Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
1Лишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријави
„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
2„Розов пикник појадок“ во Градскиот парк- организторите побараа подобра превенција и скрининг за жените
МакедонијаСДСМ: Српска или руска странски служби за Груби кажале, па ова е веќе циркусСè што досега кажа Мицкоски и ВМРО-ОКГ се покажа дека е голема лага.Тетарот и режираното сцанарио со Груби веќе стана циркус. Обвинителството под контрола на Мицкоски го правдаше скандалозното одредување куќен притвор за Груби со безбедносна проценка дадена од МВР и АНБ. Не бил безбеден и затоа морале да одредат куќен притвор. Истиот ден, директорот на затворот Шутка, инаку кадар на ВМРО-ОКГ, го демнатираше обвинителството. Според него ниту АНБ ниту МВР не дошле и не направиле проценка. Мицкоски вчера, јавно, на телевизија рече дека тоа биле класифицирани информации, доверливи и не може да се соопшти. Имал чувство. Сега излегуваат информации дека „странски служби“ јавиле и тоа уште пред една година и дека безбедносна проценка воопшто не била направена од АНБ и МВР. Само не кажаа која, дали српска или руска странска служба? Ако нема проценка од АНБ и МВР како Обвинителството донело одлука за куќен притвор? Ако нема проценка од АНБ и МВР како Мицкоски вели дека „тоа било класифицирано“. Или неговите лаги почна да ги третира како класифицрани? Циркус. Нема посилна потврда од ова дека сè е договорено и смислено. Се измислуваат нови лаги, се прави дефокус за да се покрие сценариото, дилот којшто го направиле. Претстава на граница, доаѓање со наочари, со насмевка, само уште црвен килим недостасуваше. Пречек со камери, со медиумска поддршка на 40% од медиумите под контрола на ВМРО преку Орбан. Одредувањето куќен притвор од обвинителство и судство по контрола на ВМРО ОКГ. Има, па нема безбедносна проценка. Дале проценка АНБ и МВР па не дале. Сега странски служби. Недостастуваат уште „жолтите комбиња“ и сликата да била комплетна. Циркус Медрано како што велеше Гордана Јанкуловска. Ова почитувани го разобличува целото режирано сценарио, целокупниот театар. Мицкоски прво разрешува и поставува нови обвинители на телевизија, во живо во емисија, а сега повторно во емисија најавува што ќе зборува Груби и што ќе прави обвинителството. Кому веќе не му е јасно дека Мицкоски, покрај тоа што ги уредува 40% од медиумите што преку Орбан ги има под контрола, управува и со обвинителството? Сè е договорено. Граѓаните не се глуви и не се слепи, гледаат и знаат се. Имаме чувство Мицкоски. Линк до видео: https://youtu.be/PfsXW7IpMuw Скопје, 27.02.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 16 лица на различни локации во државата, при преглед кај нив пронајдена е дрога, следуваат пријавиПо целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.На 03/04.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.П.(21), С.Б. (37) , М.Х.З.(39), С.М.(19) и 17-годишничка, сите од Скопје, како и М.И.(38) од Велес, Х.Д.(25) од Гостивар и Е.С.Е.(22) од Турција, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. На 03.10.2026 во 16:45 часот на ул. „Киро Ристоски-Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Л.А. (36) од Тетово. При преглед кај него биле пронајдени и одземени две пакувања со кокаин и еден кујнски нож. На 03.10.2026 во 22:00 часот, на ул. „120“ во Тетово, во спортска обложувалница, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода К.А. (34) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден предмет со остатоци од кокаин. Во врска со истиот настан, од слобода било лишено и одговорното лице од објектот С.Р. (62) од с. Челопек, поради сомнение за сторено кривично дело по чл. 216 од Кривичниот законик „овозможување употреба на опојни дроги“. На 04.10.2026 во 01:20 часот на ул. „Иво Лола Рибар“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.А. (29) од Гостивар. При преглед кај него било пронајдено и одземено пакување со кокаин. На 03.10.2026 во 23:45 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Штип ги лишија од слобода А.Ѓ.(22) и В.И.(24), двајцата од Штип. При преглед кај нив е пронајдена и одземена грутчеста материја и марихуана. На 03.10.2026 во 21:30 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ј.М.(37) од Чешка, поради тоа што во патничко возило со чешки национални ознаки, со кое тој допатувал, во неговиот личен багаж била пронајдена и одземена марихуана. На 03.10.2026 во 21:30 часот во Кавадарци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово во координација со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишија од слобода А.Г.(31) од Кавадарци, поради тоа што при извршен преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаСДСМ: ЗНАМ во Гостивар го чува идентитетот. Свој нема. Има далечинско! Максо пред гостиварци: ќе разговараме со Бугарија, не отстапуваме од македонскиот идентитет. Отчет. Две години работа. И само една љубов - тендери. Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Сега се чувари на идентитетот. Свој немаат. Имаат здружение на далечинско. Сателит на арамијата. Столче, тендер, глас во Собрание. Идентитетот го потврди Фон дер Лајен, директно, во Скопје: Европа ве чека со вашиот јазик и вашата култура. Сиљановска рече: заштитени се македонскиот идентитет, јазикот и културата. Преспанскиот договор арамијата го нарече ремек-дело. Тимчо рече дека НАТО е најдобрата работа за земјата. Па сега ЗНАМ ги повторува речениците на арамијата, во град во кој веќе дванаесет недели нема документ дека водата е чиста и безбедна за пиење. 5.000 луѓе се отруле, а дел од нив завршиле во болница. Максо го чува идентитетот како плац за Лидл. Нека објаснат во Гостивар што чуваат. Идентитет што не е на маса, или партиска каса што е на маса. Нека кажат колку чинеше столчето. Нека кажат како и зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми, а другите ги нарекуваат предавниции. ЗНАМ не е отчет. Тоа е филм што веќе го гледавме. Предавство со датум. Втората верзија бара клучеви за 1,6 милиони евра. Првиот пропадна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКим Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракетаДржавната Корејска централна новинска агенција (KCNA) на Северна Кореја објави дека Северна Кореја вчера спроведе вежба за лансирање стратешки ракети со среден дострел, под надзор на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска е клучна и дека развојот на стратешко оружје е неопходен за да се заштити националната безбедност и стабилност во сегашната геополитичка средина. „Мора да продолжиме да вложуваме одговорни и непрестајни напори за непријателот постојано да може да ја препознае сигурноста и смртоносноста на нашите стратешки офанзивни средства“, го цитираше KCNA Ким, додавајќи дека тоа е средство за одвраќање. Можеби станува збор за ракета Хвасонг-16 KCNA објави дека ракетата, лансирана на североисток, погодила цел на 1.000 километри оддалеченост во Источното Море. Јужнокорејската војска претходно соопшти дека во четврток наутро детектирала лансирање на балистичка ракета од областа Вонсан во Источното Море и дека ракетата прелетала повеќе од 700 километри. Експертите веруваат дека може да станува збор за хиперсонична балистичка ракета со среден дострел Хвасонг-16, повикувајќи се на извештаите на севернокорејските медиуми дека ракетата можеби ја променила својата траекторија на ниска надморска височина за време на летот. Државните медиуми објавија фотографии на кои се гледа Ким како го надгледува лансирањето со својата ќерка Џу-ае и сопругата Ри Сол-ју. Тројца јужнокорејски војници се повредени во експлозија на мина Лансирањето се случи во време на зголемени тензии на Корејскиот Полуостров по експлозијата на мина во демилитаризираната зона (ДМЗ) минатиот месец, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници. Јужнокорејската војска ја обвини Северна Кореја за поставување мина што експлодираше на 21 септември, нарекувајќи го чинот „очигледно“ кршење на договорот за примирје со кој заврши Корејската војна од 1950 до 1953 година. Сеул побара извинување од Пјонгјанг и одговорни мерки, додека Северна Кореја негираше одговорност, обвинувајќи ја Јужна Кореја за фалсификување на резултатите од истрагата и предупредувајќи за „безмилосна“ одмазда доколку се преземат соодветни мерки. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter