СДСМ:Трипуновски заборавил дека цената пченицата во време на жетва беше и 17 денари за килограм - Канал 5

СДСМ:Трипуновски заборавил дека цената пченицата во време на жетва беше и 17 денари за килограм

ВМРО ДПМНЕ и Цветан Трипуновски повторно ги манипулираат и ги лажат луѓето кои го хранат народот, само за да ја сокријат својата неспособност. 

СДСМ:Трипуновски заборавил дека цената пченицата во време на жетва беше и 17 денари за килограм

Последната лага на Трипуновски е дека за оваа година е постигната историски највисока откупна цена пченица од 12 денари по килограм. Трипуновски свесно лаже 25.000 земјоделци кои произведуваат пченица на 70.000 хектари со вкупно производство на пченица од околу 200.000 тони.

Очигледно е дека Трипуновски заборавил дека пченицата во време на жетва се продавала и по 17 денари за килограм – и тоа не така одамна

Додека се обидува да прикаже дека и во земјоделството се е розово, на терен реалноста е понижувачка за земјоделците. По 12 денари по килограм ќе биде откупен само еден мал дел или околу 20%, а другото од околу 80% ќе биде откупено по цена од 10 денари.

Трипуновски треба да знае дека земјоделството не се менаџира од канцеларија. Не знае како е кога ќе се однесе пченицата кај млиновите - тогаш следи намалување на цената со укажување дека нема добар квалитет, следуваат одбитоци и на крај се формира цената, а таа нема да е поголема од 10 денари.

Ваквиот однос е насочен токму кон единствената стратешка земјоделска култура – пченицата, која е јасно дефинирана како таква во Законот за земјоделство и рурален развој. Поради тоа, разочарувањето на земјоделците од земјоделската политика што ја води ВМРО-ДПМНЕ станува сѐ поголемо.

Оваа влада за една година ги понижи и осиромаши земјоделците- ги намалија субвенциите, укинуваат програми за важни земјоделски гранки, ги укинуваат добровоспоставените мерки од СДСМ кои им се потребни на земјоделците.

СДСМ секогаш ќе биде на страната на земјоделците.Затоа и преку ребалансот на Буџетот поднесовме амандмани и бараме да оваа година дополнително да се интервенира по 5 денари за килограм на предадена пченица кај откупувачите.

Скопје, 6 јули 2025

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи

Позициите Скопје и Софија и по тет а тет средбата Муцунски-  Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит за коридор 8 - остануваат непроменти...

Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи

Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, вклучително и уставни измени, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања.

Според Муцунски иако позициите и по оваа средба останале непроменети, таа минала во позитивен дух а дијалогот како што изјави ќе продолжи.

-Најдобриот начин за довербата е исполнување на преземените обврски, изјави Петрова Чамова.

Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Марта Кос.

Разговарале и околу билатералниот спор но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во овој процес, изјави Муцунски...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американците и Украинците денес во Мајами разговараат за завршување на војната

Американските и украинските делегации денес во Мајами започнуваат дводневни разговори за нови предлози за ставање крај на војната во Украина, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски и украински официјални лица. 

Американците и Украинците денес во Мајами разговараат за завршување на војната

Една од темите треба да биде можноста за делумен прекин на огнот, кој би опфатил напади врз енергетската инфраструктура и испораките на жито. Исто така, ќе се разговара и за безбедносни гаранции за Украина, како и за планот за економско закрепнување на земјата по војната.

Администрацијата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп се обидува да најде формула што би ја прекинала повеќемесечната блокада во преговорите пред почетокот на зимата и пред американските избори на средината на мандатот.

„Сите се загрижени поради зимата. Ќе биде тешка зима доколку војната не запре. Затоа САД се обидуваат да посредуваат меѓу страните со цел да се создаде заеднички предлог“, изјави американски извор за „Аксиос“.

Пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, вчера се сретнаа со претседателот за да го претстават најновиот предлог на САД и да добијат насоки од него пред разговорите во Мајами.

Во преговорите ќе учествуваат високи украински претставници, а САД упатија покани и до советниците за национална безбедност на Велика Британија, Франција и Германија, како и до претставници на НАТО и на Европската Унија.

Володимир Зеленски вчера потврди дека Киев со Вашингтон разговара за можноста за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура и врз пратките со жито.

„Сè уште не сум подготвен да кажам што би можело да биде реално или пореално. Не сакам да кажам нешто, а Русија – како и секогаш – од инает да го направи спротивното. Затоа, да почекаме“, рече Зеленски.

Според „Аксиос“ (Axios), Украина е подготвена да разгледа таков ограничен прекин на огнот, додека Русија досега покажала мал интерес за предлогот. Виткоф и Кушнер би можеле повторно да заминат во Москва „Аксиос“ исто така пренесува дека Виткоф и Кушнер можеби повторно ќе отпатуваат во Москва подоцна овој месец на разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

Двајцата ја посетија Москва и Киев на почетокот на септември и оттогаш работат со двете страни на изменет американски мировен предлог.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера ја опиша војната како состојба на пат-позиција, наведувајќи дека Вашингтон сака да спречи понатамошна ескалација и да се обиде да најде пат кон завршување на конфликтот. И покрај новата дипломатска иницијатива, во моментов нема знаци дека се решени главните отворени прашања меѓу Москва и Киев, особено оние што се однесуваат на територијата и на долгорочните безбедносни гаранции за Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Според Управата за хидрометеролошки работи времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер