ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ
1ВРЕДИ: ДУИ со нова лага и нов театар, кога немаат одговор за сопствениот имот и афери, измислуваат конструкции за ВРЕДИ
МакедонијаСДСМ со ново раководство - Филипче најави нова енергија во партијатаСпој на млади и искусни, вака лидерот на СДСМ, Венко Филипче го опиша изборот новото партиско раководство. Позициите на потпретседатели ги зазедоа Александар Трајановски и пратеничката Јована Тренчевска. Ана Чупевска се враќа како претседател на новоформираниот Совет на партијата, а генерален секретар останува Александар Саша Димитријевиќ. Извршниот одбор пак со старо-нови кадри, таму останува Андреј Жерновски, а Јон Фрчковски е еден од новите членови. -Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба со оваа ненародна и криминогена и корумпирана власт на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ. Ние сме тие коишто ќе стават крај на политиката на изолација на државата од Европа. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на корупцијата и криминалот на оваа власт. Ние сме тие коишто ќе ставиме крај на предавството на безбедноста и националните интереси на нашата земја преку проектот мигранти за пари,--Венко Филипче, претседател на СДСМ. Новите лица на Филипче се всушност старите кадри на Зоран Заев, наредниот чекор за СДСМ е стечај, оценија од владеачката ВМРО-ДПМНЕ. -Претставија “Нова сила”, а всушност тоа се стари лица на Зоран Заев кој заедно со Филипче го доприватизираа и раскрчмија СДС. Во т.н “ново” раководство на СДС влезе екс директорот на затворот Шутка со активна кривична пријава за злоупотреба на службена должност, Филип Андов, исто така влезе и Јон Фрчковски кој беше фатен како се дрогира на своето работно место и призна за тоа и наместо казна тој доби унапредување во СДС,--Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ. Во ребрендираната опозициска партија, освен новоформиран партиски Совет, се афирмираше и нов Антикорупциски тим како и дигитална платформа „Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал„, со акроним М.И.Ц.К.О. Тие веќе неколку недели објавуваат т.н бомби со наоди за корупција од членови на владеачката ВМРО-ДПМНЕ. За дел од нив, ДКСК веќе отвори предмети. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан БогоевЖалбата што ја поднесе екс директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.Оттаму велат дека жалбата била проследена до надлежното обвинителство во петокот, но дека јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата. Богоев е осомничен во истрагата која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали. Судот претходно му определи мерка притвор, по што неговата одбрана најави жалба, наведувајќи дека понудила гаранции и мерки на претпазливост кои, според нив, можеле да обезбедат присуство на осомничениот во текот на постапката...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЏо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коскитеСопругата на екс претседателот на САД, Џо Бајден откри страшни детали за состојбата на поранешниот претседател: Болеста е во четврта фаза.Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, изјави дека нејзиниот сопруг Џо Бајден има рак на простата во четврта фаза кој се проширил на неговите коски и прима специјализирана терапија. Џо Бајден боледува од рак на простата во четврта фаза, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден. Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани. Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден истакнала дека не очекувала здравствените проблеми на нејзиниот сопруг да доведат до дијагноза на рак на простата, објави Фокс њуз. Според неа, откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради долготрајни заболувања, Бајден отишол на преглед кај уролог, по што дополнителните анализи потврдиле присуство на рак. - Џо ќе мора да живее со рак до крајот на животот - изјави Џил Бајден, додавајќи дека поранешниот претседател прима специјализирана терапија и поминал низ повеќенеделен циклус на зрачење. Таа изјави дека 83-годишниот Бајден продолжува да патува и да учествува во јавни настани, но дека поради возраста, болеста и терапијата, тој забавил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа различни локации во Скопје пронајдени тројца починати Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.Според полицискиот билтен, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково. Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook