Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт
1Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт
3Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати
МакедонијаСДСМ: Трипуновски е смешен кога се фали со цените на грозјетоДенес министерот за земјоделство се пофали со рекордни цени на грозјето за лозарите. Исто како што секогаш прави ВМРО-ДПМНЕ, заборави да каже дека таа цена е директен резултат на законот што го донесе Владата на СДСМ.Реалноста е дека новиот Закон за вино, донесен од Владата предводена од СДСМ и изгласан во Собранието на 2 април 2024 година, ги заштити лозарите и овозможи фер и достоинствени цени за најзастапените сорти грозје, Вранец и Смедеревка. Законот што го подготви СДСМ ги усогласи правилата и со европските регулативи и ги вгради барањата на лозарите, кои со години беа уценувани од винариите со ниски цени објавувани во последен момент пред берба. Новината што ја донесе СДСМ во Законот за вино е следната: - Производствената цена се утврдува врз основа на реалните трошоци за производство, пресметани од научна институција. - На таа цена се додава 25% заработка за лозарите. - Во месец јули се објавуваат откупните цени за Вранец и Смедеревка, врз основа на направените трошоци и додадената заработка. Ова им овозможи на лозарите предвреме да знаат на што да сметаат и ги ослободи од уцените и неизвесноста што ВМРО-ДПМНЕ ги практикуваше додека беше на власт. Денес, кога Трипуновски се слика со лозарите и се фали со цените, се прашуваме како нема срам и не признава дека тие се резултат на јасно утврдена методологија со закон а неговиот придонес за цените е еднаков на нула. Чесен човек би имал доблест да признае дека тоа не е негов успех, туку резултат на нашата работа и визија за заштита на македонското лозарство. Лозарите знаат кому му должат благодарност за фер цените кои ги добиваат. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
МакедонијаМанасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на властТепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт.Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС. И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче. Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија. Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПотрага по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро, скокнал по веслата кои паднале во водатаГолема потрага е во тек на Преспанското Езеро откако 71-годишен маж од Скопје исчезна во водите во близина на ресенското село Сливница.Случајот бил пријавен во СВР Битола вчера околу 12:30 часот, кога на брегот излегле двајца рибари и известиле дека нивните двајца сопатници останале на езерото. Според пријавата, 71-годишниот М.М. скокнал во езерото за да ги фати веслата што паднале од чамецот, но повеќе не излегол на површината. Во меѓувреме, силниот ветер го однел чамецот со другиот рибар на околу 1.000 метри од брегот, во правец кон Крани. Во акцијата за пронаоѓање и спасување вклучена е и специјализирана нуркачка екипа од специјалната антитерористичка единица „Тигар“.Тагови: Преспанското Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШтерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познатиНападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание - не мора да чека никого да поднесе пријава. Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството - молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија“. Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда. Се јавува само кога ќе го повика Мицкоски - преку медиуми, од собраниска говорница или директно по телефон. Кога граѓаните бараат заштита, Савески или не се јавува, или е на екскурзија и не може. Во меѓувреме, од десетиците што учествуваа во нападот, веќе се познати барем двајца: • Петар Марков - пратеник на ВМРО • Наско Димитриев - член на ВМРО и возач на градоначалникот. Едниот е пратеник. Другиот е човек близок до локалната власт на ВМРО. А Обвинителството сè уште „не знае“ кој ги нападна младите. Ова е свесно одбивање да се заштитат граѓаните кога насилниците се од владејачката структура. Додека Савески е на екскурзија, а Мицкоски на своја, младите остануваат без заштита, а насилниците - без одговорност. Доаѓа време кога и ова ќе мора да се објасни. Прес конференција на СДСМ, Кети ШтерјоваТагови: Кети Штерјова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter