование за 10% што ВМРО-ДПМНЕ намерно го блокира во Собранието.

За разлика од таквиот однос СДСМ за само две и пол години покажа што значи вистинска грижа за економијата и за домашните компании.

Преку фондот за иновации и технолошки развој, досега поддржавме 314 компании со 57 милиони евра. Тоа е 57 пати повеќе отколку во 2017 кога триесеттина компании биле поддржани со само 1 милион евра.

Со новиот Оперативен план за вработување за 2020 година со рекорден буџет од 1,4 милијарди денари дополнително ќе се зголеми поддршката кон домашната економија.

СДСМ покачува плати, пензии, економијата расте, отворени се над 60.000 нови работни места а невработеноста е намалена на досега најниски 17%.

ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски ниту како власт ниту како опозиција не се грижат за граѓаните и приватните компании, се грижат само парите да завршуваат во белиот дворец и џебовите на фамилијата.

На 12 април следува нов пораз и одговорност за целиот криминал. Режим никогаш повеќе!, се наведува во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО – ДПМНЕ. .

Марио Гомез за изгледот на Озил: Не знам која му е целта

Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил (35) се повлече од играњето на почетокот на 2023 година и оттогаш работи на трансформирање на своето тело.

Озил низ кариерата беше слаб, лесен напаѓачки играч за врска, но во последно време тренира со тегови во теретана. Резултатите се видливи, а снимките и фотографиите ги објавува на Инстаграм.

Озил ја помина својата кариера играјќи на врвно ниво. Започна во Германија, играше за Шалке и Вердер, а потоа се пресели во Реал Мадрид и Арсенал. Кариерата ја заврши во Турција. Освои десет клупски трофеи, а со германската репрезентација беше светски првак во 2014 година.

Сонародникот на Озил и пензиониран напаѓач на Баерн, Марио Гомез (38) зборуваше за физичката промена на Озил во подкастот на Билд: „Се восхитувам како се справува со тоа. Но, јас сум поддржувач на средината бидејќи доживеав осцилации во двете насоки и знам дека екстремите не водат кон ништо добро не знам која му е целта.

Не е за мене, но не е тоа поентата. Кога ќе ја завршите кариера во која сте фалени и охрабрувани со години, природно е да го барате она што ве исполнува. Месут изгледа го нашол во теретана. Играше со Роналдо и можеби помислил: „Сега имам време да станам мал Кристијано“.

Гомез зборуваше и за Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој освои сѐ што можеше и кој е познат по својата неверојатна индивидуална работа, поради што и на 39 години се уште игра за Саудиска Ал Наср.

„Можете да мислите што сакате за Роналдо, но кога зборуваме за инфлуенсери, тој имаше позитивно влијание на цела генерација. Секој ден покажува колку труд треба да се вложите за да имате такво тело, а младите играчи го следат Веќе не пијат алкохол, во слободно време се во теретана, имаат приватен физиотерапевт и сите пијат филтрирана вода.

Посветеноста и професионалноста се многу повисоки денес и тоа има многу врска со Кристијано. Дури и Лионел Меси е на пат да стане Роналдо. Одеднаш и тој виси во теретана затоа што знае дека треба да удри гас. Тоа е моќта што социјалните мрежи можат да ја имаат“, рече Гомез.

Гомез во текот на својата професионална кариера играше за Штутгарт, Баерн, Фиорентина, Бешикташ и Волфсбург. Шест пати беше најдобар стрелец во различни натпреварувања, освои осум клупски трофеи и ја заврши својата играчка кариера во 2020 година. Денес работи како технички директор на РБ Лајпциг.

Трудница е убиена во својот дом во Лос Анџелес, требало да роди близнаци

Во Лос Анџелес е во тек истрага откако бремена жена била пронајдена избодена до смрт во нејзиниот дом, соопштија локалните власти.

Замениците на шерифот на округот Лос Анџелес одговорија на повикот во Палмдејл пред два дена.

„По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците насилно влегле во домот каде забележале крв на подот од дневната соба“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Жртвата била пронајдена со убодни рани и била констатирана смрт на местото на настанот, известија од кабинетот на шерифот.

Според информациите кои за ABC News ги потврди шерифот Мајк Гомез, жртвата била бремена околу шест до седми месец и носела близнаци. За убиството се уште нема уапсен.

"Светот е суров. Не можам да го разберам ова. Таа беше добра личност", изјави за KABC Лос Анџелес Алексис Армстронг, пријателка на несреќната трудница.

По четири децении светлоста на денот ќе ја види заборавен докуметарен филм за „Битлси“ (ВИДЕО)

Заборавениот документарен филм за Битлси „Let It Be“, кој го носи името на големиот хит на групата, повторно ќе ја види светлината на денот, по реставрацијата, на 8 мај на платформата „Дизни плус“.

Инаку, документарниот филм „Let It Be“ првично бил објавен во 1970 година. Бил недостапен четири децении. Последното издание било на VHS во осумдесеттите години на минатиот век.

Според извештаите, зад новата верзија на документарецот стои Питер Џексон, кој претходно работеше на уште еден документарец на Битлси „Get Back“.

„Let It Be“ е многу различен од биографиите контролирани од уметникот што вообичаено ги гледаме денес. Битлси беа длабоко незадоволни од тоа како изгледаа на екранот во тоа време, што делумно објаснува зошто филмот толку долго беше недостапен.

Сепак, „Нека биде“ денес може да се смета за класика, некои го пофалија, некои го критикуваа. Она што е сигурно е дека станува збор за документарец кој на Битлси првенствено гледа како на музичари.

„Let It Be“ пренесува не само голема енергија, туку и дел од свечената мистерија што ја придружуваше милениумската соработка на Битлси, пишува Techradar.com.

притисни ентер