СДСМ: Стоилковиќ, не ни сметаат Србите и Србија - напротив, ни сметаш ТИ, БИА и Вучиќ - Канал 5

СДСМ: Стоилковиќ, не ни сметаат Србите и Србија - напротив, ни сметаш ТИ, БИА и Вучиќ

Иван Стоилковиќ, не ни сметаат Србите во Македонија.

СДСМ: Стоилковиќ, не ни сметаат Србите и Србија - напротив, ни сметаш ТИ, БИА и Вучиќ

Не ни смета Србија.

Ни сметаш ТИ.

Ни сметаш затоа што ги застапуваш руските интереси во земја членка на НАТО.

Ни смета што славиш со Ноќните волци на Путин.

Ни смета српски министер кога се изјаснува како четник - Никола Селаковиќ a ти славиш со него и со Додик, и со главните европски промотори на анти-ЕУ политики.

Ни смета што си близок со Гашиќ, поранешен директор на БИА, министер за полиција, сега министер за одбрана на Србија - човек поврзан со аферата „5 тони дрога“ и кој Македонија ја гледа како српска територија.

Ни сметаш затоа што соработуваш со Милош Вучевиќ, претседател на СНС, и организираш контра-митинзи против младите во Србија - во Куманово.

Ни сметаш затоа што си со Душан Адамовиќ, почесен конзул на Македонија во Србија и бизнис-партнер на Мицкоски, кој отворено вели дека Македонија е „окупирана српска територија“.

Ни сметаш ТИ и Латас - затоа што и двајцата работите за БИА.

Ни сметаш затоа што сме членка на НАТО и кандидат за ЕУ, а ти ја пропагираш Кина.

Ни сметаш ТИ и Ивона Талевска - затоа што заедно со Латас ја организирате лиценцата на Вучиќ за Euronews и српските медиуми од Ало групата (Информер и слични) за тотален медијумски мрак.

Ни сметаш ТИ, кој ги застапуваш интересите на Алта банка, банка во сопственост на браќата Вучиќ. Банка што служи за перење пари на СНС и ВМРО-ОКГ. Банка што е под истрага во ЕУ поради потеклото на парите. Банка што служи за финансирање на 40% од медиумската мрежа на Орбан во Македонија, која е во служба на пропаганда по моделот на Гебелс, а во служба на ВМРО-ОКГ.

Ни сметаш затоа што работиш против Македонија, а во корист на „српскиот свет“ на Вучиќ и Русија.

Ни сметаш затоа што за прослава на Свети Сава донесе фашисти - историчари од Србија да држат говори.

Ни сметаш затоа што за Илинден носиш министри како Немања Старовиќ, министер за ЕУ интеграции, кој јавно ги изнесува своите анти-ЕУ ставови и ја поддржува кампањата против Европа.

Ни сметаш и заради министерката Снежана Пауновиќ од СПС – партија на Милошевиќ што ја пропагира политиката од деведесеттите, војните и етничките чистења - додека ти си министер во Влада во која има и национални малцинства.

Токму таа министерката која пред две недели изјави дека, доколку била на местото на Милошевиќ, би спровела етничко чистење на Косово.

Нам не ни сметаат Србите.

Србите се наши драги сограѓани, наши соседи, наши пријатели и дел од оваа држава, како малцинство.

Ни сметаш ТИ и твоите соработници од организираната криминална група ВМРО.

Ни сметаш ТИ и Мицкоски - затоа што ја блокирате Македонија и нејзината европска иднина.

Србија не е Вучиќ.

Српската напредна странка не се Србите. Тоа е само дел од вашата криминална организација - балканскиот картел.

А ти ни сметаш затоа што си дел од тоа.

Скопје, 05.08.2028

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер