СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести, „Форбс" не направил листа на најбезбедни земји во светот во време на пандемија

Секој ден нова лага. ВМРО-ДПМНЕ со право го носи епитетот извор на лажни вести, реагираат од СДСМ.

Не само што измислува свои лаги, оваа партија се обидува да манипулира и со туѓи нерелевантни информации.

Медиумски анализи покажуваат дека наводната листа на „Форбс" за најбезбедни земји во светот во време на пандемијата на коронавирусот воопшто не е на реномираниот магазин „Форбс".

Обидите за манипулација на граѓаните од страна на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода, со оглед на тоа дека во јавноста веќе излезе информацијата дека рангирањето е направено од компанијата Дип ноулиџ груп (Deep Knowledge group), а „Форбс" само ја пренесува. Критики за оваа листа на компанијата стигнаа од цел свет, со оглед на тоа дека воопшто не е наведена методологијата на рангирање, а од страна на компанијата е наведено дека користени се јавно достапни информации и дека не презема одговорност за точноста на истата.

Интересно е тоа што оваа листа е објавена уште во април и оттогаш до сега објавени се бројни текстови и анализи со сомнежи за релевантноста на анализата и точноста на податоците.

Обидите на ВМРО-ДПМНЕ за рециклажа на стари и веќе пробиени вести, категоризирани како сомнителни, се знак дека оваа партија е западната во голем очај.

Вистината е многу јасна. Додека сите се борат со последиците од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ се борат да објават што повеќе лажни вести. За таквото однесување ќе бидат жестоко казнети од граѓаните.

Ескобар: Без разлика на изборите во Македонија, се надевам дека патот кон Европа ќе продолжи

Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Македонија, патот кон Европа ќе продолжи, изјави денес претставникот на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар, на онлајн брифинг со новинарите.

Денес се гласа за избор на претседател и нова влада на Македонија, објави VOA.

Ескобар најави дека овој месец заминува од позицијата заменик-помошник секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан.

„Една од работите што сме многу среќни што ја постигнавме е тоа што неколку земји од Западен Балкан се солидно на патот кон евроатлантската интеграција, особено оние членки на НАТО - Албанија, Македонија и Црна Гора, кои се целосно ангажирани на целиот процес на пристапување во Европската Унија. Уверен сум и се надевам дека без разлика на изборите во Македонија патот кон Европа ќе продолжи “, рече Ескобар.

Дополнително, Ескобар вели дека би сакал да бил направен поголем напредок во европскиот процес на трите членки на НАТО.

„Сè уште се надевам дека сите три ќе се движат многу брзо, кога ќе се решат некои од нивните внатрешни прашања. Но, Црна Гора, навистина верувам дека тие ќе бидат следни, тие ќе бидат следна членка на Европската Унија“.

На новинарско прашање за Русија и за нејзините врски со Србија, Ескобар рече:

„Мојот аргумент отсекогаш беше дека би било грешка да се гледа на Русија како причина за проблемите на Балканот. Русија ги користи проблемите на Балканот, но проблемите се оние кои постојат во последните 25 години. И со решавање на проблемите мислам дека ги затвораме можностите за Русија да прави штета во регионот, но ќе се обидат. Тоа е дефинитивно случај“.

Кинескиот претседател Шји Џјинпинг неделава е во посета на Европа, прва во изминативе пет години. Тој вчера беше во Франција, а вчера вечерта отпатува во Србија. Утре ќе оди во Унгарија. Потоа се очекува средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Новинар на брифингот праша дали верува дека агендата на кинескиот претседател на Западен Балкан е бенигна, и дали треба да постои загриженост оти тој се обидува да изгради нови пријатели во регионот, што ќе застанат против поголема европска интеграција.

„Мислам дека земјите што тој ги избра се оние кои се отворени да го оспорат единството на евроатлантската заедница. И затоа ги предупредуваме сите наши партнери и сите наши соговорници да бидат многу свесни за агендата на Кина во Европа и за агендата на Кина во однос на евроатлантската заедница“, одговори Ескобар.

На крајот на брифинот, кој е последен за Ескобар на оваа функција, тој ги адресираше наводите оти бил отпуштен од работа за наводни сомнителни врски со српската влада.

Магазинот Фронтлајнер (The Frontliner) неодамна објави напис, во кој, меѓу другото, пишува дека „ се појавија наводи дека дејствијата на Ескобар на Косово се пристрасни и потенцијално компромитирани, со оглед на пријавените финансиски врски меѓу неговата сопруга и Министерството за надворешни работи на Србија“.

„Пред да заминам, знаете, сакам да се осврнам на една работа за која добивме многу прашања, а тоа е за неоснованите дезинформации што беа произведени во текот на викендов од наводен новинар кој рече дека, знаете, ме отпуштаат поради матни врски со српската влада. Затоа, сакам директно да кажам дека сè во тој извештај е лага“.

Ескобар нагласи дека „ како прво, не ме отпуштаат и сите во Стејт департментот го потврдија тоа. Второ, мојата сопруга не добива пари од ниту една федерална странска влада. Мојата сопруга во секоја амбасада што служевме - во Боливија, Португалија, Италија, па дури и Србија, беше горд поборник за врски меѓу луѓето. Но таа го прави тоа без никаква исплата и без никаков договор. Таа ќе продолжи да го прави тоа“.

Ескобар објасни дека нема никаква врска со адвокатска фирма во Тексас и оти секој професионален новинар тоа може да го провери.

Стејт департментот, претходно за Гласот на Америка, соопшти дека е лажна вест оти специјалниот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар бил разрешен од неговата функција.

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“...

Александар што се ќе опфати отвореното студио?

Привршува гласањето на двојните избори

Трендот - дел од граѓаните, особено во општините со мнозинско албанско население, да посегнуваат само по едно гласачко ливче беше присутно и во Скопје во текот на денот..

Сандра Спасовска е пред избирачко место во скопски Чаир.. Сандра, како привршува гласањето во главниот град..

притисни ентер