СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ рехабилитира соработници на фашизмот и прави удар врз темелите на македонската државност - Канал 5

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ рехабилитира соработници на фашизмот и прави удар врз темелите на македонската државност

Бескомпромисната борба против фашизмот не е само дел од нашето историско наследство, туку е структурна вредност на нашиот уставен поредок, на нашиот идентитет и на нашата евроинтегративна определба. 

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ рехабилитира соработници на фашизмот и прави удар врз темелите на македонската државност

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро ја осудува скандалозната одлука на Владата за именување на општинското основно училиште во Општина Студеничани со името на Азем Морана – познат балист и соработник на фашистичкиот окупатор за време и по Втората светска војна.

Ова именување е историски неосновано и претставува директно понижување на антифашистичката борба на македонскиот и албанскиот народ. Тоа е навреда за сите борци од НОБ, за жртвите од фашистичкиот терор, за вредностите врз кои е изградена нашата држава, слободна, демократска и европска Македонија.

Преку рехабилитација на фигури поврзани со балистичкото движење што ја прават ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се нарушуваат темелите на идеологијата врз која е изградена македонската државност: антифашизмот, народниот суверенитет и демократските вредности.

Според десничарската матрица, тие свесно и систематски го бришат антифашизмот од колективната меморија заменувајќи ги партизанските имиња со имиња на балисти, соработници со фашистичкиот окупатор.

Бескомпромисната борба против фашизмот не е само дел од нашето историско наследство, туку е структурна вредност на нашиот уставен поредок, на нашиот идентитет и на нашата евроинтегративна определба.

Срамно е една влада којашто тврди дека е за Европа да дозволува вакви опасни чекори. Наместо да ги едуцира младите за вистинските херои на слободата, таа ги учи да ги слават соработниците и поддржувачките на фашистичката идеологија. Тоа е образовно и морално злосторство за едно деморкатско општество коешто се стреми кон европските вредности.

СДСМ ја повикува Владата итно да ја преиспита одлуката, водејќи се од почитта кон борците и да поднесе итна иницијатива до надлежните институции за нејзино укинување. Ќе побараме и отворена расправа во Собранието, како и поддршка од Сојузот на борците и од сите прогресивни сили во државата.

Нема да дозволиме ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН да ја поткопуваат идеологијата на антифашистичката борба и македонската историја!

Македонија е изградена врз темелите на антифашизмот, а не врз ревизионизам и така мора да остане.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид.

Јанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границата

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид, каде со раководството разговараше за актуелните безбедносни предизвици и унапредувањето на полициското работење.

Фокусот беше ставен на ризиците од прекуграничен криминал долж зелената и водената граница, состојбата на граничните премини, движењето и престојот на странски државјани, како и потребата од навремено препознавање и спречување на безбедносните ризици.

„Безбедносната состојба е стабилна и поволна, но стабилноста не значи пасивност. Полицијата мора навреме да ги предвидува, анализира и спречува ризиците“, истакна Јанев.

На средбата беше разговарано и за материјално-техничкото и кадровското зајакнување на капацитетите, функционирањето на регионалните командни центри, како и за унапредување на координацијата и размената на информации со надлежните институции.

Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на концептот „One Stop“ на граничните премини со Албанија, почнувајќи од ГП „Ќафасан“.

„Целта е јасна – сигурна граница и полиција која делува превентивно и е чекор пред безбедносните предизвици“, порача Јанев, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи

Дали Коридорот осум ќе финишира до 2032 година..

Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи

И бугарската министерка и министерот Муцунски на конференцијата во Софија порачаа дека ќе се забрза реализацијата на Коридорот осум...

Еврокомесарката Кос пак посочи дека посакува еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од Европа.. Но позициите Скопје-Софија и по тет- а -тет средбата Муцунски- Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит- остануваат непроменти...

Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања...

Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Кос. Разговарале и околу билатералниот спор, но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во тој процес, изјави Муцунски...

За пораките од овие средби повеќе детали од Софија има Дејан Србиновски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

15 Попова Шапка, 20 Крушево, 22 Маврови Анови, Охрид, Претор, 24 Берово, Тетово, 25 Крива Паланка, Прилеп, 26 Битола, Зајчев Рид, 27 Демир Капија, Виница, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 28 Велес, 28 Скопје Петровец, Штип.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и релативно топло попладнево имаше зголемена облачност. До крајот на денот ќе има услови за појава на врнежи во северните и западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер