СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси - реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови - Канал 5

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси - реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Тендер коалицијата на Христијан Мицкоски се распаѓа пред очите на граѓаните. 

СДСМ: Тепачка за фотелји и бизниси -  реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

Наместо Влада којашто работи за интересот на граѓаните гледаме отворена тепачка за фотелји, позиции и бизниси, која се заканува да премине во вистинска војна меѓу криминалните кланови.

ЗНАМ, партијата која беше создадена и финансирана од Мицкоски, повеќе не постои.

Преостанати се само двајца - Максим Димитриевски и Горан Минчев, кои сега се во директна борба за влијанија.

Димитриевски има свој човек и го сака Министерството за земјоделство а од друга страна Минчев не го сака Министерство за земјоделство, бидејќи знае дека таму парите се скратени а земјоделците се крајно незадоволни.

Филков сака да остане на позицијата министер за правда, за да може да ја контролира правдата, да ги спречува истрагите и да ги спроведува планираните тендери.

Стравот од одговорност и од идни истраги е оној што го тера да се држи до Министерството за правда по секоја цена.

Мицкоски, во меѓувреме, бара изговор за предвремени парламентарни избори.

Буџетот е празен, а можностите за ново задолжување се исцрпуваат.

Не може да си дозволи да не ги исплати пензиите. Затоа ќе се обиде да се задолжи до максимум, а кога повеќе нема да може - ќе побара излез преку избори.

Досега не успеа да добие алиби од опозицијата. Сега се обидува да го добие од некој од своите сателити, но и тие знаат дека таков потег ќе ги етикетира како соучесници во политичка манипулација.

Ова е слика на една организирана криминална група која се распаѓа одвнатре.

Кога нема резултати, кога нема пари, а стравот од истраги расте - тогаш започнува тепачка за фотелји и за контрола над институциите кои можат да ги заштитат од одговорност.

Ова не е борба за подобра Влада. Ова е борба за опстанок на криминална структура која се распаѓа.

Време е за вистина и правда.

Време е граѓаните да ја вратат власта во свои раце.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Џенова во која загинаа 43 лица

Поранешниот директор на италијанската компанија за управување со автопати „Аутостраде пер л'Италија“, Џовани Кастелучи, е осуден на 12 години затвор за уривањето на мостот Моранди во Џенова во 2018 година, во кое загинаа 43 лица. 

200 години затвор- стигна пресудата по осум години од трагедијата во Џенова во која загинаа 43 лица

Обвинителите бараа многу подолга казна за него, објави Би-Би-Си.

Кастелучи беше еден од 57-те обвинети на судење во Џенова. Тој веќе отслужува шестгодишна затворска казна за сообраќајна несреќа во 2013 година. Друг висок функционер на компанијата, Микеле Донфери Мители, беше осуден на 11 години затвор. Мостот се урна за време на силен дожд во средината на туристичката сезона, а автомобили и камиони паднаа од висина на земја.

Емануел Дијаз, чиј брат Хенри загина во несреќата, за италијанската телевизија изјави дека е „многу задоволен“ од пресудата. Егле Посети, која ги загуби сестра си и семејството во уривањето, верува дека 12-годишната казна што му е изречена на Кастелучи е „прифатлива“.

Новиот директор се извини

Сегашниот извршен директор на „Аутостраде“, Ариго Џана, денес издаде јавно извинување во отворено писмо објавено во еден голем италијански дневен весник. „Дејствијата и одлуките на некои луѓе оставија неизбришливи лузни“, напиша Џана, кој дојде на чело на „Аутостраде“ минатата година.

„Денес да се издаде извинување кое тогаш не беше изречено е морална обврска за нас што оди подалеку од утврдувањето на правната одговорност и текот на правдата според вистината“, додаде тој. „Аутостраде“ и нејзината подружница претходно постигнаа договор за корпоративна одговорност.

Тие платија околу 30 милиони евра финансиски казни. Ова им овозможи на компаниите да избегнат судење како корпоративни обвинети и можни построги санкции, вклучително и исклучување од јавни договори. Новиот мост, дизајниран од италијанскиот архитект Ренцо Пијано, роден во Џенова, беше отворен во 2020 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов обид за набавка на 150 електрични автобуси - четири компании во трка за големиот тендер

Четири компании доставиле понуди на повторениот тендер за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, наменети за јавниот превоз во Скопје и во другите градови низ државата. 

Нов обид за набавка на 150 електрични автобуси - четири компании во трка за големиот тендер

Министерот за транспорт Александар Николоски најави дека во понеделник јавноста ќе биде информирана за резултатите од евалу-ацијата..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантите

Шпанија прими повеќе од еден милион барања во рамки на вонредната програма за легализација на статусот на мигрантите, што е двојно повеќе од првичните проценки на владата.

Шпанија прими над милион барања за легализација на статусот на мигрантите

Властите имаат рок од три месеци да ги разгледаат барањата и да одлучат дали ќе издадат дозволи за престој и работа.. Премиерот Педро Санчез изјави дека мерката е неопходна за шпанската економија и за интеграција на стотици илјади луѓе кои живеат во земјата..

Владата најави и интеграциски план вреден 500 милиони евра, кој ќе опфати стручно оспособување, учење јазици и зајакнување на јавните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер