СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја намали транспарентноста, сите демократски процеси назадуваат - Канал 5

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја намали транспарентноста, сите демократски процеси назадуваат

За само 15 месеци Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ го уништи отворениот пристап на министерствата и општините за граѓаните да имаат информации како се трошат народните пари.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја намали транспарентноста, сите демократски процеси назадуваат

Власта го запре процесот на транспарентност и отчетност на институциите што со години го градеше владата на СДСМ.

Според најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации, активната транспарентност на министерствата и Владата бележи тренд на намалување. Од 86% лани, оваа година е намалена на 84%.

Општините немаат подобрување - го задржале истото ниво на активна транспарентност како и лани, односно 79% отсто.

Високи 44% од опфатените институции ја влошиле својата активна транспарентност.

Истражувањето покажува дека министерствата и општините најмалку информации објавуваат за финансиите - министерствата 58% отсто, а општините 59% од можни 100 %.

Отчетноста и транспарентноста се непозната категорија за ВМРО ДПМНЕ, тие се научени да ја гушат транспарентноста и да пласираат лажни вести.

Ова е јасен индикатор дека Владата ги затвора институциите за граѓаните, ги крие информациите што треба да се јавно достапни.

Со ваквата политика власта свесно ги злоупотребува институциите, нешто на што СДСМ повеќе од една година апелира и за што изнесува факти.

Со ВМРО ДПМНЕ на власт сите процеси на демократијата тргнуваат во погрешна насока. Со овој тренд Македонија брзо ќе се врати во времето кога никој ништо не смееше да знае и никој ништо не можеше да види за работењето на владата.

За време на Владата на СДСМ сите институции на централно и локално ниво воспоставија принципи на отчетност и транспарентност - вредности што никогаш не биле и нема да бидат познати за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Скопје, 16.09.2025

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина:„Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24часа

Канал 5 Телевизија со барање за извинување од Славе Младеновски

Поради тврдењата на Славе Младеновски од Здружението на медијатори на ЈИЕ, изнесени по електронски пат со содржина: „Има ли некој што мисли дека Канал 5 не добива пари за ваков вид емисии“, Канал 5 Телевизија бара официјално извинување во рок од 24 часа.

Во спротивно, ваквите инсинуации Младеновски ќе треба да ги докаже на суд. Бришењето на коментарот нема да влијае врз одлуката да се поведе правна постапка.

На вчерашниот исечок од емисијата „Само вистина“, Младеновски коментираше и инсинуираше дека Канал 5 добивала пари за емисијата, која е бренд во македонскиот етер.

На овој начин, Канал 5 сака да ги заштити својот углед, угледот на новинарите и слободата на говорот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Најпознатата хрватска навивачка повторно привлекува внимание: Покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“.

Фото: Најпознатата хрватска навивачка покажа како навистина изгледа деколте „до папокот“

Хрватската навивачка, инфлуенсерка и диџејка Ивана Кнол повторно го привлече вниманието на јавноста со смело модно издание.

Овој пат „жешката“ Ивана блесна на еден настап во Лас Вегас, каде што се појави во тесен, проѕирен чипкаст комбинезон кој остави малку простор за имагинацијата.

Кнол, која стана позната во јавноста како една од најстрасните навивачки на хрватската фудбалска репрезентација, во последните години гради и диџејска кариера, а нејзините модни избори редовно предизвикуваат коментари на социјалните мрежи.

За настапот во Лас Вегас, таа избра црн комбинезон со долги ракави, изработен од проѕирна тантела со цветен дезен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер