СДСМ: Уште 2 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски, нема реформи, нема Груевски - има Стоилковиќ и Кина - Канал 5

СДСМ: Уште 2 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски, нема реформи, нема Груевски - има Стоилковиќ и Кина

Остнуваат уште само 2 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски јавно вети пред граѓаните дека целосно ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат.

СДСМ: Уште 2 дена до неисполнување на ветувањето на Мицкоски, нема реформи, нема Груевски - има Стоилковиќ и Кина

2 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски и уште една лага.

Нема реформи, нема ниту документи за екстрадиција на Груевски и негово враќање во затвор, го има само Стоилковиќ и Кина кој стратешки работи против стратешкиот партнер САД.

Мицкоски лажеше за враќање на името, лажеше за поништување на Преспанскиот договор, лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет, јазик и култура а денес лаже за Реформската агенда.

За две години нецелосно заврши 2 точки, од 10, а останува незавршено и клучното, внесувањето на малцинствата во Уставот, обврска без која нема да се помрднеме од мртва точка.

Без тоа, нема продолжување на преговорите со ЕУ, нема отворање на следните поглавја, нема нови европски фондови, нема подобар животен стандард за граѓаните, нема ништо.

Сега Мицкоски нека ги внесе малцинствата во Уставот или нека излезе пред граѓаните и јавно да признае дека не сака членство во ЕУ.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја туркаат Македонија во изолација, не сакаат ЕУ затоа што се плашат од европските правила, европското обвинителство и одговорност за криминалот и корупцијата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

Вечерва од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.

Вечерва Бела ноќ во Скопје

- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго.

За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври.

Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје.

Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија.

Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност.

Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале.

Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат.

Да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

Претседателот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на мостот во изградба на улица „Љубљанска“ во Општина Карпош.

Мицкоски на увид на градежни активности на мостот на улица „Љубљанска“ во Карпош

По завршување на увидот предвидено е премиерот да даде изјава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Вечерва  со почеток од 20:45 часот ќе се одржи фудбалски натпревар од Лига на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и Шкотска на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“

Од тие причини СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Апел до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер