МакедонијаСДСМ: Со политички монтирани случаи власта дефокусира откако беша фатена во корупција со ИПАРДФатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спнови и политички монитрани случаи. Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна. Сега се обидува со монтирани обвинувања да дефокусира, да ја замајува јавноста и да се вади од сопствениот криминал во којшто е заглавена, се наведува во соопштението од СДСМ. Ваквите монтирани и неосновани пријави за Трајан Димковски, кој целосно ги разобличи сите злоупотреби на Министерството за земјоделство и неспособноста на оваа власт не може да бидат никакво алиби. Очекуваме судските органи да го следат исклучиво словото на законот и во целост да ги отфрлат овие неосновани и монтирани пријави за Димовски. Станува збор за класичен политички прогон, без правна основа и обид за замолчување на СДСМ во откривање на сите корупциски скандали на власта на Мицкоски. На граѓаните повеќе од јасно им е дека методите на Никола Груевски и режимските инструменти на голема врата се вратени и се применуваат. Порачуваме дека СДСМ ќе продолжи гласно да зборува и да ги открива нивните криминали а ваквите обиди ќе бидат казнети од граѓаните кои веќе ја прочитаа ова власт. СДСМ Центар за комуникации со јавностаТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
БалканИлија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска разговараше со лидерот на листата Студентска листа - Студентите победуваат, Илија Срдановиќ, на кого му ја честиташе победата на листата на парламентарните избори во Србија.„Приоритет сега е да се конституира парламент и да се формира нова влада без одложување, преку мирна транзиција и со целосно почитување на резултатите од изборите. Србија има место во Европската унија“, напиша Коста на мрежата X, наведувајќи дека имал добар разговор со Срдановиќ, додавајќи: „Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите.“ I just had a good phone conversation with Dr Ilija Srdanović. I congratulated him on the Student List’s election victory in Serbia. The priority now is to establish Parliament and the new government without delay, through a peaceful transition and in full respect of the election results. Serbia’s place is in the European Union. We stand ready to support its European path, with a clear focus on the reforms the Serbian people have called for: the rule of law, the fight against corruption and media freedom. — António Costa (@eucopresident) October 27, 2026 На парламентарните избори одржани во неделата во Србија, листата Студентска листа - Студентите победуваат освои 141 место со 53 проценти од гласовите, додека листата Александар Вучиќ - Обединета Србија беше втора со 38,8 проценти од гласовите, или 103 места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ЗабаваХоландија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година. Холандскиот јавен радиодифузен сервис NPO одлучи да ја повлече апликацијата откако некои радиодифузери и вработени се спротивставија на учеството. NPO изјави дека во моментов немаат доволна поддршка за враќање на натпреварот. Не успеаја да постигнат договор Претседателот на одборот на NPO, Јет де Раниц, објасни дека разговарале со издавачите, но не можеле да најдат решение што ќе ги задоволи сите. Иако на почетокот се чинеше дека има поддршка за учество, на крајот се покажа дека не е така. „Затоа, заклучивме дека е сè уште рано да се вратиме на Евровизискиот натпревар за песна 2027. Со оглед на чувствителноста на темите што се дискутираат, веруваме дека е најдобро засега да се откажеме од учеството“, рече Де Раниц, пренесува холандскиот RTL. Прво го најавија своето враќање, а сега се откажаа Одлуката дојде како изненадување бидејќи NPO на крајот на септември објави дека Холандија ќе се врати на Евровизискиот натпревар по едногодишна пауза. Промената се случи откако телевизиската компанија AVROTROS, која со години беше задолжена за настапот на Холандија на Евровизискиот натпревар, ја предаде организацијата на NPO кон крајот на август. AVROTROS се спротивстави на враќањето на натпреварот, првенствено поради вмешаноста на Израел и војната во Газа. NPO потоа, и покрај овие приговори, одлучи да ја регистрира Холандија, сметајќи дека Евровизија може да биде можност за поврзување на луѓето преку музика. Но, по новите разговори со издавачите, одлуката беше променета. „Мораме заедно да ја преземеме одговорноста“ Директорот на програмата на NPO, Јуре Босман, рече дека разбира зошто учеството на Израел предизвикува дебата и поделби. „Сакаме да испраќаме изведувачи и нивните тимови на Евровизискиот натпревар само ако барем еден издавач цврсто стои зад нив. Ова е единствениот начин тие соодветно да ги претставуваат вредностите на музиката, културата, различноста и заедништвото“, рече тој. Тој нагласи дека одговорноста за учеството не може да лежи само кај изведувачите. „Мораме заедно да ја преземеме таа одговорност. Затоа, по разговорите со Советот на издавачи, одлучивме дека Холандија нема да учествува на Евросонг во 2027 година“, додаде тој. Иако нема да испратат свој претставник, Холандија сепак ќе го емитува Евровизискиот натпревар. Како и досега, NOS ќе биде задолжена за телевизиското емитување.Тагови: Евросонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветДизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува Руските компании се подготвуваат да испратат четврти танкер со дизел гориво од Русија во САД, кој треба да исплови на 28 октомври, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.„Во моментов, три брода се на пат кон САД. Очекуваме четвртиот танкер да исплови на 28 октомври“, изјави Новак за новинарите на маргините на 28-от министерски состанок на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), објави Интерфакс. Тој истакна дека општите договори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се спроведуваат и покрај притисокот од демократите во врска со овие договори. „Ставот на демократите, кои зборуваат или дури дејствуваат спротивно на интересите на народот на САД, е изненадувачки“, рече Новак. Демократските сенатори и членовите на Претставничкиот дом на САД претходно испратија писма до поединечни банки и морски пристаништа, барајќи од нив да ја зачуваат документацијата за трансакциите со Русија поради евентуална истрага за договорот за снабдување со дизел од Русија. Во писмата се наведува дека договорот за снабдување со дизел од Русија може да претставува ризик за националната безбедност на САД.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook