Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
1Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија
МакедонијаСДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги изневери просветните работници и учениците, ништо од ветеното не исполни!Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, дозволете ми да ви го честитам 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, патрон на просветните работници, лицата кои ја градат иднината на нашите деца. Почитувани граѓани, почитувани просветни работници, Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, дозволете ми да ви го честитам 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, патрон на просветните работници, лицата кои ја градат иднината на нашите деца. Искажуваме благодарност до просветните работници и до сите оние кои секојдневно вложуваат целосна посветеност во воспитно-образовниот процес и во создавањето на идни професионалци во различните области на општественото живеење. СДСМ тоа и на дело го има покажано. Фокусот на Владата предводена од СДСМ во изминатиот период на своето работење беше создавањето на соверемен и инклузивен образовен систем достапен за сите. СДСМ во областа на образованието, во еден исклучително предизвикувачки период, кога светот се соочуваше со пандемија, енергетска и економска криза успеа да спроведе длабоки системски, инфраструктурни и кадровски реформи во образованието. Ги зголемивме платите за 56% во основното и средното образование, вклучително и воведување на регрес за годишен одмор првпат по 20 години. Зголемувањето во научните и соработничките звања е меѓу 40% - 66% Го укинавме екстерното тестирање и казните за наставниците, Го воведовме дуалното образование во кое се вклучија 12 000 средношколци и 450 компании Создадовме подобри услови за реализација на наставата со реконструкција на 120 училишта, изградба на 48 спортски сали и опремување на 265 кабинети по природни науки со најсовремена опрема. Реализиравме проекти во партнерство со ЕУ и Светска банка со инвестициски фонд од 21.5 милиони евра. Ги зголемивме стипендиите за 90% за средношколци, ученици од дуални паралелки, студенти и докторски студии За учениците со посебни образовни потреби ангажиравме над 800 образовни асистенти со цел соодветен образовен пристап и поучување. За талентираните ученици ја формиравме Математичко – информатичката гимназија. Дополнително, СДСМ презеде конкретни чекори за заштита и унапредување на македонскиот јазик. Вклучувајќи дигитализација на Толковниот речник и Правописот, на картотеките, обезбедивме нови вработувања во Институтот за македонски јазик. Донесовме и посебен Закон а благодарение на нашите напори, македонскиот јазик стана официјално признат во светот и во рамки на ЕУ. Ова се конкретни и реални достигнувања на Владата што ја предводеше СДСМ. Денеска гледаме уназадување на образовниот процес и статусот на наставниот кадар. Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година не исполни ниту едно од предизборните ветувања за просветните работници и учениците. ВМРО-ДПМНЕ нема ниту волја ниту слух за зголемување на платите на вработените во образованието иако потрошувачката кошничка секојдневно расте. Во секој јавен настап министерката и нејзината партија вршат притисок врз наставниците кои според нивните анализи се вишок, а вршаат трансформации на работен однос на партиски подобни наставници. Педагозите ги исклучуваат од наставата во вториот период на основното образование. Носат законски решенија во затворен круг во Белата палата без вклученост на засегнати страни и без јавна дебата. Со нивната смислена препишувачка техника, законските решенија и предложените амандмани на пратениците на СДСМ ги одбиваат за да подоцна истите ги припишат како свои. Три пати ги менуваат законите за основно и средно образование. Сте се запрашале, зошто? Затоа што тие со Весна Јаневска на чело и после цела една година немаат план, визија, ниту стратегија. На кратко „не знаат каде тераат“. И затоа Весна Јаневска треба час поскоро да си оди од оваа одговорна позиција. Граѓаните, родителите и просветните работници не заслужуваат аматеризам. Образованието не е терен за експерименти и политичка самопромоција СДСМ останува гласен и посветен партнер на наставниците: за подобри плати, еднакви можности за учениците и транспарентни политики во кои секој глас ќе биде слушнат. Почитувани колеги, просветни работници, Вие сте чувари на иднината – со вас сме, да кренеме глас за достоинствено образование! Да живее 24 Мај! Да живее денот на просветните работници! Да живее Република Северна Македонија! -Прес-конференција, Јованче Манасков, претседател на Комисија за образование и наука на СДСМ Скопје, 24 мај 2025 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФормулаТриумф на Верстапен на Гран прито во Лас Вегас Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е победник на трката за Големата награда на Лас Вегас од светскиот шампионат во Формула 1.За извонредниот Холанѓанец ова е четвртата победа во последните шест трки. Трката за Големата награда на Лас Вегас, дефинитино беше најнеизвесната и највoзбудливата оваа сезона. Од самиот почеток се водеше голема борба, буквално за секоја позиција на патеката. Верстапен успеа да се одбрани од конкурентите, најмногу од Расел, кој 35 кругови беше зад него. Ред Бул извојува победа благодарение на различните поставки на болидот Верстапен. Холанѓанецот, по голема борба и бројни промени во водството, стигна до триумф пред Ландо Норис и Оскар Пјастри од Мекларен. Проблеми во финишот, со болидот, имаше светскиот првак, Кими Антонели, кој во неколку свиоци ја загуби втората позиција од Норис и Пјастри. Четвртото место му припадна на Антонели, додека Алпин оствари одличен резултат благодарение на петтата позиција на Гасли и шестото место на Франко Колапинто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПроменливо облачно со сончеви периоди и температура до 19 степени09:08Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир КапијаОд редовна обука во вистинска спасувачка акција: Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија.Припадниците на Баталјонот на специјални сили (БСС) успешно реализираа сложена спасувачка акција за евакуација на тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија. За време на изведувањето на редовна напредна обука за планински операции, припадниците на БСС беа алармирани за несреќа што се случила во непосредна близина, при која цивилно лице – алпинист, во текот на качувањето по карпи, паднало на исклучително стрмен и непристапен терен, при што се здобило со тешки телесни повреди. Веднаш по добивањето на информацијата, припадниците на специјалните сили пристапиле кон организирање и спроведување на спасувачката акција. На повреденото лице му била укажана прва медицинска помош на местото на несреќата, по што, со употреба на специјализирана алпинистичка и спасувачка опрема, било извршено безбедно извлекување од непристапниот терен и транспорт преку реката. По успешно извлекување до пристапна точка, повредениот алпинист бил предаден на екипите на Итната медицинска помош за понатамошно згрижување и лекување. Оваа успешна интервенција уште еднаш ја потврдува високата обученост, професионалноста, подготвеноста и способноста на припадниците на Баталјонот на специјални сили за дејствување во сложени и ризични услови. Воедно, таа е потврда за нивната пожртвуваност, решителност и подготвеност за ангажирање во најпредизвикувачки ситуации, во служба на граѓаните и заштита на човечките животи.Тагови: АРМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќај по суви коловозиСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини.Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Возачите се предупредуваат на зголемена внимателност на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Од АМСМ потсетуваат дека веќе една недела, поточно од 15 ноември возачите имаат законската обврска во возилата задолжително да имаат зимска опрема, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе важи до 15 март наредната година.Тагови: сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook