МакедонијаСДСМ: Со линеарното покачување власта ги краде пензионеритеПензионерите ќе бидат два пати оштетени со оваа одлука, со овој грабеж, еднаш во септември и еднаш во март следната година.Денес ќе ја изложиме целосната пресметка и фактите за македонските пензионери да разберат за каква манипулација се работи. Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%. Што значи тоа? За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување. Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари. За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку. За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000. И така редоследно секој пензионер губи од пензијата. Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон. Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото. Дополнително, следното усогласување во март 2026 ќе се пресметува на помала основица, што значи дека и понатаму пензионерите ќе добиваат помалку од заслуженото. Со ова решение Владата практично ги излажала и им ускрати од пензиите на пензионерите двапати. Покрај тоа што пензионерите се оштетени, со оваа одлука се крши принципот на правичност — секој да добива според својот придонес — и се испраќа порака дека вложувањето во пензискиот систем нема смисла, што го загрозува фондот и идните пензии. Анализата исто така покажува дека денес на еден пензионер има само 1,6 работници — најлош однос досега, а дефицитот на фондот е над 47% и расте. Наместо Владата да го стабилизира системот и да поттикне повеќе вработени, таа со популистички и манипулативни потези го уништува. Не само што го уништува системот, туку објективно ги краде пензионерите. Почитувани пензионери, Со овој предлог закон, Владата ви ги крати заслужените пензии, ве излажа двапати и го поткопува целиот систем на кој се темели вашата безбедност. Бараме Владата веднаш да го повлече овој предлог и да им ги врати на пензионерите парите што им следуваат, правично и согласно законот! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
КултураЕУ вечерта на „Охридско лето“ го носи концертот „Последната роза на летото“„Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од фестивалот „Охридско лето“.Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи. На програмата ќе бидат изведени: Соната за виолина и пијано e-moll оп. 82 од Едвард Елгар, Соната „Ундине“ за виолина и пијано од Карл Рајнеке, Ноктурно бр. 18 „Пладне“ за соло пијано од ирскиот композитор Џон Филд, Арија на Ленски од операта „Евгениј Онегин“ за флејта и пијано од Петар Илич Чајковски и Фантазија и варијации на тема „Последна роза на летото“ за виолина и пијано од композиторот Вилијам Винсент Волас Вечерта на Европската унија деветнаесетта година по ред се организира на фестивалот „Охридско лето“ со поддршка на Делегацијата на Европската унија во Македонија.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Готик Војсис“ со рафинирана изведба на средновековна музикаРафинираност, висок квалитет и спиритуалност во изведбата на средновековна музика покажаа членовите на ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија кои синоќа настапија во црквата „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“.Извонредните гласови на мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли донесоа дела од Џоан Меткалф, Џон Данстапл, Ричард Смерт, Арво Перт, Леонел Пауер, композиции од непознати автори од 13-от, 14-от и 15-от век, како и грегоријанскиот напев Gaude, Maria virgo. -Програмата со која настапивме беше мешавина од современа и раносредновековна музика. Кога ја креиравме, сфативме дека тие се вклопуваат совршено. Централно дело на концертот беше делото на Ендру Смит кој е норвешки композитор и е со текст на Stong wel, moder, песна од 14-от век. Сето тоа е базирано на легендата за Богородица и различните аспекти на нејзината пресветост. Сите тие аспекти совршено се вклопија во нашата програма, истакна тенорот Џулијан Поџер. Во своето 46-годишно постоење, ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики. Во Велика Британија ансамблот „Готик Војсис“ редовно настапува на фестивалите во Алдебург и Честер, на фестивалите за рана музика во Јорк и Бирмингем, а честопати гостуваат на меѓународните фестивали во Единбург и Челтнам. Нивните европски турнеи ги носат на фестивалите во Фландерс, Утрехт, Вормс, Штутгарт и Келн, како и на фестивалот „Вестфолд“ во Норвешка. Имаат остварено настапи во Израел, во САД и Јужна Америка. Покрај нивниот репертоар посветен на средновековната и рана музика, „Готик Војсис“ исто така исполнуваат и современа музика, особено дела кои во себе содржат некаква средновековна асоцијација. Голем број од композиторите на денешницата се инспирирани или врз нив влијае средновековната музика, па така честопати ансамблот прави необични и експериментални програми во кои се вметнати нови дела наспроти традиционалните програмски определби.Тагови: Готик Војсис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести28 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Случајот во Ново Село го извади на површина талогот на СДС кој Филипче ги нарекува децаТоа се возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани.Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС. Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога. Тоа е иднината која предавничката СДС и Венко Филипче им ја нуди на граѓаните, насилство, криминал и лица корисници на наркотични средства, какви што има во највисоките партиски редови. Внукот на Заев, Христијан Ефтимов и неговиот другар Илија Стојанов се условно осудени на казна затвор од една година и шест месеци поради насилство врз странски државјани во Струмица. А, тоа и сами го потврдија со секојдневните изјави. Овие лица не можат да се претстават како жртви, тие се производ на талогот на СДС, кои сметајќи дека се деца на Заеви можат да прават што сакаат, кога и да сакаат без за тоа да одговараат. Кога политичари како Филипче застануваат зад вакви лица и се обидуваат да ги претстават како жртви, јавноста има право да праша, каква порака им испраќаат на младите и какви вредности сакаат да наметнат како модел на однесување? Со такви ликови не се гради држава и таква иднина на Македонија и на македонската младина не им треба. Граѓаните не сакаат политика во која блискоста со моќни политички семејства создава чувство на недопирливост, не сакаат релативизирање на насилството, не сакаат двојни стандарди и, што е најважно, не сакаат враќање на политиките од времето на СДС и Зоран Заев. Талогот на СДС не може да биде вредносна норма и нема место во новата политичка и општествена реалност. На талогот од СДС местото им е далеку од политика и граѓаните, како на неколкуте последователни избори, така и на следните, кога и да се случат, ќе ги испрати не само во уште подлабока опозиција, туку во политичка историја. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook