ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
Амбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб со импресивна културно-уметничка програма одбележаа 35 години независност
1ВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 година
2Амбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб со импресивна културно-уметничка програма одбележаа 35 години независност
МакедонијаСДСМ: Трета економија на празни фрижидериХристијан Мицкоски се фали дека Македонија имала најниска инфлација во регионот. Но граѓаните не живеат од статистички извештаи, туку од платите и од тоа што можат да си го купат во маркетите со тие плати. Инфлацијата можеби е намалена, но потрошувачката кошница и понатаму тешко се стига. И во овој момент инфлацијата е далеку повисока од тоа што Мицкоски го ветуваше во владината програма и во буџетот за 2026 година. Цените на основните производи останаа високи, а платите се меѓу најниските во Европа. Минималната плата во Македонија е далеку под нивото на соседните земји, а просечната плата не е доволна за нормален живот. Уште поалармантно е тоа што странските инвестиции се намалени за над 60% во однос на периодот пред доаѓањето на оваа Влада. Наместо развој и нови работни места, имаме економска стагнација и бегство на капитал. Мицкоски сака да зборува за „економски успеси“, но реалноста е сосема поинаква. Македонија под негово раководство стана трета економија на празни фрижидери – земја во која се фалат со бројки, а граѓаните се борат да преживеат. Додека криминална група ВМРО се занимава со пропаганда и селективни статистички податоци, луѓето се соочуваат со се поскап животи, ниски плати и несигурна иднина. Ова не е успех. Ова е систематско влошување на економската и социјалната состојба кое се обидуваат да го прикријат со празни фрази. Граѓаните не јадат инфлација. Тие го јадат од она што можат да си го дозволат. А во моментов, тоа е се помалку. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСе смирува нилската треска, нема нови примени на Инфективната клиникаНема нови приеми на пациенти на Клиниката за инфективни болести, со нилска треска.Од клиниката за Канал 5 потврдија дека е пуштен пациент од клиниката кои се лекувал повеќе од една недела и е во добра здравствена состојба. Засега на клиниката има седум пациенти со нилска треска, двајца се во тешка состојба и се во одделот за интензивно лекување. Осум пациенти починаа поради компликации од нилската треска и имале и други заболувања, сите се на возраст над 60 години. Од Град Скопје највија дека денска ќе се прскаат водните површини против ларави од комарци.Тагови: западно нилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС кога зборува за економија да одговори за долговите што ги остави зад себе, а кои ќе се враќаат до 2030 годинаКога СДС зборува за јавниот долг, прво треба да одговори за сметката што ја остави зад себе заедно со ДУИ додека беше на власт.ВМРО ДПМНЕ ја презеде одговорноста да ја води Владата во јуни 2024 година со јавен долг над 60 проценти од БДП. Денес долгот изнесува 58,8 проценти од БДП, односно е понизок од затекнатото ниво, со тоа што Владата уредно ги сервисира обврските што ги наследи. Во наредните години доспеваат околу 8 милијарди евра долгови преземени во времето на СДС и ДУИ. Само во 2026 година доспеваат околу 1,5 милијарди евра, а потоа уште 1,5 милијарди во 2027, 1,9 милијарди во 2028, 1,3 милијарди во 2029 и 1,4 милијарди евра во 2030 година. Тоа е сметката што ја остави СДС со ДУИ и треба да одговорат и за 4,5 милијарди евра со кои ја задолжи државата за само 7 години. За што беа потрошени тие пари? Ако сакаат да зборуваат за економија нека зборуваат со официјални бројки, но тоа не им одговора оти бројките не се на нивната страна на водење лажни кампањи. Бројките покажуваат дека растот на економијата во вториот квартал од 2026 година за 4,3 проценти. Дека економските политики на Владата се добри говори и фактот дека осум квартали по ред има раст од над 3 проценти. И без годините на ковид пандемијата, разликата сепак е очиглефна. Просечниот раст кај претходната власт на СДС и ДУИ е околу 2,6 проценти. Затоа наместо СДС да ги извртyва фактите, време е да одговори за долговите, потрошените милијарди и сметката што ја остави зад себе. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАмбасадата на Македонија и македонскиот КИЦ во Загреб со импресивна културно-уметничка програма одбележаа 35 години независностСвечената програма започна со интонирање на хрватската и македонската државна химна, со моќна и импресивна изведба на професионалниот хор ПРО АРС, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски.Амбасадата на Македонија во Хрватска и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, со свечен прием и врвна културно-уметничка програма го одбележаа 8. Септември еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја во знакот на 35 години независност на Македонија. На свеченоста која се одржа во Хрватскиот државен архив во Загреб присуствуваа високи претставници на државни институции, дипломатски претставници на амбасадите акредитирани во Република Хрватска, верски великодостојници, високи претставници на Македонската православна црква во Хрватска, Македонци кои живеат во Хрватска, како и бројни гости. Во своите обраќања, амбасадорот на Македонија во Хрватска Н.Е. Драган Ѓурчевски, директорката на Македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска и директорот на Македонскиот државен архив Димитар Богески, истакнаа дека 8. Септември е повеќе од државен празник – тој е симбол на државноста, на достоинството и на националното заедништво. Свечената програма започна со интонирање на хрватската и македонската државна химна, со моќна и импресивна изведба на професионалниот хор ПРО АРС, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски. Централниот дел од прославата беше свечениот концерт на македонска хорска музика на меѓународно реномираниот хор ПРО АРС под диригентство на маестро Сашо Татарчевски со дела од македонски композитори, инспирирани од македонската историска традиција и изложбата на македонскиот Државен архив, „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“ на авторите Бранислав Светозаревиќ, Марина Ѓоргиевска и Никица Тасевска. ПРО АРС со својата маестрална интерпретација и силен емотивен набој ѝ даде посебна свеченост на вечерта, претставувајќи ја убавината, богатството и живата сила на македонската музичка традиција, а изложбата на Македонскиот државен архив – „Архивските документи – столб на македонскиот идентитет“, создаде впечатлива целина во која македонската култура и историја беа претставени на најдостоинствен начин. Музиката и архивскиот документ, секој на свој начин, ја раскажаа истата приказна – приказната за еден народ, за неговата колективна меморија и за неговата вековна борба за сопствена држава. Преку средбата на музиката и историската документаристика беше потенцирана важната улога на културната дипломатија во процесот на приближување и на соработка меѓу народите и државите. Културната дипломатија не е само претставување на сопственото наследство, туку создавање простор за меѓусебно разбирање, почитување и продлабочување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска. Централниот настан по повод одбележување на 35 години независност на македонската држава во Хрватскиот државен архив во Загреб носеше длабока порака: архивскиот документ го чува паметењето, музиката го оживува, а културата го претвора во трајна врска меѓу луѓето и државите. Вечерта беше збогатена и со дегустација на македонска храна и вино. Во текот на месец септември во Загреб и Хрватска следуваат уште десетици културни настани по повод 35 години независност на Македонија како дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб, поддржана од Министерството за култура и туризам.Тагови: Загреб КИЦ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПерпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00