СДСМ: Стотина работници од текстилната фабрика „Артекст“ останаа на улица – уште еден пораз на политиките на Мицкски - Канал 5

СДСМ: Стотина работници од текстилната фабрика „Артекст“ останаа на улица – уште еден пораз на политиките на Мицкски

Постојно се случуваат нови отпуштања на работници кои ги губат своите работни места и остануваат без егзистенција, буквално на улица.

СДСМ: Стотина работници од текстилната фабрика „Артекст“ останаа на улица – уште еден пораз на политиките на Мицкски

Последниот случај е отппуштањето на 100 текстилни работнички и работници од текстилната фабрика „Артекс“ кои останаа без работа и тоа без исплатени две плати.

Работници со децении стаж, кои целиот живот го поминале во фабриките, sо солзи во очите сведочат дека остануваат без ништо a владата на Мицкоски не презема ништо.

Пред само неколку недели се случи отпуштање на работници од „Бехтел и Енка“,од ТИРЗ зоните неколку компании ги затворија погоните и работниците исто така останаа без работа.

Уште еден пораз на катастрофалните економски политики на Владата на Мицкоски.

Последните податоци на Заводот на статистика покажуваат дека бројот на работниците во индустријата во февруари 2026 е намален за 3,4% во споредба со истиот месец лани.

Ова е реалноста со Мицкоски денеска: затворени фабрики, отпуштени работници, неплатени плати.

Владата на Мицкоски не работи за граѓаните, туку за тесни бизнис интереси.

Работниците се оставени сами на себе. Со овие политики сиромаштијата ќе расте.

СДСМ бара итна реакција од сите надлежни институции, да се утврди одговорност за неисплатените плати, да се заштитат правата на работниците и да се обезбеди итна финансиска поддршка за погодените семејства.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Србија воведе забрана за влез на државјани од Црна Гора

Според локалните медиуми ниту еден црногорски државјанин не преминал во соседната земја на граничните премини Гостун, Јабука и Драченовац.

Србија воведе забрана за влез на државјани од Црна Гора

Според извештаите, од 19:30 часот ниту еден црногорски државјанин не бил пропуштен да влезе во Србија, што предизвикало застои и колони на границите.

Медиумите наведуваат дека мерката е воведена по протерување на повеќе од 80 српски државјани од Тиват поради безбедносни причини. Засега нема официјална потврда за траењето на мерката, а се очекува ситуацијата да се нормализира

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка

Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата.

Започна првиот ИКТ бизнис форум - Македонија – Грција: МАСИТ и Setpe потпишаа меморандум за соработка

Со учество на над 130 претставници на компании, институции и организации од Македонија и Грција, денеска во Скопје започна првиот „North Macedonia – Greece Digital Bridge & Business ICT Forum“, настан посветен на продлабочување на економската и технолошката соработка меѓу двете земји.

Форумот, организиран од МАСИТ во соработка со грчката асоцијација SETPE, ги обедини претставниците на ИКТ индустријата, државните институции и бизнис-заедницата со цел создавање нови партнерства, размена на знаење и отворање нови можности за регионален раст.

Во рамки на свеченото отворање беше потпишан и Меморандум за соработка помеѓу МАСИТ и SETPE, документ кој претставува основа за поинтензивна институционална соработка, размена на искуства и заеднички активности во областа на дигиталната економија, иновациите и технолошкиот развој.

Претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, истакна дека форумот е создаден со јасна цел – да ги поврзе компаниите од двете земји и да создаде конкретни деловни можности.

„Денешниот форум не е само уште една конференција или настан за вмрежување. Тој е создаден со многу конкретна цел – да ги поврзе компаниите, да поттикне директен дијалог и да создаде нови бизнис можности меѓу нашите две земји. Меморандумот што денес го потпишуваме не е крајна дестинација, туку почетна точка за посилна соработка, поголема размена на знаење и повеќе можности компаниите од двете земји да работат заедно“, изјави Димитровски.

На отворањето се обратија и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, амбасадорката на Република Грција во Македонија Н.Е. Софија Филипиду, заменик-министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски и претседателот на SETPE, Анастасиос Манос.

Во текот на денот учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на презентации, тематски дискусии и над 150 однапред организирани B2B средби насочени кон создавање конкретни деловни партнерства и нови заеднички проекти.

Организаторите очекуваат токму овие средби да резултираат со нови соработки и да придонесат за натамошно поврзување на технолошките екосистеми на Македонија и Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение

Европската унија има желба да стимулира дијалог меѓу Македонија и Бугарија, има сериозен интерес за раздвижување на процесите и доколку е искрено ќе има решение изјави утринава Тимчо Муцунски министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Муцунски: Има сериозен интерес од ЕУ за раздвижување на процесите со Бугарија и доколку е искрено ќе има решение

Според него наредната недела е можна средба со бугарската страна и додаде дека несомено е дека треба да има дијалог.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер