МакедонијаСДСМ: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптекиВладата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест.Прво, Фондот за здравствено осигурување ја зголеми цената на лекот „Фостер“ од околу 300 на 1.080 денари. Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат. Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот „Фостер“. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, се уште го нема во аптеките. Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болни пацинети чие здравје зависи од овој лек. Тотален хаос, негрижа и неодговорност! Ова не е лек што може да почека. За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши. Овие пацинети зависат од редовната терапија, и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје. Кој ќе понесе одговорност тогаш? За жал, ова не е првпат граѓаните да останат без неопходна терапија. Минатата година онколошките пациенти беа оставени без биолошка терапија. И најиронично е што човекот кој направи хаос во Фондот за здравство- Мицкоски го награди со министерска за функција и тоа повторно во ресорот здравство. После две години од ВМРО на власт, се случува распад на здравствениот систем кој не може да го заштити она што е највредно - здравјето на граѓаните. Наместо функционален здравствен систем, имаме систем во кој пациентите секојдневно стравуваат дали ќе ја добијат терапијата што им го спасува здравјето. СДСМ бара одговорност и преземање итно мерки за обезбедување непречена достапност на терапијата за сите пациенти. Здравјето не смее да биде жртва на оваа расипничка Влада, која толку го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, што сега цената ја плаќаат граѓаните. Престанете да си поигрувате со здравјето на луѓето. Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе се грижи за нив, а не власт која од ден на ден им го отежнува лекувањето и им го загрозува животот. Лагите за „трета економија“ ги разби и ММФ, дури и Косово е пред нас Лагите за „третата“ економија во Европа на Мицкоски ги разби и ММФ. Македонија во следните пет години нема биде меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа. Меѓународниот монетарен фонд во последниот извештај прогнозира дека македонската економија до 2031 година ќе има просечен раст од 3%. Пред нас се Албанија со раст од 3,19%, Молдавија, Србија со 3,5% Украина, Косово со 3,95% раст, а прва е Малта со економски раст од 3,96%. Ова е вистината. Не му проаѓаат на Мицкоски лагите дека Македонија е економски лидер во Европа. Вистината е дека македонската економија е во катастрофална состојба. Со Мицкоски економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните. Зголемувањето на дефицитот од 3% на 4,1% е само отворена врата за нови скапи задолжувања врз грбот на народот. Инфлацијата ја изеде куповната моќ на граѓаните – доведени до просјачки стап. А власта со коригираната инфлација од 4,5%, признава дека ги чека уште поскап и потежок живот. Домашното задолжување расте на 39 милијарди денари, а странското 101 милијарда денари. Ова значи дека го крајот на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП. За две години оваа Влада создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, со што го искачи нивото на јавниот долг на скоро 11 милијарди евра. И ова не се пари за мерки за граѓаните, за 600 евра минимална плата, за капитални проекти – ова се пари за криминалните тендери на Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО. Министерката за финансии предупредуваше дека многу „европски земји ќе банкротирале“. Со вакво темпо на задолжување, за жал Македонија се движи кон банкрот. Со оваа власт Македонија ризикува да остане на дното, не затоа што нема потенцијал, туку затоа што оваа Влада нема развојна стратегија. Кратат од секаде, само не од нивниот луксуз. Наместо инвестиции, реформи и раст, приоритет се криминални тендери, партиски вработувања и расипничко трошење на народните пари. Цената на овие надреални приказни на Мицкоски ја плаќаат граѓаните, со празни џебови и сè потежок живот од ден во ден. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд 1 декември постороги услови за кредит за купување на втор или следен станНови правила за добивање кредит за граѓани кои купуваат втор или следен стан. Од 1 декември со поригорозни услови за задолжување на граѓаните кои купуваат втор или следен стан.. Народната банка ги намалува максималните лимити за кредитна задолженост и ги скратува роковите за отплата, додека поповолните услови остануваат за граѓаните кои првпат купуваат сопствен дом. Според новите правила, максималниот однос меѓу вкупните месечни кредитни обврски и приходите на граѓаните се намалува за пет процентни поени. Кај денарските кредити лимитот се намалува од 50 на 45 проценти, а кај кредитите со валутна компонента од 45 на 40 проценти. Тоа значи дека граѓанин со месечни примања од 60.000 денари, кој досега можел да има кредитни обврски до 30.000 денари месечно според лимитот за денарски кредити, од декември ќе може да се задолжи најмногу до 27.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Пуштена во функција реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназијаГрадоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев присуствуваше на пуштањето во функција на реконструираната спортска сала во кавадаречката гимназија.-После долго време, од почнување на работење на самата гимназија, Општина Кавадарци прави темелно и комплетно реконструирање на спортската сала.- изјави градоначалникот Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Истрага за криминална група инволвирана во изнуди и перење париОсновното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица .Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор од државата. Во текот на подолг временски период, односно од 2021, групата што ја формирал првоосомничениот кумановец, со груби закани изнудувала пари од оштетени лица, присилувајќи ги и најчесто искористувајќи ја нивната зависност поради претходна позајмица. Така, една оштетена побарала од првоосомничениот 4.000 евра на заем, усно прифаќајќи да ги врати за еден месец со камата од 2.500 евра. Иако во целост му го вратила договорениот износ, тој побарал од неа да ја користи нејзината сметка за преку неа да пушти во оптек пари прибавени со изнуди. Жртвата одбила, а тој почнал да и се заканува, барајќи да го стави нејзиниот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. По налог на осомничениот бил изготвен фиктивен договор за купопродажба на возилото, како да е гаранција за наводен заем. Освен тоа изготвиле и уште еден фиктивен договор за заем од 1.000.000 денари. На договорите за залог и заем осомничените го фалсификувале потписот на оштетената како заемопримач и без нејзино знаење ги завериле на нотар. Нотарот кој дозволил да се заверат вакви лажни документи е осомничен за несовесно работење во службата и за него до Судот е доставен предлог за определување мерки на претпазливост. Имајќи ги во своја корист ваквите договори, групата осомничени започнале повторно да и се закануваат на оштетената да го предаде возилото и да им го врати наводниот долг. Врз основа на договорите, сопственоста на возилото била променета во корист на еден од осомничените, а потоа оштетената била принудена да им го исплати и наводниот паричен долг. Друг оштетен, уште во 2021 позајмил на два пати по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако согласно договорите за заем ги вратил паричните средства, осомничените продолжиле да му бараат дополнителни исплати како камата и врз основа на таа зависност го принудиле да ја користат неговата сметка за да префрлаат големи суми на пари од изнуда како формални заеми и да ги извлекуваат во готовина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook