СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира - Канал 5

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Додека граѓаните се соочуваат со поскапувања, зголемена сиромаштија и се полош животен стандард, владата одлучува во најголемиот буџет во историјата да скрати над 30 милиони евра од социјални трансфери и субвенции.

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира

Нема власта пари за поголеми плати за работниците, нема пари за нови мерки за поддршка на стандардот, нема пари за детски додаток, за посебен додаток за децата со попреченост, за поголем образовен додадок, нема пари за повредените и семејствата на загинатите во Кочани.

Има пари само за нови луксузирања на функционерите на власта. И тоа е поразително.

Со овој ребаланс власта крати пари за најранливите – за детски додатоци, образовен додаток, додатоци за деца со попреченост, лични асистенти, заштитни друштва каде се вработени лица со попреченост, жртви на семејно насилство.

Лични асистенти на лица со попреченост и негуватели на услугата помош и нега во домот на стари лица, немаат добиено надоместок од април 2025 а сега дополнително се кратат пари за најранлиците. Организациите кои се борат против семејното насилство остануваат со намален буџет од 20 милиони денари, токму во момент кога самиот министер признава алармантен раст на семејното насилство!

Ставката за нови градинки се зголемува, но вистинската причина не е дека има нови проекти туку реализацијата до 1 јули беше нула денари, не можат проектите на СДСМ да ги завршат.

Истовремено, додека крати пари за народот власта ги зголеми за 30 милиони евра трошоците за сопствено луксузирање – за стоки и услуги за функционерите, за приватни авиони, папаја и манго.

Ова е срамно понижување на граѓаните, на ранливите, на оние на кои им е непходна помош и поддршка во ова тешко време! Владата избра да го штити својот луксуз, а не стандардот на народот.

Загрижува тоа што со овој ребалнст се гледа дека дупката во ПИОМ расте а наплатата на придонесите не оди добро. Тоа на долг рок значи загрозување на исплатата на пензиите на нашите пензионери.

Овој ребаланс е потврда за: економскиот неуспех на Владата, за ингорантскиот однос на власта за потребите на граѓаните и социјално ранливите.

Затоа СДСМ поднесува 160 амандмани со кои бараме:

-Покачување од 20% на детски додаток, еднократна парична помош за новороденче, родителски додаток за дете, додаток за образование.

-Покачување од 10% на социјалната заштита, гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, правото на социјална сигурност на стари лица.

-30 милиони денари за невладините организации, Националните инвалидски организации, нивните здруженија и нивната асоцијација, на здруженија за борба против семејното насилство и за Црвениот крст на Република Северна Македонија

-934 милиони денари за семејствата на загинатите и повредените во трагедијата во Кочани;

-60 милиони за реновирање и 20 милиони за опрема во болницата во Кочани;

-Финансиска помош за студенти од социјално загрозените семејства

-Финансиски додаток на студенти со попреченост

-Бесплатен превоз за ученици од руралните места.

Овие амандмани се реални, праведни и изводливи – но потребно е да се прекине луксузирањето и расипништвото на власта и парите да се насочат кон оние на кои им се најпотребни.

Ги повикуваме сите пратеници во Собранието – без оглед на политичката припадност – да ги поддржат овие амандмани.

Време е за буџет кој ги става граѓаните во фокус, а не функционерите. Не за папаја и манго – ДА за Кочани, за децата, за ранливите, за студентите, за пензионерите, за Македонија!

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - пратеничка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња волшебникот Лионел Меси, пред два дена се прости од аргентинската репрезентација на натпреварот против Бенин и со тоа заокружи една фантастична фудбалска приказна.

Меси доби понуда што не се одбива: Аргентинецот доби покана да го направи единственото нешто што го нема направено?!

Сепак, Лионел Меси нема намера да застане кога станува збор за клупскиот фудбал, а пристигна и една многу интересна понуда.

Меси има освоено бројни натпреварувања во светскиот фудбал, но никогаш не настапил во Копа Либертадорес.

„Мислам дека му преостанува уште да заигра во Копа Либертадорес, па затоа го прашувам дали би го прифатил овој предизвик“, изјави претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез.

Иако фудбалерот на Интер Мајами сè уште не размислувал за оваа одлука, навистина не би било чудно да го видиме во ова натпреварување.

Меси практично освои сè што можеше да се освои, а евентуалното освојување на уште еден трофеј во неговата богата кариера би претставувало вистинска круна на неговите достигнувања.

На 39-годишна возраст, Меси веќе зад себе има осум „Златни топки“, шест „Златни копачки“, четири титули во Лигата на шампионите, десет титули во Шпанија, две титули на Копа Америка, трофејот од Финалисима и Светското првенство во 2022 година, како и бројни други признанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Добитничка на Нобеловата награда за мир за 2026 година е Наванетен Пилај.

Доделена е Нобеловата награда за мир 2026. (ВИДЕО)

Пилај е јужноафриканска адвокатка и судијка, позната по својата долгогодишна работа во заштитата на човековите права и меѓународната правда.

Таа ја доби наградата за нејзините напори во промовирањето на мирот и меѓународното право.

Гледајте ја церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во живо:

За потсетување, Норвешкиот Нобелов комитет доби номинации за 287 кандидати, од кои нешто повеќе од една четвртина се организации, објави претходно АП.

YouTube video

Како што објавува Тајм, 208 кандидати се поединци, а 79 се организации.

Овогодинешната церемонија на доделување на наградите ја одбележува 125-годишнината од Нобеловата награда за мир, која е доделена на 112 поединци и 28 организации од 1901 година.

Црвениот крст е награден три пати, а Агенцијата на ОН за бегалци двапати. Меѓу индивидуалните добитници беа 20 жени, од кои осум беа наградени во последните 15 години.

Минатогодишната добитничка беше лидерката на венецуелската опозиција, Марија Корина Мачадо, која беше наградена за нејзината борба за демократска транзиција во Венецуела. Подоцна таа му ја додели Нобеловата награда на Трамп, но Нобеловиот комитет рече дека самата награда не може да му се додели на друго лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП: Одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома

 Апел на РСБСП до сите учесници во сообраќајот по повод престојниот празник 11 октомври- одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома.

РСБСП: Одговорното учество во сообраќајот е најважно за безбедно патување и безбедно враќање дома

По повод престојниот празник 11 октомври, продолжениот викенд и очекувањата за зголемената раздвиженост и фреквенција на возила на патиштата, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот да бидат особено внимателни, одговорни и доследни во почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

Продолжените викенди се период кога поголем број граѓани патуваат, што значи зголемено присуство на возила и пешаци на патиштата, подолги патувања и поголем ризик од сообраќајни незгоди. Затоа, секое патување треба да започне со свест дека безбедноста не смее да биде оставена на случајноста.

РСБСП апелира до возачите:

* почитувајте го ограничувањето на брзината и прилагодете ја брзината на движење според условите и состојбата на патот;

* не управувајте со возило под дејство на алкохол и психотропни супстанци

* не користете мобилен телефон и деуги електронски уреди додека управувате со возилото;

* користете сигурносен појас на секое патување, без оглед на должината на релацијата;

* користете соодветна детска седиште и задолжително обезбедете ги децата;

* одржувајте безбедно растојание и избегнувајте ризични престигнувања и ненадејни маневри;

* пред подолго патување проверете ја техничката исправност на возилото, особено пневматиците, сопирачките и системите за осветлување;

* доколку сте уморни, не продолжувајте да возите – направете пауза и одморете се.

РСБСП посебно потсетува дека брзањето, невниманието и преценувањето на сопствените возачки способности можат да имаат несакани последици. Неколку минути порано на крајната дестинација, никогаш не се поважни од човечкиот живот.

Апелот се однесува и на пешаците, велосипедистите и мотоциклистите – да бидат внимателни, видливи и да ги почитуваат сообраќајните правила, особено при преминување и движење покрај коловозот.

За време на продолжениот викенд, патувајте одговорно, возете внимателно и не ризикувајте го својот и животот на другите.

Нека 11 Октомври биде повод за празнување, дружење и безбедно патување, а не причина за сообраќајна незгоди и трагедии.

РСБСП со апел:

„Вози одговорно -Секој живот е важен.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер