СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ - Канал 5

СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ

Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја.

СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на  кампањата на Вучиќ

Прво Мицкоски.

Потоа Латас.

Сега Стоилковиќ.

Ист речник.

Иста поделба.

Иста стратегија.

Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја.

Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ - секогаш кога ќе излезат да бараат правда и одговорност.

Главен промотор на таа кампања е Информер - телевизија, портал и весник.

Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта - ти си против државата.

Сега истата матрица се пресликува во Македонија.

Мицкоски почна со „талог на општеството“, па продолжи со „медиокритети“, „глодари“, „мекотели“, „лешинари“…

Потоа Саша Богдановиќ - еден од оние што заедно со Максим Димитриевски ја делеа СДСМ за потребите на Мицкоски - го направи истиот чекор како Вучиќ: ги нарече „усташи“.

Латас ја води Орбановата медиумска машинерија кај нас

Стоилковиќ ја заострува реториката. А ВМРО бандата се нафрли врз младите кои носеа транспарент со вистината за водата во Ново Село.

Вучиќ си има свои „батинаши“, а сега Мицкоски се обидува да создаде свои насилници и тепачи.

Вучиќ ги нарекува младите криминалци и наркомани, а сега и ВМРО ги нарекува криминалци и дилери.

Целта е иста:

Да се обесхрабрат младите,

Да се создаде страв, да се подели општеството на „наши“ и „нивни“.

Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ веќе не држи.

Зашто, како што сам Мицкоски призна, ВМРО не е македонска, туку „промакедонска“ партија - затоа што половина од нив имаат бугарски пасоши и бугарски фирми.

Во Србија оваа кампања се води затоа што студентите станаа најголема закана за режимот на Вучиќ.

Во Македонија се води затоа што СДСМ ги разоткри сите лаги и манипулации на оваа тендер-коалиција - на организираната криминална група на „тендер-патриотите“ од ВМРО.

Младите масовно си одат.

Оние што остануваат, сè повеќе гледаат дека оваа власт нема што да им понуди освен криминални тендери за Мицкоски, изолација на државата и навреди кон сите слободни граѓани.

„Талог“ е само копи-пејст на кампањата на Вучиќ.

Иста школа.

Исти ментори.

Иста цел - да се замолчат оние што бараат промена.

Граѓаните, а особено младите, веќе го препознаваат сценариото.

Во буџетот нема пари.

Просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен.

Вториот пензиски столб најверојатно ќе се обиде да го „национализира“, но и тогаш ќе има проблем со исплата на пензиите.

Економскиот колапс веќе е произведен - само не знаат како да излезат од него.

Затоа Мицкоски се обидува „под радар“ да го протне францускиот предлог, за да излезе со некаков резултат.

Затоа лета на екскурзија во Брисел.

Просторот се стеснува.

Граѓаните веќе сè знаат.

Последните подготовки се јасни:

Медиумите на Вучиќ од групацијата „Ало“ (во која е и Информер - најгласното медиумско оружје на Вучиќ) и преземање на лиценца на Euronews, која треба да ја води Ивона Талевска заедно со началникот Латас - уредник на сите нивни медиуми.

Дотогаш мора повторно да го поделат народот.

Мора да се подготват за предвремени избори.

Затоа што пари нема.

А други резултати нема, ниту ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

Претседателот на собранието Африм Гаши упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.

Гаши: Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упатувам искрени честитки до сите православни верници и до сите граѓани кои го одбележуваат овој значаен празник.

Нека празничниот ден биде исполнет со мир, спокој и семејна топлина и нека нè потсети на вредностите што нè обединуваат како општество.

Во духот на соживотот и почитувањето на различностите, да продолжиме заеднички да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува почитуван и еднаков.

На сите кои го празнуваат, им посакувам добро здравје, благосостојба и пријатни празнични мигови со своите најблиски.

Со почит,

Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија

Влада: Управата за финансиска полиција ги испитува сите информации кои беа изнесени во јавноста, АВМУ ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио

Во врска со наводите изнесени од страна на СДСМ за наводен влез на сомнителен капитал и купување на телевизија, ја информираме јавноста дека Управата за финансиска полиција постапува по предмет и ги испитува сите индиции и информации кои беа изнесени во јавноста, а АВМУ врз основа на постапувањето на институциите ја запре постапката за промена на сопственичката структура на една телевизија и радио. Институциите, во рамки на своите законски надлежности, ги презема потребните дејствија за утврдување на сите релевантни факти и околности.

Апелираме да не се шпекулира и да не се дезинформира јавноста со непроверени и невистинити информации. Надлежните институции постапуваат професионално и согласно закон, со цел заштита на јавниот интерес и интересите на граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност

​Денеска сакаме да зборуваме за нешто што е најважно за секое семејство, за платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните.

Бојковска: Со ВМРО-ДПМНЕ платите растат за 70% повеќе, а пензиите за цели 325%, значително побрзо граѓаните добиваат повеќе и живеат со поголема економска сигурност

Економските резултати се мерат со бројки. А бројките јасно покажуваат дека со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, платите и пензиите растат значително побрзо.

Ајде да направиме директна споредба.

Во јуни 2017 година, кога СДС дојде на власт, просечната плата изнесуваше 22.800 денари. До мај 2024 година, таа порасна на 41.250 денари. Тоа значи дека за 84 месеци, односно за седум години, просечната плата се зголемила за нешто над 18.400 денари, во просек, тоа е раст од околу 220 денари месечно.

Сега да видиме што се случува со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше околу 40.900 денари, а во мај 2026 година достигна над 49.500 денари. За само 23 месеци, просечната плата е зголемена за околу 8.600 денари. Тоа е просечен месечен раст од над 370 денари, односно околу 70% побрз раст, во споредба со периодот на владеење на СДС и ДУИ.

Но разликата не се гледа само кај платите, таа е уште појасна и поголема кај пензиите.

Во јуни 2017 година, просечната старосна пензија изнесувала помалку од 15.300 денари. Во мај 2024 година таа достигнала над 22.900 денари. Што значи, за седум години, пензијата се зголемила за скоро 7.700 денари, односно во просек растела за над 9 денари месечно.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, просечната старосна пензија во јули изнесувала 22.850 денари, која во мај 2026 година достигна над 29.700 денари. Тоа е зголемување од над 6.800 денари за само 23 месеци, односно просечен месечен раст од околу 300 денари, што значи дека месечниот раст на старосната пензија во периодот на оваа Влада е околу 325% поголем во споредба на периодот на претходната влада на СДС и ДУИ.

Почитувани,

Ова е разликата меѓу политики што носат резултати и политики што остануваат само на зборови.

Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е повисоки плати, повисоки пензии, повеќе инвестиции, повеќе работни места и повисок животен стандард за сите граѓани и во таа насока, уште попосветено ќе продолжи да работи.

YouTube video

Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер