СДСМ: Стратешката цел е остварена, испишавме историја, Република Македонија е 30 членка на НАТО!

Во време кога се бориме со заканата од корона вирусот, добри вести пристигнаа за нашата држава и нејзината сигурна иднина.

Сенатот во Шпанија без ниту еден глас против го ратификуваше Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.

Со тоа остварена е и последната ратификација на Протоколот. Македонија и официјално станува членка на најголемиот воено безбедносен сојуз, реализирана е тридецениската заложба на генерации наши граѓани.

Политиките на Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ во изминатите две и пол години допринесоа за остварување на стратешката цел-членството во НАТО.

За само две и пол години остварена е една од двете највисоки цели во надворешната политика. Стратешката цел е остварена, испишавме историја!

Членството во НАТО значи трајна сигурност на границите, безбедност и стабилност на државата, но значи и економски напредок, развој, подобар животен стандард на граѓаните, странски инвестиции и пристап до пазар вреден 4 милијарди евра годишно.

Членството во НАТО е мотив плус, да продолжиме уште попосветено и помотивирано во остварување и на другата стратешка цел - членството во ЕУ.

Им благодариме на сите земји членки на НАТО кои го ратификуваа Протоколот и благодариме и на Шпанија за ратификацијата во невообичаени околности додека и таа како држава но и цела Европа се справуваат со коронавирусот.

Солидарноста и заедништвото се најсилното оружје од справување со било каква опасност.

Здравјето пред сѐ и над сè, ќе се издигнеме уште повеќе и ќе успееме уште повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер