МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
1МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
МакедонијаСДСМ: ВМРО вели дека враќа 8 милијарди евра што Македонија се задолжила за 35 години, а тие за две години направија 4 милијарди нов долгВМРО-ОКГ денеска тврди дека Македонија треба да врати речиси 8 милијарди евра задолжувања „од времето на СДСМ“. Тоа не е точно.Ајде да ги ставиме фактите на маса. За 35 години независност ВМРО беше на власт речиси половина од тоа време - од Георгиевски, преку Никола Груевски и неговите 11 години, до Мицкоски денес. И во тие години се земаа кредити. И во тие години се создаваа обврски. Сега Мицкоски и неговата Влада за само две години направија околу 4 милијарди евра нов долг. Тоа е темпо што никој во историјата на независна Македонија не го постигнал. Организираната банда зборува за „наследени долгови“, а истовремено нејзината Влада продолжува да се задолжува секоја недела, касата е празна, а парите завршуваат во криминални партиски тендери. Да земаа кредити за да се отплатата долгови, вкупниот долг ќе се намалуваше, немаше да се зголемува. А Мицкоски го зголемува на 4 милијарди евра. Разликата е јасна: • 8 милијарди евра на сите Влади за 35 години. • 4 милијарди евра за само две години и тоа без резултати за граѓаните. Статистиката и процентите од БДП не ги полнат фрижидерите. Граѓаните најдобро ја гледаат вистината во своите паричници и во сметките што треба да ги плаќаат нивните деца и внуци. Оваа организирана криминална група нема граници - ниту во задолжувањето, ниту во лагите. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
МакедонијаМНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдатаОткако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
МакедонијаРации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилностиПо координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти. Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter