МакедонијаСДСМ: Во година на јубилејот на кодификацијата, ВМРО-ДПМНЕ го избриша македонскиот јазик од ЕПВо година на јубилејот на кодификацијата, ВМРО-ДПМНЕ го избриша македонскиот јазик од Европскиот Парламент.Во годината кога Македонија одбележува 80 години од историската кодификација на македонскиот стандарден јазик, симболот на нашиот идентитет, културен континуитет и државност, Владата на ВМРО ДПМНЕ на срамен начин дозволи да се избрише името, достоинството, македонскиот јазик во ЕУ. Премиерот Мицкоски заради теснополитичките интереси ја отвори дебатата за македонскиот јазик во Европскиот парламент -нешто кое беше затворено, а јазикот дефиниран како единствен Македонски јазик, единствен Македонскиот народ. Комисијата за образование и наука на СДСМ, изразува длабока загриженост од ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е само државнички срам, туку и доказ за неспособноста и некомпетентноста на ВМРО-ДПМНЕ да води дипломатија, да застапува национални интереси и да разбере што значи јазикот за идентитетот на еден народ. Владата на ВМРО нема визија за јазичната политика, нема став во европските институции, ниту има глас кога се расправа за македонскиот идентитет. А најважно од сè – нема кичма да го брани македонскиот јазик. Наместо да ја искористат годината на јубилејот за засилена меѓународна афирмација на македонскиот јазик, тие дозволуваат да се поднесуваат амандмани во Европскиот парламент со кои се брише неговото име, неговото значење и неговото постоење. И сето тоа со нивна тишина. Со нивна дозвола. Со нивен срам. СДСМ беше партијата што обезбеди официјално признавање на македонскиот јазик во ЕУ со потпишување на договорот ФРОНТЕКС - без никакви додавки, фусноти и ѕвездички. СДСМ ги заштити лекторатите, го поддржа Институтот за македонски јазик, вложи во стручна литература, медиумска присутност и јавна употреба на македонскиот јазик. СДСМ ја внесе македонската јазична приказна во европскиот дискурс со почит и јасна позиција. Денес, после една година од Владата на ВМРО ДПМНЕ, сè тоа се брише. Се враќаме во времиња кога македонскиот јазик се нарекуваше „наводен“ или „регионален дијалект“. И тоа се случува со поддршка од домашната власт. СДСМ остро ја осудува оваа неспособна, молчалива и сервилна политика на ВМРО-ДПМНЕ. Го повикуваме премиерот Мицкоски, да излезе пред јавноста и јасно да се изјасни: дали го поддржува бришењето на македонскиот јазик од извештаите на ЕУ? Дали ќе се изјасни во Брисел или пак ќе ќути како и за сите останати теми? Исто така, ги повикуваме и сите граѓани, студенти, наставници, професори, уметници, медиуми да се приклучат кон заедничка борба за одбрана на македонскиот јазик како темел на идентитетот и иднината. Македонскиот јазик не е изборен слоган, не е политички маркетинг ниту реквизит за митинзи- тој е нашата татковина изразена во зборови. Како што рекол големиот Конески: „Сѐ додека го вардиме јазикот наш македонски, ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината“. СДСМ нема да молчи. Ќе зборуваме со јазикот на вистината, достоинството, но и одговорноста. Прес-конференција, Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Хаос поради нозете на Џеј Ло Светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез покажа дека дури и на 57-годишна возраст може да се пофали со завидна фигура, а нејзиното последно телевизиско појавување повторно привлече внимание поради нејзиниот изглед.Извајаните нозе на „жешката“ латиноамериканка Џеј Ло предизвикаа хаос, напорните тренинзи вродија со плод. Латино дивата Џенифер Лопез гостуваше во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, каде што се појави во краток фустан што ги истакна нејзините затегнати и мускулести нозе. За оваа пригода, таа одбра впечатлив мини-фустан во маслинеста боја, чиј крој дополнително ја нагласи фигурата по која таа е препознатлива со години. Токму мини-должината ги стави нејзините извајани нозе во центарот на вниманието, особено додека таа седеше на каучот во студиото. Стајлингот го заокружи со чевли со шпиц во кафеава нијанса, златни алки, часовник, прстени и обетки. Косата ја зачешла наназад и ја врза во високо опавче, додека очите ги истакна со шминка, а усните ги остави во неутрални тонови. Сепак, фотографиите од студиото брзо привлекоа внимание, а нејзиниот избор на облека уште еднаш покажа дека пејачката радо избира парчиња што ја истакнуваат нејзината фигура и дека не се плаши од кратки и провокативни кроеви.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
ЗабаваФото: Ретко кој го забележа шеширот покрај бујното деколтет!Од шеширот едвај се гледа, но градите сепак „штрчат“, дали знае некој која е оваа убавица?Раперката Карди Б не пропушти прилика повторно да ги покаже своите прекрасни бујни облини – но и својот префинет вкус за мода и модни трендови. Синоќа во Лос Анџелес се одржа 17-тото доделување на наградите „Гувернерс“ (Governors Awards), настан на кој присуствуваа бројни ѕвезди. Американската раперка Карди Би не ја пропушти можноста да заблеска на овој настан, воодушевувајќи ги сите присутни со своето модно издание. За хуманитарниот настан, таа му ја довери довербата на модниот дизајнер Тамара Ралф и облече нејзин фустан од висока мода. Како што може да се види, белиот фустан, кој е кроен со нагласен струк, ја истакна нејзината витка фигура, но истовремено ги нагласи и нејзините бујни гради. View this post on Instagram A post shared by Gala (@galafr) Интересен беше и делот на стомакот – златниот елемент во стил на корсет, кој на целата креација ѝ даде нота на модерен гламур. Сепак, главниот акцент во стајлингот беше преголемата шапка, која совршено се вклопи во оваа комбинација и го претвори целокупниот изглед на раперот во уметничко доживување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАНБА инвестира милијарди во европската кошарка !Најсилното светско кошаркарско првенство, НБА планира да инвестира милијарди долари во создавањето на нова европска кошаркарска лига, во која сака да ги вклучи најголемите фудбалски клубови од Стариот континент.НБА не се откажува од идејата за започнување ново кошаркарско натпреварување на Стариот континент, а амбициите на американската организација стануваат сè поголеми. Според информациите на британскиот „Скај њуз“ (Sky News), планот е да се формира огромен инвестициски фонд кој би располагал со милијарди долари. Средствата првенствено би биле наменети за изградба на модерни спортски сали, развој на инфраструктурата и привлекување на големи европски клубови. Целта на НБА е да создаде натпреварување кое ќе ги обедини најпознатите спортски брендови во Европа и ќе стане сериозен конкурент на Евролигата. Посебно внимание привлекува списокот на клубови што американската организација сака да ги вклучи во проектот. Меѓу нив се Реал Мадрид, Барселона, Милан и Пари Сен Жермен. Идејата е овие фудбалски гиганти да добијат свои кошаркарски франшизи и да ја искористат својата постоечка популарност за развој на нов спортски производ. НБА особено смета на британскиот пазар, па Лондон и Манчестер веќе се споменуваат како потенцијални градови домаќини за нови тимови. Ова би му дало дополнителна комерцијална вредност на европскиот проект и би ја отворило вратата кон пазар каде што кошарката сè уште ја нема популарноста што ја ужива фудбалот. Сепак, реализацијата на еден ваков голем потфат нема да биде едноставна. Дел од потенцијалните инвеститори се загрижени поради огромните трошоци за започнување на натпреварувањето, но и поради неизвесноста во однос на неговата долгорочна профитабилност. Инаку, НБА претходно се обиде да најде заеднички јазик со Евролигата, но договор меѓу двете страни не беше постигнат. По неуспешните преговори, американската организација продолжи да ја развива идејата за посебно европско натпреварување, со поддршка од ФИБА. Доколку планот се реализира, европската клупска кошарка би можела да влезе во сосема нова ера, со огромни финансиски вложувања и доаѓање на некои од најголемите спортски имиња.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook