СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го доведува во опасност здравјето на сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ го доведува во опасност здравјето на сите граѓани, измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Од почетокот на коронакризата во земјата, од ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики, но сега со одолговлекување на донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а со тоа и новите мерки за превенција од понатамошното ширење на коронавирусот, опозицијата го покажа и своето нехумано лице и за дневно-политички поени, на коцка го става здравјето на сите граѓани.

Во време кога имаме нов бран на коронавирусот, кога се полнат болниците и расте бројот на заразени, ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш одмага, или нема став или е спротивен на интересите на државата и на граѓаните.

Колку се неодговорни и несериозни покажуваат со тоа што во Собранието побараа одлагање на точката за измена на Законот за заштита на населението од заразни болести за да се вметнат нивни предлози, и наместо тоа на крај да предложат сосема друго, формирање на паралелна специјална комисија за справување со ковид 19 па дури и формираа нивна комисија внатре во партијата.

Нивното барање за формирање на специјална Комисија е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ едноставно не знае што прави, за 24 часа, три пати го смени ставот, со вакво ВМРО-ДПМНЕ не може да се постигне договор за ништо.

Меѓу деструктивните потези на ВМРО-ДПМНЕ, особено се издвојува тоа што заменичката министерка за финансии во техничката влада не го потпиша заемот од Светска Банка, наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети за есенскиот бран, со кој се соочуваме сега.

Со тоа опозицијата практично го запре процесот за спроведување на проектот за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од коронавирусот.

Прагот на толеранција во однос на политизирањето на процесите за справување со коронавирусот е надминат, не само во рамките на парламентот туку и кај граѓаните.

Да не бараа одлагање веќе ќе беа донесени измените на законот и мерките за заштита од коронавирусот.

СДСМ уште еднаш повикува на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси.

Коронавирусот нема да застане и да чека ВМРО-ДПМНЕ да игра политички игри и да го доведува во опасност јавното здравје, мерките мора да се донесат во најкус можен рок.

Се работи за здравјето на сите граѓани!

СДСМ

Лопетеги ќе го преземе Вест Хем, Баерн беше заинтересиран за тренерот

Шпанскиот фудбалски стручњак Хулен Лопетеги ќе го преземе Вест Хем.

Информацијата за преземањето Лопетеги на тренерската функција на „чеканите“ од следната сезона, објави новинарот на „Гардијан“, Џејкоб Стајнберг. Според него страните постигнаа договор, останува само да се потпише договорот.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани Лопетеги, но самиот тренер повеќе сакал да работи во Англија.

Вест Хем по 36. кола од тековната сезона во Премиер лигата освои 49 бодови и се наоѓа на 9. место во поредокот.

Сегашниот тренер на премиерлигашот од Лондон, Дејвид Мојс ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Мисајловски: Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање

Ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да излезат на гласање и да дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ за една голема и историска победа.

Благодарам за можноста да се обратам. Стигна и последниот ден од кампањата и навистина ми е драго за цела ова кампања што добивавме поддршка од сите страни.

Една преубава позитивна кампања каде што, навистина, во првиот круг на 24 направивме една голема историја. Но, за таа историска победа биде уште поголема, сакам да ве поканам сите на 8 мај да ни дадете поддршка на сите нас. Да даде поддршка на Гордана Силјановска Давкова, но исто така и на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ за една историска, огромна победа.

Победа за сите граѓани, победа за поголеми пензии и плати, поголеми проекти, односно проекти насекаде во сите општини. Да имаме една значајна победа, бидејќи секој од вас заслужува Македонија повторно да биде Горда и Македонија повторно да биде на секој еден од вас.

Затоа, сакам уште еднаш да се заблагодарам за овие стотици и стотици средби што ги имав изминатиот период заедно со кандидатите за пратеници во сите населени места каде што добивме огромна поддршка од сите вас и имавме преубав прием.

Но, уште еднаш сакам да ве повикам сите, да ставиме печат на оваа историска победа, да се мобилизираме сите заеднички, да излеземе на 8 мај за да направиме, навистина еден голем резултат и еден ветер во грб каде што ВМРО-ДПМНЕ со новата влада ќе направи историски проекти, ќе направи историски реформи.

Уште еднаш благодарност за сите во оваа кампања што ни дадовте максимална поддршка и сакам на сите да го честитам големиот празник Велигден и да посакам мир, спокој и среќа на сите граѓани во Македонија.

Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

УХМР: Период на променливо и нестабилно време

Утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Потоа од среда до петок под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во Скопје утре времето ќе биде стабилно и релативно топло. Од среда во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време и засилен ветер, стои во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи.

притисни ентер