СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух

ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух а се фали со централата- стратешката инвестиција на СДСМ.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух

СДСМ водеше сметка за сите аспекти за државата и во секоја смисла, и во дел на економија и во дел на екологијата.

Од друга страна ДПМНЕ 7 години ги блокираше сите процеси значајни за државата, за економијата, се што обезбедуваше животот на граѓаните да биде подобар и поквалитетен го блокираа. Па дури и еколошките проекти на СДСМ со кои денеска се фалат.

Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто патем е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, посочен и во Извештај на Европска комисија.

Планот опфаќање промена на нееколошкиот начин на загревање на градинки, училишта, јавни објекти со што се обезбеди годишно намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg, намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно а се заштедија и 391.446 еврa само во една година за затоплување.

Во мандатот на СДСМ се започна сите стратешки инвестиции во гасификацијата, како и когенеративната центала со која ДПМНЕ денеска се фали.

Борбата со загадувањето е процес, но ДПМНЕ не прави ниишто за тоа.

Политиките се гледаат во буџетот. Нема во Буџетот 2025 пари за борба против загадувањето.

Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше дека иднината Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 1 милијарда евра инвестиции за граѓаните да дишат чист воздух и намалување на загадувањето за 50%.

Во програмата на ДПМНЕ со којашто ја доби довербата од граѓаните стои дека меѓу приоритетите ќе им биде обезбедување на чист воздух за сите.

Се покажа декаи овие ветувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се една голема лага.

Нема ниту една милијарда евра инвестиции за чист воздух, ниту пак власта прави нешто против загадувањето.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Маж тепа крокодили со лопата (ВИДЕО)

Збунувачкото и бизарно видео е објавено на интернет и за кратко време стана вирално.

Маж тепа крокодили со лопата (ВИДЕО)

Се гледаат огромни крокодили како лежат на брегот на езеро, по што непознат маж почнува да ги брка со лопата. Врз основа на реакцијата може да се заклучи дека сакал да ги истера назад во водата.

Локацијата останува непозната.

Покрај тоа што овој потег е крајно ризичен, повеќето гледачи го поставија истото прашање - дали имало потреба да се бркаат крокодилите со лопата?

Times Now News известува дека не можеле да го одредат датумот и локацијата каде е снимено видеото.

Некои беа вознемирени и потегот на човекот го нарекоа „суровост кон животните“. Само на страницата Amazing Nature, објавата собра повеќе од 420.000 прегледи.

Онлајн осуди

„Ова не е смешно, можеби е дури и суровост кон животните. Ако редовно ги удира со лопата“, напиша едно лице.

„Не ми е гајле дали е фарма за крокодили или нешто друго. Да ги удираш со лопата е кукавички“, додаде друг.

„Тој не требаше да го направи вака. „Само опуштено лежеа“, заклучи трето лице.

Во еден момент може да се забележи како мажот со лопата удира крокодил по муцката.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Ричард Бароус, кој го украл идентитетот на тешко болен човек и бегал од правдата речиси три децении, е прогласен за виновен по 54 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

Педофил во Британија е прогласен за виновен, откако 27 години се криел на Тајланд

Бароус побегнал од Британија во 1997 година за да избегне судење за обвиненијата за сексуална злоупотреба на деца.

Сепак, по 27 години во бегство, тој е уапсен минатата година на аеродромот Хитроу во Лондон, а сега е прогласен за виновен пред судот Честер Краун.

Тој малтретирал малолетни момчиња во интернат и како водач на извидници.

На судењето било слушнато како Бароус малтретирал момчиња на возраст од девет години додека бил учител во интернат во Чешир и како водач на извидници во Западен Мидлендс помеѓу доцните 1960-ти и средината на 1990-тите.

Бароус признал 43 од 105 обвиненија, додека обвинителството отфрли осум точки од обвинението. Тој ги отфрли преостанатите 54 обвиненија, но поротата го прогласи за виновен по сите точки од обвинението.

Осумдесетгодишникот од Бирмингем треба да биде осуден на 7 април.

Речиси три децении бегство и живот под туѓо име

Бароус исчезнал во 1997 година пред да може да му се суди за сексуални злосторства на деца. Полицијата со години се обидувала да го пронајде, но безуспешно.

Неговите злосторства се делумно поврзани со неговата работа во интернатот во училиштето Денесфорд во Чешир од 1969 до 1971 година, како и со извидничките групи во Сатон Колдфилд и Стритли. Злоупотреба се случила и за време на извиднички патувања во Велс, Рос-он-Вај, Котсволдс и Лондон.

На судењето тој тврдел дека побегнал во Тајланд затоа што сакал да плови и дека не извршил никакво злосторство. Тој исто така рече дека решил да се врати во Британија по 27 години бидејќи останал без пари.

Пронајден благодарение на напредната анализа на фотографии

Полицијата во Чешир конечно го пронашла во 2023 година користејќи специјализиран софтвер за анализа на слики на Интернет.

Откриле дека тој го користел лажното име Питер Смит додека живеел во Пукет, Тајланд. Понатамошната истрага открила дека Бароус го украл идентитетот на тешко болен човек и незаконски добил пасош во 1997 година.

Додека британските власти го подготвувале процесот на екстрадиција, откриле дека Бароус планирал сам да се врати во Британија, што овозможи негово апсење во Хитроу.

Полицијата: Ги оставил своите жртви да страдаат додека живеел во рајот

По пресудата, детективот Елеонор Аткинсон од полицијата во Чешир рече дека Бароус систематски ги малтретирал своите жртви и потоа избегал за да ги избегне последиците.

„Наместо да се соочи со последиците од своите постапки, тој побегна како кукавица и го искористи украдениот идентитет на болен човек“, рече таа.

Таа нагласи дека Бароус поминал речиси три децении „живеејќи во рај“, како што тој самиот го опишал својот живот во Тајланд, додека неговите жртви биле оставени да се справат со траумата и да се обидат да ги обноват своите животи.

Посебно е трагично што четворицата жртви не ја добиле правдата бидејќи починале пред да го видат на суд.

Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Префектурното собрание на Шизуока донесе резолуција со која се воведува такса за туристите кои сакаат да се искачат на планината Фуџи користејќи три главни патеки.

Туристи ќе мора да плаќаат и за рекреативно искачување на планина- на Фиџи се плаќа 25 евра

Почнувајќи од ова лето, секој алпинист ќе треба да плати 4.000 јени (околу 24,8 евра), пишува Kyodo.

Мерката доаѓа откако соседната префектура Јаманаши објави зголемување на таксата за користење на патеките на истиот износ. Целта е да се намали прекумерниот број посетители и нивното влијание врз природата на највисоката планина во Јапонија, која е дел од светското наследство на УНЕСКО.

Освен што наплаќаат такса, властите во Шизуока воведуваат и ограничувања за пристап на нивните планински правци - помеѓу 14:00 и 03:00 часот, качувањето нема да биде дозволено, освен за оние кои имаат резервации во планинарски домови. Ова правило има за цел да го спречи ноќното качување без соодветен одмор, што е вообичаена практика меѓу туристите.

Новите прописи стапуваат на сила на 9 мај, пред почетокот на официјалната сезона за искачување во јули. Префектурата Шизуока управува со патеките Фуџиномија, Готемба и Субашири, додека патеката Јошида е под надзор на префектурата Јаманаши. Во текот на летните месеци, планината Фуџи привлекува стотици илјади авантуристи, а овие промени имаат за цел да обезбедат побезбедно и поодржливо искуство за сите посетители.

притисни ентер